Ја отворив темава зошто сакам и ваш совет. Живееме со маж ми во куќа каде што не сме сами со нас живеат и чичко му и стрина му а ние сме во една соба девер ми во друга и свекрвата во трета е сега мал ни е просторот а имаме викендица во брњарци направено е до негде меѓутоа треба да се доправи е сега не знам дали да одиме таму да почнеме да доградиме или да седиме кај што сме па да видиме дали ке искочи некоја друга шанса па дали вие би одлучиле да седите таму малку е ризично има албанци ама веке кога нема каде да се оди поубаво е да сме сами отколку сите на куп.фала уште еднаш и чекам ваше мислење.позззз ____________ Која е разликата помеѓу живеењето во село-град? Каде сакате повеќе да живеете или би живееле доколку би имале можност? Дали полека, полека селата ќе исчезнат и од рурални средини ќе станат урбани и тие и поимот село засекогаш ќе исчезне и ќе нема буквално доволно зелени површини за вдишување чист воздух ? Дали се исплаќа да се живее во село кое е на голема оддалеченост од градот ? Кои се придобивки, а кои недостатоци во живеењето во село, а кои во градот? Пукајте .
Мн е далеку од центар, а претпоставувам дека одите на работа. Во право си има мн Албанци. Мн зезната ситуација, незнам што да ти кажам. Ни да одите таму не е некое решение, а ни па да останете сега каде што сте... Ипак 3 фамилии во една куќа, незнам како се сложувате, ама тешко е да се успее да има слога. Некоја опција, под кирија за извесен период барем, гарсоњера до 100-150 евра? Па можеби ке излезе некоја подобра опција во меѓувреме. Јас да сум на твое место, не би живеела таму, стварно има мн албанци. Не дај Боже да пукне, ке нема каде да бегате што се вика, а ке си ги потрошите парите за доградување на викендицата.
Јас сум за.Зошто да не си бидете сами со сопругот, наместо со 3 фамилии во една куќа, ептен е гужва.Иначе знам каде е тоа село и да ти кажам со кола мене не ми е многу далеку од центар.Знам многу луѓе од таа околина и ги гледамдека си функционираат за работа и училиште секојдневно во Скопје.Е сега ако се решиш за живот таму имај на ум дека во голема мерка ќе ти се смени начинот на живот, ама тоа ќе биде цената!!!Само размисли дека нема кафе со пријателки иди ми дојди ми кога ќе ти текне.Додека се наканиш да дојдеш во Скопје ќе се откажеш.Убаво размисли!!!
Не. Ајде да имаш веќе нешто готово таму да пробаш, ништо не губиш, ама цела инвестиција за проба - според мене не. Ако веќе имате финансии за да ја доградувате, подобро земете под кирија нешто поблиску, или купете некое мало станче Да се разбереме, не сум против живеење во село. Ама на овие години, никако. Не спомна деца па предпоставувам дека сега скоро сте земени, уште сте млади за да се затворите на такво место. Многу е подобро низ град за работа, а и во скоро време коа ќе имате деца многу полесно ќе биде и за нив ако живеат до место каде што имаат школо, каде можат да излезат без да патуваат цел саат. Штом сте сами двајца сега почекајте уште малку, тесно може ви е, ама има време, не се брзате никаде, ќе се појави сигурно некој добра шанса. А и на крај краева викендицата си стои таму, не мрда. Не инвестирајте предвреме
Мене па не би сметало каде ќе живеам. Три фамилии? Судир на толку различни генерации и мислења. Не би вложила во тој дом ( во викендичката ) освен неопходното бидејќи би ги чувала сите ресурси, резерви за да се тргнам на страна. Отсекогаш сум сакала никој да не ми се меша и да живеам сама. И секој кој ќе ми дојде на гости да ми дојде најавен затоа што тоа и го практикувам. А замислете ја оваа ситуација. Пријатели на чичкото, стрината, свекорот, свекрвата, деверот. А во иста куќа, нели секој од нас сака да си има приватност, фино да си се искара, да си викне, да води љубов слободно без да вика потивко, потивко, ќе не слушнат. Дали сите овие работи би можеле да се платат или да се заменат со далечината, односно со одалеченоста од Скопје. Јас на пример сакам дел од времето кога сум дома да си шетам по спаваќа. Ај види го тоа тука, нигде не се уклопува.
izaaaaa значи разреши си што сакаш, Живот на село, сама со маж ти, станувате кога сакате, јадете кога сакате, спиете кога сакате,водите љубов кога сакате и каде, си имаш соба за гости, спална соба, кујна, двор, природа, чист воздух едноставно си имаш слобода, што е подобро слобода, мир, интима или град, една соба и судир на генерации и карактери во една куќа каде што живеаат 6 луѓе. Како што велиш и самата дека селото не е далеку од центарот мое мислење дека не треба да се мислиш многу, сепак ти најдобро си знаеш како сакаш и колку ти се можностите да ја доуредиш викендичката и еден од најголемите проблеми како што велиш ти албанците како се односите таму албанец-македонец дали останатите македонци имаат проблеми (доколку ги има , бидејки не го знам селото). Поздрав и пиши ни што си решила
Ама не е изборот сега или никогаш. Ако почека уште малку може да ги добие и двете работи, и во град и сама. Зашто да избрзува сега, па да се кае некој ден....да си ги потроши финансиите што ги има сега и на крај да сфати дека не требало така. Нека почека, и времето ќе си покаже
Град- како тоа гордо звучи...цццц Само во Македонија на жалост....во другите земји во центарот е стационирана сиромаштијата, да го диши смогот и да не плаќа за превоз, нели.... Додуша и кај нас е така, а град, центар се пукаат у груди луѓе на кои тоа им е најголемо ,,достигнување,, во животот, т.е по игра на случајноста, се стиска у 40 квадрати, 6 луѓе, мизерува, ама во град е бе, во центар, у аеродром.....ах македонче ништожно.... Значи, само од еден аспект би ти рекла да размислиш дали да одиш таму, од безбедносен...се друго игнорирај...оние што ти викаат близу , далеку, па да се заробиш во село на овие години, игнорирај ги....не е заробување, ако имаш возило, колку 30-40 мин се вози од таму до центар и шо???? Кога ќе ме испофаќаа сите семафори до аеродром си одев 30 мин... Јас сум моментално во центар, да блиску ми е работата, ама кога ќе си дојдам се заробувам во 50 кв...имав два стана во центар, ама едниот го продадов за да направам куќа во Радишани, во другиот се свекор ми и свекрва ми...зошто?? Затоа што ќе возам 20 мин повеќе, ама ќе дишам воздух...ќе се ширам во палата (голема куќа де), а со тие пари во центар се купуваше станче од 50-60 кв...а двор? а воздух? а мир? а тишина???бесценето... Денес само оној кој неможе да си дозволи поинаку, се стиска во 40 кв. и диши смрт.... Разгледај од безбедносен аспект, ако е се во ред (мада никаде нема гаранција дека се е и ќе биде во ред, зарем Чаир да си???) и да си уживаш, сама, да си се шириш во куќа и дворче, да си дишиш воздух, и децата да си дишат воздух...а со интернетот, телефоните и тн...разликите село град веќе и да не постојат, освен 15-20 мин возење повеќе.....
Значи вака тоа село да го наречам не е баш село мн. е убаво чисто мирно има луѓе живеат таму си има автобус од таму до град ми е 20 мин со кола ја и така и така кај што живеам ми е 20 мин со кола не некоја разлика моментално сум во ченто а работам во чаир да ви кажам и немам некој проблем со албанците тука.јас сега за сега мислам дека е поубаво и така се затоплува да одиме некој месец и да видиме како ке функционираме дали ке ни биде добро и на двајцата деца уште немаме 2 год сме во брак јас сум млада 23 год маж ми исто млад 27.па да видиме што како.а вака стварно не се издржува и да нејкеш да се скараш па ке има некоја причина за нешто да се фатиш па ке пишам што како сме одлучиле поздрав и секое добро.
Иза јас колку што знам тоа село е убаво и јас лично би живеела таму. Ќе си имаш дворче, бавчичка ако сакаш да си работиш. Не знам зошто сите толку трагично го сфаќаат поимот село, денес нема села како во минатото без вода, тоалет и не знам ти што. Ако можете да си ја направите викендицата подобро таму отколку да се стискате во една соба и да си немате слобода со сопругот.
Нема никаква врска што е село. Јас живеам подалеку од центар, во голема куќа, огромен двор Најбитното- мир тишина, спокој, кои во центар и да плаќаш нема да ги најдеш. Дечко ми живее во строг центар и?? Коли му поминуваат под прозор, цела ноќ бучава, кафе во двор на раат нема пиење. Ако ви одговара со работата и кога веќе ок живееш со албанци, зошто да не? Подобро да си сам свој газда, отколку со 2 фамилии во една куќа.
Изааа добар ти е планот,кога ке се стопли одете со сопругот ,пробајте да живеете во викендицата па сами ке одлучите кај ке продолжите да живеете.Искрено јас живеев во Центар-нон стоп коли,бучава,смог со еден збор ужас,сега се верив и живеам во Радишани и да ти кажам супер е,помирно,воздухот е почист,а и за 15-20 мин. сум до Центар-ама верувај дека е пододбро.Па во Европските земји сите бегаат подалеку од Центрите,живеат во периферија па и они функционираат.ОДи пробај месец,два,три ако ви е подобро со сопругот не се мисли,останете и живејте си ,најважно е на вас двајцата да ви е ок,па ке пишеш како се снаогаш во новата средина
izaaaaa воопшто не размислувај, сега таман ќе се стопли и средете си ја викендичката, доградете ја и преселете си се таму. Искрено незнам кое село е тоа но како што викаш ти, таму било убаво, па затоа не гледам причина зошто 3 фамилии да се тискате во една куќа. Ех да знаеш што убаво ќе ти биде таму на село, ќе си имаш рај и свој мир и едноставно многу слободно и мирно ќе се чувствуваш. Еве јас живеам во Скопје во центар и катастрофа е во центар, коли еден куп, гужва, воздухот е ненормално загаден. Исто така и ние имаме викендица во Волково, тоа село Волково не е воопшто далеку, се наоѓа после општината Ѓорче Петров ( поточно 10 километри оддалечено од центар на СК) и да ти кажам одиме таму секоја сабота/недела и јас буквално уживам кога сум таму, природа, зеленило, мир, се има што е потребно за совршен живот. Така да, не се мисли многу и преселете си се, и ќе си уживаш таму
Мислам дека никогаш не би можела да живеам во град, да немам каде да излезам да испијам кафе на раат, да не можам да дишам чист воздух, да бидам затворена постојано во 4 ѕида. Јас живеам во општина Илинден и никогаш не би го сменила местото на живеење но изгледа ќе морам откако ќе се омажам. Местото воопшто не личи на село од типот кој си го замислувате повеќемина, дури може да му подзавидат многу скопски населби. Последниве 5-10 години многу се разви особено на економски план. Во се се вложува, се развива. Сега сите плански прават куќи, имаат убави средени дворови, зеленило. Уживам кога ќе излезам во двор и ќе седнам помеѓу мирисот од цвеќињата, сенката на дрвјата и играта на моите мафијаши-мачињата. И да не пијам кафе, и да не правам ништо, јас медитирам гледајќи во зеленилото и дишејќи чист воздух. Izaaaaa знаеш и самата како е, Ченто не е ништо поинакво од моето место, дури кај мене е поубаво , не знам какво е во Брњарци, но би ти препорачала да се тргнете на страна да се осамостоите и да си формирате ваше семејство. Така повеќе ќе се почитувате со сите со кои сега живеете во заедница. Ако е ваш имотот во Брњарци и ако не ви се допаѓа мулти етничката застапеност, продајте ја викендицата и купете плац на некое друго место, Ченто, Маџари или кај мене комшики ќе бидеме, на кафе ќе си одиме.Па ако работите двајцата ќе почнете и куќа, а можеби и ќе го фатите Законот па ќе си ја легализирате без пари
Е колку сакам јас да си живеам на некое мирно место во природа и да имам кукичка и кученце Во градов се загадено, воздухот катастрофа, коли, гужви ужаси
живеам 20 год. во центар,а како девојка живеев во тафталиџе 2.Пред 20 год да живееш во центар имаше предност тука беа бутиците,кафулињата,дискотеките итн.Но сега сегде има се.Според мене сега само неизживеаните се тепаат да купат стан во центар и даваат огромни пари.Во градот е неподносливо живеењето.Во село е многу поубаво но штета што државата ништо не прави за нив пр. водовод улици итн.
И јас ти препорачувам што подалеку од центаров.. Живеам во Кисела Вода, и да освен што одам пешки до центар, друг ќар немам. Сите паркови ги пополнија со згради, нема никаков план на градење, гужви се. Катастрофа.. Се би дала да имам куќа, двор, многууу цвеќиња и кученце. И да си живеам сама со мажот, без разлика каде. Инаку, имам другарка што живее подалеку од центарот (и тоа многу подалеку од Брњанци) и ништо не и фали. Функционира исто како сите. Уште малце да го средат јавниот превоз и сите ќе бегаат подалеку од Центаров. А за албанците.. Не треба да се плашите. Сега албанци има секаде, во скоро секоја населба, и мора еднаш да се научиме да живееме заедно.
Живеев во Аеродром таму имам огромна куќа, двор поплочен, голема зелена површина, гаража, убава ограда, шпајз до куќата абе имаше се. Се преселив пред многу години во Карпош 4 во стан и куќата ја издаваме но како и да е ќе ги рушат куќите таму и ќе ни дадат 2 големи станови во новите згради. Фактички, современото општество подразбира згради според мене што не ми се допаѓа баш. Веќе ретко каде ќе најдеш куќи, Тафталиџе, Влае и Ѓорче пример, додека во Аеродром се стремат кон згради. Во Карпош ми е убаво од причина што и тука ми е се блиску иако Аеродром е поблиску до центар мислам 10мин пешки споро одење ми беше до ГТЦ ама ај. Некако Аеродром го гледам како приказна за себе, од другата страна е, додека Карпош целиот заедно Капиштец од една страна кој е блиску до Центар заедно е со Влае, Тафталиџе па блиску е и Ѓорче како некој синџир додека Аеродром го поврзуваат со Лисиче иако се блиску има огромна разлика Би живеела во мојата куќа во Аеродром, но за жал тоа ќе бидат станови па кога би бирала Карпош си е Карпош опколен е со многу цивилизирани населби некако како срце на градот го гледам! Во село никогаш не би живеела, иако одам од што морам и тоа накај Мијачијата чист воздух прекрасности не викам не, ама не сум јас за тоа.