Прочитајте го ова иако е долго верувам дека ќе се замислите ... 1. Нема докази дека постои бог - неколку илјади години никој не успеал валидно да докаже дека постои бог. Зошто бог се крие? Најверојатниот одговор е - затоа што не постои. 2. Бог е несфатлив - Што е бог? Само едно сведоштво на непознавање на нештата. Како она што е несфатливо, необјасниво, може да ни го објасни тоа што не го знаеме. Ако бог постои, кој го создал? Според повеќето од светите записи тој многу личи на човек, значи може да се сомневаме дека тоа и е. 3. Религиските догми се во контрадикција со она што секојдневно ни се случува - Човекот знае дека ќе умре и нема ништо после смртта. Зошто да се обожува бог кој го казнил човекот само за еден грев, толку перверзно суштство кое создал човек, ама и јаболко за да го искушува. Зошто да се одбере оваа религија, а не некоја друга? Злото постои, а бог е сведок - пасивен е или немоќен? Страдање и смрт на деца - невини по дефиниција, зошто ништо не прави. 4. Она што го ветуваат религиите е преубаво за да биде вистинито - премногу лесно ни ветуваат се што ќе посакаме - вечност, да ги видиме повторно оние кои сме ги изгубиле, прошка за она што сме го згрешиле... 5. За да се чувствуваш слободен - да се нема илузии, кон која и да е догма. Да се одбијат готови решенија. Зашто да клечиш и да се понижуваш пред нешто чие постоење никогаш не е докажано е апсурдно, безвредно за Човек. За да не се биде манипулиран. 6. Поради негативното влијание на религиските организации - го поттикнуваат религискиот фанатизам и нетолеранцијата. Конзервативни се и против прогресот. Поради религиските војни и Инквизицијата. Христијанството учи на резигнација, на покорност. Сојуз со политиката за сопствен интерес на религиските водачи. Штетното влијание на религиите на секое општество. 7. Прогресот на науката - прогресот на науката секој ден отркива докази што ги објаснуваат појавите што човекот често им ги припишувал на божествата. Бог е оттурнат на маргините, таму каде што науката се уште не стапнала. 8. Има луѓе кои живеат добро, дури и без бог - Вербата спасува! Од што тоа спасува? Неверниците не се чувствуваат изгубени. Не им треба да бидат спасени. Бог нема практична употреба, не е потребен за да се биде среќен. 9. Поради хуманизмот - да се разбуди свеста дека основната грижа е човекот и иднината на човештвото, како тој да се направи задоволен, а не да се задоволува некоја илузија (бог). 10. Да се биде свесен дека не се подлегнува на полесни решенија - многу е потешко да се биде атеист и да се соочиш со проблемите, отколку да си верник. 11. Хумор тест - многу е полесно да се прават шеги за верници отколку за атеисти. Едвај чекам да чујам некој виц за атеисти што навистина може да ме насмее. После сите овие 11 причини, доколку подразмислите малку ќе видите дека едноставно кажано „господ“ не постои. Ова цркви, господ и сл. верски заебанции се е тоа измислено за „перење“ пари, но од ден на ден се повеќе и повеќе на луѓето им доаѓа паметот дека господ не постои!)) И сега ве молам кажете го вашето мислење
Извини што вака ќе речам ама според мене ова се еден гооолем куп глупости.Ако Бог не постои тогаш како се создало ова во што веруваме?Според што се напишани Библијата и останатите свети книги?Велиш неверниците не се изгубени....Како е можно тоа?Ако не веруваш во ништо тогаш за што се бориш во животов?Од каде ги имаат стекнато тие принципи и морали твоите родители и нивните предци за да ти бидат тебе пренесени?Сигурно не биле најдени на улица....Едноставно кажано Бог според мене постои и ништо не е чиста случајнот и не се науката може да објасни.И сметам ако не веруваш во ништо и никого си изгубен....
Ах темава... вечна дебата и полемизирање од кое да ви кажам искрено ми е преку глава. Толку многу аргументи во групата „за“ и „против“, нема крај... Едноставно - секој нека верува во што сака. Јас сум верник и потекнувам од религиозно семејство каде има неколку свештеници, од мала сум на таков начин воспитувана, така што ми е тоа веќе влезено во крвта. Почитувам и туѓи религии, сум била и во други верски храмови, но првенствено ги сакам религиите бидејќи сите учат на мирољубие, благосостојба, љубов, простување.
Потполно се сложувам со вас Јас ова случајно го најдов на Фејсбук и сакав да го споделам со вас Да чуеме ( да прочитаме) секакви мислења Сепак ВЕРУВАМ во Бог имам Слава на куќата и не верувам дека Бог не постои Ајде да слушнеме и друго мислење Поздравче и бацки
Во врска со темта јас само би го цитирала следново : Ако постои Бог, атеизмот за него е помала навреда од самата религија - Edmond De Gonkur Не верувам во теолошки Бог кој го наградува доброто а го казнува злото - Albert Einstein
Епа ајде Атеисти објаснете ми го вие настанувњето на светот и човекот кога не Христијаните имаме неосновани докази или ќе се држите до теоријата на Дарвин дека настанавме од мајмуни? Секој има право на свое мислење а моето е дека Бог постои и вербата во него ме турка напред.Еве го моето мислење за секоја точка: 1.Па ако имаш налетано на некоја верска книга ке воочиш дека Бог се има појавено како глас,преоблечен во човек чие лице не се гледа,оган и сл. 2.Според повеќето од светите записи Бог е душа а ако е душа би требало да е проѕирен да не речам невидлив. 3.Човекот знае дека ќе умре ама никој не се вратил а да кажи дали има нешто па можи само да се претпостави.Можи комотно да си одберете друга религија никој не е обврзан дека мора да ја земи Христијанската.Злото постои одамна има и објаснуванје како настанало ако имаш слушнато за анѓелот кој сакал да се прави Бог јасно е што мислам. 4.Постојат претпоставки дека постои вечен живот и да преубаво е за да биди вистинито ама мене ми е уште поубаво да верувам дека еден ден ке ги видам повторно оние кои сум ги изгубила. 5.Се чувствувам прилично слободна.И да сите ние сме клечеле,клечеме и ќе клечеме пред нешто безвредно (мислам дека бев доволно јасна пред што ) 6.Библијата никаде не наведува дека Црквата и политиката одат заедно.Тие два различни поими не треба да се мешаат а ако некој ЧОВЕК решил да ги меша негов проблем. 7.И науката нема конкретни одговори за вечните прашања така да ко ке и потврдат со факти ке вреди да се полемизира. 8.А ги има и оние кои живеат лошо и без Бог и оние кои живеат лошо и со Бог.Вербата во Бог претставува надеж. 9.Човекот и правилното развивање на човештвото се вели дека го задоволува Бог. 10.Нема врска ако си атеист дека ти е потешко да се справиш со проблем.Сите имаме проблеми и на различни начини ги решаваме.Тука се работи за карактер некој појак некој послаб.Некој полесно се справува со проблемите некој потешко без разлика дали е атеист,христијанин,муслиман,будист и сл. 11.Ако не постоеше Господ немаше ни да има атеисти. Атеистот неможе да го најде Бог од истата причина поради која крадецот неможе да го најде полицаецот. (не се баш вицеви оти за тоа не ме бидва многу многу ама нешто слично) Црквите не беа измислени за перење пари. Кога сака некој да си го одбрани своето (не)верување нека ги изкажи своите аргументи и нека не го оспорува она за кое што и самиот не ја знае вистината
што знам...Ама ако Господ постои/непостои зошто се замарате со факти, филозофи и ред други работи....Господ не ја создал црквата, господ не рекол кој ке биде поп...секој грешник е поп, а нели тие треба да се свети лица...зошто тогаш се грешници?? Зошто во црква се примаат да работат жени кога со добиено не смее да се иде во црква??? Како ги примаат во црква на свадба деколтирани, и во кратки миничи кога тоа Господ не го оправдува????? Господ како глас во главите на луѓето можеби постои...и подобро да се верува во тоа(иако јас лично не верувам во Господ) отколку да се верува на некоја особа, од пример секта која ке ме натера да се самоубијам. Ако Господ постои, ако е толку голем и семоќен, ако ништо друго ке можеше да ни ја намали болката...Не сум атеист идам во црква, но идам за мојот брат и татко што се на другиот свет....одам зошто се кај него (Господ) а него не го почитувам зошто ми ги земал. И уште нешто, зошто господ ги одобрува браковите, кога мајката на исус ја осудиле кога била трудна...демек не била во брак а трудна е и е неморална, а господ и го пратил детето????Објаснете ми го ова, можада сум глупа па не сваќам???
*Сакаш дека црквите се само измислица? Црквата претставува храм Божји, место каде се слави тој и се посветува внимание на Него. И да, постојат вееекови наназад. *Свештеникот е човек како и сите остананти, со позитивни и негативни страни, мани и доблести. Него му е дадена посебна задача морално да ги воспитува луѓето, да им помага, утешува, моли за него и сл. Ако тој не си ја врши правилно задачата - тогаш сите гревови паѓаат на него, а тој секако знае што следува за тоа. *Жените кои имаат добиено смеат да присуствуваат на литургија, да пеат, да се молат, НО не смеат да ги целиваат (бакнуваат) иконите и крстовите, и исто во тој период не смеат да се причестуваат. *Па ако луѓето се свесни како треба да се облечат за во Црква, немаше да дојде до таа забуна нели? *Девојко, конфузна ми си. Велиш дека си атеист. Потоа дека одиш во црква. Потоа велиш дека не си атеист, ама и дека не веруваш во Господ, а последователно на горниот разговор веруваш во рај и пекол... Како и да е - жалам за болката која си ја претрпела и никој освен тебе не знајт какво е тоа чувство. Ќе речам дека се е со причина, минатото е поврзано со сегашноста и иднината. Причината зошто твојот брат и татко заминале пребрзо од овој свет ја знае само Господ. И покрај се, остани силна и прифати ја Божјата волја. *Фала Му на Господ што постои бракот како заедница, бидејќи ако не постоеше - во светов ќе беше не виден (неморален) хаос! Замисли, полека но сигурно тоа и настанува, во мода е заедничкото живеење но без напишан доказ и без вистинско ветување пред Господ дека ќе сте заедно во добро и лошо и тн... Не знам која жена би сакала да живее во еден таков слободен брак каде што од утре веќе слободно ќе може да биде заменета од друга жена! Ама баш слободно! Бракот е света заедница, ветуваш дека нема да има изневерувања и напуштања - иако и сега на прељубата и нема крај! Оние кои веруваат во задгробен живот сигурно знаат дека човекот пред свои очи ќе ги гледа своите гревови кои ги направил (од точка до точка), за оние кои искрено се покајал и за оние кои ги прикривал. Човекот најмногу паѓа на митарството каде што блудствувал и правел прељуба - а не се покајал. *Не верниците во тоа време не можеле да прифатат дека Духот Божји слегол во утробата на Марија за да се роди како Син Божји (затоа кога се прекрстуваме велиме: Во Името на Отецот и Синот и Светиот Дух - Амин)
Верувам во Господ и не сакам да дискутирам на оваа тема. ја сакам и почитувам мојата религија, но ги почитувам и останатите религии. И за крај-кој сака нека верува, а кој не, па нека не верува во постоењето на Исус.
Се подразбира дека секој си има свое мислење и може да верува во што сака...јас мислам дека ова е само измислица и јас сепак ќе продолжам да верувам во Бог Бацки
јас сум атеист во мојата фамилија сите се тешки верници ама ете јас сум атеист. не верувам во Господ, сите религии се измислени со една цел да се контролираат лугето. ДА земеме пример среден век свештениците им викале на сиромашните да се мачат на овој свет дека не им требаат никакви материјални добра, дека на тој свет ќе имаат се што им треба.Од друга страна свештениците биле тие што пливале во богаство. Тоа е иронија. Се согласувам со тоа дека на неврниците им е потешко. Вие што верувате во секој момент се надевате дека некој ќе ви помогне, ние не се надеваме на ништо како и да е сите имаат право да веруваат во што сакаат.
Не учат да постиме, за тие во најстрог пост да нарацуваат печено пиле...ете затоа не верувам, не еден туку сите попови...како и да е моето мислење е тоа од она што сум го видела....и среќна сум што го имам тоа искуство со црквите и поповите и што ми се отвориле очите. јас не велам да не верувате. Но, кажувам зошто се разочарав во таа верба не само ради татко ми и брат ми, туку и ради мајка ми која работеше во црква за вас божји храм, каде како услов за да остане да работи требаше да легне со попот, а кај господин господин стефан, проба да отиде и нормално он немаше време.
Атеист сум не верувам ич во господ не идам во црква а и моите не ме тераат а иначе поповите се само обични лопови и ништо повеќе
Па еве имам кажано и тоа. Не ја мешај црквата (како институција (штета што тоа е така, ама во денешно време самото општество налага се да се претвори во институција)) и Црквата како духовно светилиште. Се што правиш - правиш за тебе. Неморалните свештеници во никој случај не ги оправдувам, особено во Скопје има многу нечесни... Охрид нема такво нешто, затоа можеби и не можам до точка да ве сфатам. И покрај сите овие неправди, верата треба да остане.
За ова што викаш лопови можеби имаш право (ама не се сите такви!), но ако правиме муабет за лопови на прво место би ги ставила адвокатите. Зошто никој не се буни кога му даваат огромни суми пари нив за што? за то шо роднините се скарале поради богатство, куќа, наследство и сл.. Премногу се вложува во материјалното отколку во духовното.
Калку се поповите лопови незнам...Ама знам дека сигурно Политичарите се поголеми лопови од Поповите Поздравче До Сите
Еј зошто ги мешате адвокатите и политичарите во темава мене ич не ми е гајле колку зима политичар и имам комшика адвокатка и жената е прексрасен адвокат а платат и е леле мајко само судиите зимаат добри пари а и адвокатите со попознати презимиња а за да се обрне повеќе на духовнот во оваа држава жал ми е ама нема кадарни лица за тоа и да има еден другар вика кај мене попот во село со фиќото се вози а за во град џипот го вади па вие видете сега
Аман бе пишувај точки запирки извичници.. (форумска култура please!) Како и да е, точно - забегавме од темава - се зборува за атеистите.. оние кои не веруваат во виша сила (Бог) и кои сметаат дека после смртта едноставно се претвараат во органски материи... Кој си бил добар си бил, а кој си бил лош си останал лош - нема казнување и нема наградување! Епа, која е смислата на животот според вас???
Ауф! Интерпукциски знаци мора да има Јас едвај ја разбрав Мора да има нешто после смртта. Барем така мислам...Едно е сигурно никој не се вратил па да ни каже Па така да само ќе си претпоставуваме... Поздрави