Форумџика на годината

Хороскопски несовршености

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од angie, 5 ноември 2010.

  1. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Овенот треба да научи дека не секоја мисла што ќе му прелета низ глава треба да биде изговорена. Овој знак умее да го скрши духот на партнерот со отровни зборови, без да забележи колку болка предизвикува нивната потреба да бидат „газди“ во врската. Запомнете дека партнерот треба да биде крај вас, а не да трчка за да ве стигне или да биде невнимателно оставен одзади.

    Бикот може да биде толку тврдоглав што не може да направи ни најмал компромис. Понекогаш кога се во врска толку се занесени околу своите потреби и идеи, што подзабораваат дека воопшто имаат партнер. Од време на време, застанете и вдишете длабоко за да ја забележите љубовта околу вас.

    Близнаците размислуваат со брзина на светлината, но имаат проблем да се изразат кога треба да разговараат за своите емотивни потреби. Бидејќи сигурно не сте во врска со некој што чита мисли, треба да ризикувате и да го побарате она што ви треба и да му кажете на партнерот што ве плаши.

    Ракот може да држи лутина неверојатно долго време. Припадниците на овој знак имаат нежно срце, но си го комплицираат животот, како и врската, со тоа што дозволуваат да се навредат од најмалата ситница. Разведрете се! Простувањето е многу полесно кога ќе сфатите дека оној што ве сака не ве повредил намерно.

    Лавот сјае блескаво како сонцето, но Лавовите понекогаш треба да сфатат дека не секогаш се центарот на светот. Препознајте го моментот кога вашето его неконтролирано се шири и запрете пред да станете неподносливи.

    Девицата е знак кој буквално може да се самоуништи со грижи. Она што треба да го сфатат е дека кога се под стрес нивната загриженост ја искажуваат како моќно и болно критикување. Нежните Девици не ја препознаваат сопствената сила. Малку себеиспитување и воздржаност ќе им помогнат да ги намалат омаловажувачките критики и поплаки.

    Вагата верува дека сè може да се избалансира, но додека да го постигне тоа може да биде нарцисоидна и да ја наруши рамнотежата. Следниот пат кога мислите дека партнерот бара премногу од вас или дека не може да го сфатите, обидете се да ја разгледате ситуацијата од аспект на „нас“, а не на „мене“. Сторете го ова и ќе ја добиете посакуваната рамнотежа.

    Скорпијата сака да ги контролира нештата, а во врска е вистински мајстор на тивката манипулација. Скориите сакаат да победуваат, но кога се во врска треба да се запрашаат дали ги привлекува само играта или вистинската награда е освојување на срцето на партнерот.

    Стрелецот треба да сфати дека неговите вечни немир и нетрпеливост се лични проблеми, а не проблеми во врската. Штом ве избрал, вашиот партнер ги сака вашиот слободен дух и независност, но исто така сакаат да почувствуваат дека се дел од
    вашиот живот. Ако сакате љубовта да трае треба да сфатите дека одговорноста што ја носи секоја врска не е еднаква со ограничување, но мора да вклучува партнерство.

    Јарецот може да верува дека секогаш е во право, но треба да бидат отворени да прифатат дека партнерот има право да не се согласи со нив. Ако сте несигурен Јарец потребно е да сфатите дека зависноста и потчинетоста во врската не даваат вечна сигурност во љубовта.

    Независноста на Водолијата понекогаш е тешко да се разбере, па ако сте Водолија, објаснете му ја на партнерот. Не е срамота да се гордеете со некои свои ексцентрични однесувања и очекувања, но додека вие се обидувате да се заштитите од повреда, другите ве доживуваат како ладни и резервирани. Можеби не ви е лесно да му верувате на партнерот, но да не му верувате ќе биде уште поболно за вас.

    Рибите често ги изедначуваат сожалувањето и вниманието и грижењето за партнерот, и се дефинираат според теретот што го носат со себе. Риби, внимавајте да не го изгубите партнерот поради премногу драма! Кога сте депресивни имате способност да го повлечете и партнерот во длабочините на очајот. Понекогаш најдоброто што треба да го научите е да преголтате нешто или да се откажете.
     
    На ivanchos, rici.aaaaa и nela.oh им се допаѓа ова.
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Само првата реченица е точна за мене.
     
  3. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Исто и кај мене... :lol:
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Точно е, се е така како што е напишано.
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Точно е! :)

    Премногу сум критична и кон себе и кон другите. И тоа ме води кон самоуништување и нервози!!!
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Првото што го пишува за шкорпијата,контролирање и манипулација во врска не е погодено,второто е точно :) :lol:
     
    На Linn1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Освен тоа болдираното, се е точно. И за мене(рак) и за дечко ми ете(близнаци). А за лутината, напротив, мислам дека раковите брзо се вреѓаат и се лутат, ама и брзо им поминува. Мене лутината ми врви дур да трепнеш, сега се лутам по пет минутки заборавам :)
     
    На tinnalove му/ѝ се допаѓа ова.
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Да да точно е и за мене :)
     
  9. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    205
    Како рак се е точно напишано за мене :)
     
  10. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Јас Јарец -циник, сноб и рчкало.
    Сакам црн хумор и сарказам.

    Планирам ова снобовсково понашање што ме мава на периоди да го сменам...
     
    На izabela.sk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Glamour

    Glamour Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    42
    И за мене е се точно :)
     
  12. Marence.D

    Marence.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2010
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    16
    да речеме дека е точно :)
     
  13. MeLL

    MeLL Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    85
    паа.. точно е и си ја мразам оваа несовршеност но што е тоа е.
     
  14. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.612
    Допаѓања:
    2.472
    Стрелецот треба да сфати дека неговите вечни немир и нетрпеливост се лични проблеми, а не проблеми во врската. Штом ве избрал, вашиот партнер ги сака вашиот слободен дух и независност, но исто така сакаат да почувствуваат дека се дел од
    вашиот живот. Ако сакате љубовта да трае треба да сфатите дека одговорноста што ја носи секоја врска не е еднаква со ограничување, но мора да вклучува партнерство.


    хах паа добро.. можеби.. :)
     
  15. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    6.511



    Па, сега не е баш точно. :?: Ова единствено некогаш се случило кога јас сум ин а бед муд, да ја повлечам и другарка ми во тоа ама не се случува толку често.. А иначе ова го имам прочитано, од Црнобело е :)
     
  16. Pain

    Pain Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    45
    Точно и за мене (близнаци) и за дечко ми ( бик) ама баш потполно точно :D
     
  17. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Бикот може да биде толку тврдоглав што не може да направи ни најмал компромис. Понекогаш кога се во врска толку се занесени околу своите потреби и идеи, што подзабораваат дека воопшто имаат партнер. Од време на време, застанете и вдишете длабоко за да ја забележите љубовта околу вас.

    Па, зависи во кој случај :)
     
  18. kejsi

    kejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    36
    Скорпијата сака да ги контролира нештата, а во врска е вистински мајстор на тивката манипулација. Скориите сакаат да победуваат, но кога се во врска треба да се запрашаат дали ги привлекува само играта или вистинската награда е освојување на срцето на партнерот.


    леле колку е само ова точно... :x :D
     
  19. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    За партнерот се е точно и баш ќе му го прочитам ова :lol: а за мене само првата реченица :)
     
  20. dan1

    dan1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    Yesssss of coursee 8) точно еее :wasntme: