1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Загуба на домашното милениче

Дискусија во 'Дом' започната од CrazyStupidLove, 28 мај 2012.

  1. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Како што приметив на форумов има многу љубители на животни, па сигурно некои од нас веќе се соочиле со загуба на најверниот пријател - миленичето. Дали е тоа маче, куче, врапче, глувче, дали умрело од старост, го отруле или било прегазено не е важно - болката е иста.
    Како се справувате со загубата на домашното милениче? Дали постои начин за полесно да се преброди тоа? Дали постои начин болката да е помала?
    Конкретно јас се соочив неколку пати со загуба на моите миленици. Во последно време се осеќам дека можеби е и подобро да не чувам ништо бидејќи едноставно скршена сум, особено бидејќи најчесто смртта беше ненадејна и неочекувана. Болката е ужасна, буквално е загуба на член од семејството. Солзите се излишни но нема начин да се сопрат.
    Знам дека темата е доста тажна и потресна, но можеби ќе си помогнеме заедно да ги пребродиме тешките моменти.
    Не сретнав ваква тема до сега, но доколку е дупла или несоодветна нормално редакторите нека го средат тоа.
     
  2. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Сум го доживеала и тоа повеќе пати секогаш земав маче и на 2 месеци ми умираше до ден денес не знам од што и како :worried: и реков повеќе не земам,само на душа ги носам ..и буквално на мене се осети како да сум изгубила член на семесјтвото...со недели плачев кога ке видев дека го нема да се вртка низ кујќата,дека картончето каде што спиа е празно и ред други работи ..навистина болно
     
  3. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Страшна работа. Едноставно јас се приврзувам за миленичињата како да ми се член од семејството. Досега ми се случило само папагалчето да ми умре и многу беше никакво чувството. Многу сакав папагал и за еден роденден добив, толку бев среќна поради тоа. Еден ден се сетив дека сонував сон како папагалчето ми умира и отидов да го проверам во кафез што прави и кога да видам навистина беше мртво. Мислам дека шок ќе доживеев, почнав да плачам а и мала бев тогаш. Многу тешко го поднесов тоа.
    Претходните мачиња кои ги чував мајка ми ги даде на едно место (затоа што не е љубител на животни). За тоа првото кое го чував бев многу мала и ми кажа дека планираат да го дадат во едно село, јас се противев ама успеа да ме разубедат. Утрото кога ми кажаа дека го дале не можев да престанам да плачам, липав буквално ;( . Не го чував многу долго, дали имаше една година ама сепак многу ми беше жал. После тоа чував уште едно маче и тоа го однесоа на тоа место а мене ме лажеа дека се загубило некаде па затоа не доаѓа. Секој ден се молев да се врати, плачев многу и на некој можеби тоа смешно му е ама навистина многу бев приврзана :( .

    Не знам ако се случи нешто на мачето кое што сега го чувам што ќе направам. Пошто веќе пет години го чувам и не е нималку сеедно. Мислам дека како човек ќе го жалам ако не дај боже нешто му се случи. Едноставно тоа е една од малкуте негативности кога чуваш милениче, се приврзуваш за него и кога ќе го загубиш чувствуваш како некој близок да си загубил.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Јас навистина ја прифаќам смртта или загубата како нешто кое е природно и се случува тогаш кога требало да се случи. Едноставно тоа е животот, но овој пат не можам да се соземам. Зошто сега, зошто не подоцна, зошто мене, зошто моето милениче, дали е моја грешка, можев ли да сменам нешто се прашања на кои буквално НЕМА одговор, или едноставно одговорот е ТАКА ТРЕБАЛО. И го знам тоа, го сфаќам, но не знам како да продолжам... ова ме уништува, никогаш не сум била толку погодена и тажна за ништо на светов ;(
     
  5. papagal4e

    papagal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    135
    Јас го имам преболено тоа многупати а и последно си го загубив зајачето,и тоа утка ми го удавила :@ :sweat:
     
  6. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Лелеееј девојки јас откако го изгубов кучецето, месец дена во депресија западнав. Слаоб јадев нити се смеев, а денот кога дознав дека умрело цел ден плачев. И од тој ден татко ми не ми дозволува да си чувам кученце, арно ама брат ми да ме спаси од самотија бидејќи тој не е во нашиот град, за роденден ми купи хрчак и тоа ми роди три мали хрчачиња и многу си ги сакам. Ама ако пак ќе си земам кученце, оти маченце треба дома да се чува а нема да ми дозволат. Мислам дека без милениче сум како без гаќи. Мора некоја животинка да ми се мотка наоколу. Овој период кога бев без милениче, ептен празно ми беше. Абе ги обожавам беее!! :inlove:
     
    На papagal4e и CrazyStupidLove им се допаѓа ова.
  7. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Пред две години во рок од една година оставав без две мачиња. За кратко време беше и со двете, но премногу се поврзувам како со луѓето,така и со животните. Првото ми го згазиле пред куќа зимата, и татко ми го дигнал и исчистил се,ама јас поврзав дека има крв на улица (прво викав да не е боја некоја) и мачето го нема недела дена. Јас викав по него, не се откажував и на крај ми признаја за да не се нервирам повеќе. А второто го зедовмо веднаш пролетта и го имавме до есента. Потоа му снема секаква трага. Цел месец го барав низ маало и го довивував, но безнадежно. :(
    Порано имавме и куче цела една ноќ :D Малечко беше и многу цивкаше и мораше да се врати кај мајка му. На крај се испостави дека е болно и по пола месец умрело.
    Летово сакам да земам пак маче но се плашим од помислата што ќе биде со ова. :D пу-пу-пу
     
  8. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    devojki da ne ste videle crno mace vo dracevo se odzivana imeto mise,ne e mnogu divo ima belo ''srce''na meseto i pod miskite.Sleduva nagrada za ljubitelite na macki i malo zensko mace
     
  9. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    јас имав пекинезерче го чував 12 години и ми умре незнам од што од старост сигурно го приметив дека бега од мене се криеше во грмушки и одвај одеше приметив нешто ај си викам не е вистина :^) и баш си го галев тогаш и утредента свекрва ми ми кажа дека ми умрело и дека го закопале во двор јас прво и се налутив зошто не ме викнаа да присуствувам ама и може било подобро така зошто цели 6 месеци го жалев и плачев неможев да го преболам се осеќав како човек да ми умрел и си реков КУЧЕ ВИШЕ НЕЕЕ!!! ма ни маче ништо неможам да издржам кога ќе им дојде денот и еве скоро 2 години и више сум без милениче
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Читав во книгата „Ти животно, ти човек - кој има повисоки вредности?„ дека и животните имаат душа, која што во однос на човечката душа е сеуште во фаза на духовна еволуција. Кога поради дејството на природните закони или евентуално поради насилно однесување на човекот, душата на животното не може повеќе да го користи своето „возило„ - телото, таа го напушта и го продолжува својот духовен развој во за нас луѓето невидливата димензија. Таму нема страдање и потешкотии бидејќи факторот човек не игра улога и важат поинакви законитости отколку на земјата.
    Болката поради загубата на верниот пријател треба да ја предадеме на Бога во свеста дека животот е вечен и дека тој продолжува во отадестраното.

    Исто така би било пожелно да се преиспитаме каков беше нашиот досегашен однос кон животните и каков сакаме во иднина да биде. Имено, поради извитоперните вредности на човекот (прехрамбена индустрија, експерименти со животни, забава како на пр. циркуси, зоолошки, аквариуми и тн.) безбројни животни низ Земјата неизмерно многу страдаат. Животните духовно гледано не се наша сопственост, тие му припаѓаат на големиот Сè-Дух, вечниот Живот. Она што луѓето им го прават на животните си го прават себеси и порано или подоцна им се враќа, добро со добро, лошо со лошо.

    [​IMG]
     
  11. princessara

    princessara Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    многу мачиња имам чувано до сега но ниедно о днив не преживеа сите ми ги трујат и затооа се одлучив да земам куче барем да лае цел ден хаха поздрав запомни едно кучето е наверен другар на човекот :worried:
     
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.077
    Допаѓања:
    20.829
    Пол:
    Женски
    Јас да пролетта ми умре мало кученце, женско, имаше 2 месеци, ми го изгазија на улица пред куќа ;( и цел ден плачев. ;(
    Исто така едно маче што го подарив (го посетував кај луѓето) и него го изгазила кола ;( ако не беше со мене 3 месеци јас пак си го отплакав. Срце мое преубаво беше, и тие убаво го чуваа дома, ама ете излегло прв пат на улица и несреќа...
    Неможам да замислам нешто да му се случи на срцкиве дома што ми се 2 мачки (мајка и син) и 1 куче надвор него го чуваме. Многу се приврзувам. Пролетта кога мачката се пареше ја немаше 3 дена и празно ми беше многу, а не пак да ја изгубам :o пу пу скраја да е :lol:
     
  13. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Ау сум загубила неколку маченца,имав повеќе и ми ги труеа ;( Таман ќе го израснев оп ќе го снемаше.Си чував една мачка 4 години ,се омачи па првите мачиња ги раздадов,а вторите решив да си ги чувам.По две недели откако се омачи ми ја снема,односно ми ја отепа комшијата :devil:.Им давав млеко 4,5 пати дневно со шприц за да не ми умрат се додека не почнаа да јадат сами .Откако подпораснаа малку почнаа да шеткат и едно по едно почна да ги снемва.Знаев дека е комшијата,го замолив да ми ги остави.Ептен се приврзав за нив и си плачев ептен кога ми ги снема.Го замолив да ми остави едно и фала богу,ту ту машала да не го заречам еве веќе 3-та година е кај мене Буци и секој ден си се галиме :inlove: :D .
    Ко бев мала имав едно куче Белко кое што сама им го однесов на моите и кога ме виде мајка ми ваква беше :o :D .По долго убедвање ми дозволија да го чувам во дворот,си го капев,сегде идеше со мене,ме чекаше надвор и пак се враќаше со мене .Еден ден ми го снема :doh: :worried: ,но по некое време се врати и беше некако бесно,почна да каса луѓе ,па моите го однесоа на село,а мене ме излажаа дека го носат на ветеринар ;( .Ми фали и ден денес Белко мој,ама сега лудории си прајме со Буци :D
     
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.074
    Имам изгубено неколку мачиња,а после последната загуба заклучив дека нема повеќе,јас многу си ги сакам мачињата ептен ми се мили и се приврзувам за нив.Претпоследниот мачор,ми го убија на првата негова прошетка надвор,си го чувавме дома,ама ете кога реши да се прошета само две-три куќи подолу заврши трагично.......мајка ми не знаеше како да ни каже,ама знам дека неколку дена плачев како да сум изгубила близок.Ако ви се верува,не станав од кревет нонстоп мислејќи дека ќе ми скокне од некаде мачорот мој :inlove: Колку го сакав и вечно ќе ми фали...........
    После една година,случајно кај нас се нацрта едно малечко,гладно маченце,јас не можев да останам рамнодушна,па го прибрав.Се деси да бидеме во Скопје на викенд,немаше никој дома,па на комшиите децата го фатиле и го шутирале дури не умрело ;( Исто,мајка ми не сакаше да ни каже,ама ете тука се комшиите нели......
    Ги мразам луѓето што убиваат животни,бездушници :@
    После ова ,не чувам веќе.Ги сакам многу,секогаш им давам храна и галење,ама навистина тешко ми паѓа нивната загуба :doh:
     
  15. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Koлку мачиња во рака ми умреле само јас си знам.Дали отруени,дали болни,дали премали па без мајки што ке ги фрлат на улица а јас одма ги зимам... ;(
    Сега од пред 3-4 месеци ми го нема мачорот,што го чував 7 години,и уште ми се плаче,и сите викаат дека еден човек го отрул,зашто предходно со железни дијаболи го маваше,за што? За ништо,едноставно му диши главата...Сто пати го проколнав ако е он,бел ден да не види и да му се врати на најмилото зашто само јас си знам како го сакав тој мачор,и дека ни беше како дел од фамилијата....
     
  16. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.490
    Допаѓања:
    8.288
    Пол:
    Женски
    на мене пред две седмици ми умре мачорот,таа ноќ имаше невреме а само него го немаше дома,плашлив беше многу.
    утредента татко ми го најде во дворот умрен,не е отруен сигурно ниту гром го удрило,беше стар околу 7 години,многу беше здебелен и тагуваше по мачката на комшиите оти таа не го сакаше :lol: .како и да е ми падна многу жал за него,сепак беше како член на семејството :!: .
    ни остави негово синче како спомен :)
     
    На homealone му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Да имаш домашно милениче е исто како да имаш уште еден член во семејството. Мајка ми секогаш ми зборува "Леле што ќе правам ако ни умре кучето, леле ти зборував да не чуваме милениче, ќе се приврзам ќе ме потресе ако му се случи нешто". Некогаш човек може повеќе да се приврзе за милениче отколку за друг човек. Тие се бре животинчиња со чиста душичка, секогаш спремни за игра, душички. Те милуваат кога си тажен, а па кога се смееш се вртат околу тебе пробувајќи уште повеќе да те развеселат...
    Јас, сум изгубила едно куче до сега. Многу ми беше тешко. И сега, недај Боже нешто да му се случи на кученцево што го имам. Премногу се приврзав, не сакам ни да помислам на тоа.
     
  18. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Јас имав доста мачки некој ги дадов некој ги чував , братучед ми имаше мачка јас мачор и си правевме семесјство никогаш не ги делев сите ги сакав , но мојот Лео беше нешто посебно ем подарок од другарка која прмногу ми значи еден ден го снема не се врати поминаа 3,4 -6 дена и кога видов дека го нема савтив дека некој ми го отрул и си плачев како мало бебе. И на крај после долго време дознав кој го отрул и сега си имам друго мачорче Том
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nirvanaholic

    nirvanaholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    147
    Имав куче кое ми умре пред еден месец. Се викаше Енџи. Ми беше поклон за мојот прв роденден. Ми беше најдобрата другарка. Можеби сум смешна и звучам глупо, но ми беше како сестра. Бев толко приврзана за неа. Беше многу стара и болна, неможеше убаво да дише и да јаде. Многу се мачеше. Пробавме со секакви лекови, но не се излечи. Ден после нејзината смрт почуствував дека ја нема. Ја прашав мајка ми и ми рече дека умрела. Во тој момент како цел свет да ми се сруши. Многу ми беше тешко. Ми беше единственото нешто од детцвото. Ми беше тешко да прифатам дека повеќе ја нема.
    ;(

    http://www.youtube.com/watch?v=K5_EBAzIPJM
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cherry-on-top

    cherry-on-top Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    45
    Сум претрпела еднаш таква загуба, пред 2 години, и беше страшно... Имав кученце кое се викаше Бруна и ја добив како подарок за 6-тиот роденден. Растеше со мене добри 6 години и ја сакав повеќе од се и многу се приврзав за неа, а и затоа што немам браќа и сестри, цело време со неа си бев. Во 2010, некаде ноември се разболе од демодикоза. Ја носевме по ветеринари и се тоа и и даваше инјекции и ни рече дека сега засега е во ред. И навистина беше. Зимата ја помина добро и без проблеми. Кога дојде април 2011 се почувствува отстуството на нејзината енергија. Ја немаше да трчка низ дворот, да скока кога ќе си дојдам од школо. Се тешев и си велев дека е само некој грип или нешто, бидејќи и се случуваше некогаш да се разболи и за 4-5 дена се да биде в ред. Но овој пат не беше така. Таа со тек на времето престана да јаде и да пие. Влакната почнаа многу да и паѓаат и тоа беше знак дека демодикозата се вратила и овој пат сериозно. Со секој ден таа беше се по истоштена и се по тажна. Цело време лежеше и се мачеше, јадењето и го сечкавме на најситни можни делчиња и и ги давав право во устата бидејќи немаше сила да стане и да јаде. Незнаев што да направам да и помогнам и секој ден плачев и плачев и плачев. Го прашавме ветеринарот дали има некој спас и тој рече дека ќе проба со некој лек, но тоа го кажа само за да не продолжам да плачам, затоа што сите веќе знаеја дека нема спас, но сепак јас бев 12 години и сеуште дете. Беше први мај и докторот ни рече да одиме на мај и да не се секираме, дека тој ќе ја земе Бруна кај него и ќе и го даде лекот а и право ќе ја прегледа убаво. Јас се усреќив, сепак беше лесно да ме прелажат, и отидовме на мај. Кога се вратив Бруна ја немаше. Баба ми ми рече дека умрела пред да дојде докторот, а кога дошол тој ја зел со себе. Бев шокирана и незнаев како да изреагирам. По цели денови плачев, а плачеа и моите. Таа беше член од семејството. 2 дена не одев на школо бидејќи неможев да ги гледам сите расположени и без маки кога јас се чувствував толку осамено и празно. Потоа ни јави еден пријател дека од кученцето кое сме му го дале од Бруна имал малечки и ни понуди да земеме едно. Јас сакав, бидејќи сепак неможам без куче, а сакам да имам дел од Бруна со себе, и го најдов во Џени, мислам, сепак и е внука. Иако се поминати веќе 2 и пол години јас никогаш нема да ја преболам. Секој ден помислувам на неа, а и сега кога ми се врати филмот плачев додека до пишував ова. Ми фали многу, но и многу сум среќна што и овозможив добар дом и убав живот и и благодарам мојот што го направи прекрасен :l:
     
    На Marossa, Papillon.Papi и Avenged им се допаѓа ова.