1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Четирите јавачи на апокалипсата

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Wild.Child, 8 февруари 2011.

  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Четирите јавачи на апокалипсата се митски фигури кои се појавуваат во Библијата. Секој од нив претставува едно зло кое ќе се појави на Земјата на денот на апокалипсата, наговестувајќи крај на светот.

    Четвртиот јавач „Смрт“ во Библијата, доаѓа на бледо зелен коњ. Зелената боја е знак на тешко болните и неодамна умрените луѓе, а бледата нијанса означува гниење. Го следи богот на старите Грци – Хад, кој симболизира пекол. Нему му е дадена моќта на сите претходни јавачи, па убива со војна, глад, болести и диви ѕверки.

    Имено, деновиве на интернет кружи снимка од „четвртиот јавач на апокалипсата“ кој е снимен на улиците на Каиро, низ сиот метеж.

    http://www.youtube.com/watch?v=eg6TM_Qn ... re=related

    Само илузија или сепак доаѓа крајот?
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    ^ Нешто ми вели дека е монтажа.
     
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Во Библијата пишува дека првиот коњ е бел, вториот црвен, третиот-вран(црн), а четвртиот СИВ.
    (Откровение на Светиот Апостол Јован Богослов).
    Како и да е, не верувам дека ќе се појави по улица во некој град јавачот (пишува како по него врвел адот,и му се дала власт над четвртина од земјата да убива со меч и глад,со помор и земни ѕверови), а и доколку е навистина така би требало да е запазен распоредот на појавување на јавачите,а досега нема никакви информации за претходните.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Хм, имам препорачано филмче во врска со нив :) навистина е одличен, мора да се погледне! да бидам искрена не сум запознаена со темава бидејќи до некаде ми е страв да читам вакви работи зашто сум многу лесноверна, ама мислам дека станува збор за луѓе-коњи (пола коњ, пола човек)?? :^) барем така беше опишано во филмот :D па ако немате што да правите, глејте го! преинтересен е :lol:

    едит---- сега го прочитав постот на Вајлд, да да :D Таков беше филмот со 4 коњи.... 4тиот е најглавен итн... :)

    п.с дајте линкче од клипот :$
     
  5. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Еве што прочитав пред малку:

    Јавачот на апокалипсата на улиците на Каиро!
    Затворен е со седум печати и ја крие тајната на четирите јавачи на апокалипсата.Со други зборови - тајната за крајот на светот.Според Библиските текстови, четирите јавачи односно - Освојувањето, Војната, Гладот и најпосле Смртта - ќе го најават Судниот ден и нашиот крај.Човештвото повеќе од 2000 години живее во страв од овие кобни јавачи, а кој чека ќе дочека.На интернет со неверојатна брзина се рашири снимката на „четвртиот јавач на апокалипсата“ - снимен на крвавите улици на Каиро.
    Зеленото привидени на јавачот и неговиот коњ во галоп се издига над земјата и исчезнува во воздухот.
    Сватете го ова сериозно, или отфрлете го како уште едно оптичка илузија, но „јавачот на апокалипсата“ во Египет денес е една од главните вести на ценетите телевизиски станици како Euronews.
    :|
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    И јас мислам исто,дека е монтажа.Инаку за четирите јавачи на апокалипсата,не е ново :D со оглед на тоа што се споменати во Библијата.Мислам дека не би требало да се очекуваат јавачи, кои ги претставуваат Гладот,Војната,Болеста и Смртта, нешто што се случувало и случува во светов,затоа и реков ништо ново. Нормално се само метафора за тоа што споменав претходно,не би рекла дека се мистицизам, единствено нешто како аналогија, што е веќе споменато во врска со грчки бог кој го означува пеколот или ако се навратам на почеток, вавилонски, асирски, египетски , грчки, римски богови/ паганство.Во однос на нивното значење може да се размисли што се случува сега во светов, што би требало да претставува врв на нешто што веќе постоело.Пак доаѓам на почеток на мојот коментар, само монтажа, ништо друго ;)
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Не мора да се појави ништо за да самите сфатиме дека светов не оди кон подобро туку напротив кон самоуништување.Полош јавач и предизвикувач на апокалипса од човекот на планетава нема.И искрено мене ми е за не верување ова.
     
    На LivingGlam и Gordana10 им се допаѓа ова.
  8. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    и јас се сомневам :$ :$ :$
     
  9. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Точно така ,ние и нашиот несовладлив деструкционен нагон!
    Самите си правиме и после масовни паники - крај на светот , војни ,умирачки ,не знам што !
    Е па јас да бев Бог ,досега ќе изгубев трпение ! :swear:
     
  10. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    може некој да ми ги наброи јавачите и каква боја на коњ имаат? :)
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.041
    Пол:
    Женски
    Актуелно беше пред 4 години видеото од четвртиот јавач на апокалипсата, а што е со претходните 3 јавачи?
    Видеото и јас мислам дека беше монтажа, во спротивно ќе започнеше процесот на апокалипса и ќе имаше страшни несреќи односно природни катастрофи.
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.