1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Индиго деца

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од anastasija85, 1 декември 2010.

  1. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    Што мислите за ова?

    Така наречени индиго деца се родени во почетокот на 20-тите години. Ги има над 10000 низ светот,а секое од нив има надчовечки способности-или се отпорни на зрачење,или имаат бета рендгенски поглед,или имаат вроден имунитет против најопасните болести.Научниците овој степен на еволуција го нарекуваат шестата раса.
    Голем дел од истражувачите сметаат дека овие деца би биле единствен човечки род кој би ја преживеал катаклизмата во светот.Многу индиго деца биле на различен начин иследувани и испитувани и резултатите секогаш се поклопувале.Некои болести и зрачења на нив делуваат многу поблаго отколку на обичните луѓе. Имаат и способност да предвидуваат.

    Индиго децата за разлика од нормалните користат 10-14% од мозокот. Голем број научници сметаат дека овие деца се родиле со тие способности поради зрачењето и мутациите во околината. Постои и верување дека се раѓаат со помош на вонземјани. Способни се да расудуваат за суштината на животот и понекогаш зборуваат за животот на марс и зошто нема живот на марс. Откаде тоа они го знаат останува нерешено прашање.
    Спрема некои податоци,Исус Христос имал ретка,модра аура,која,колку повеќе се приближувала до крстот ја менувала бојата во златна.
    Многу индиго деца не доживуваат полнолетство.Процентот на самоубиства кај нив е до 2-3 пати поголем отколку кај нормалните. Они често не можат другите да ги гледаат околу себе како рамни на нив, или предвидуваат крај на светот и не гледаат причина зошто би го дочекале. Се поставува прашање зошто некои индиго деца сакаат што побрзо да дојде крајот на светот за кој што знаеме се спротивставуваат на тоа. Дури имаат и свои групи по интернет,книга посветена на нив и сајтови посветени од нивните збунети родители

    КОЛКУ ВЕ ЗАИНТЕРЕСИРА ОВАА ТЕМА НЕЗНАМ;НО МЕНЕ МИ ИЗГЛЕДАШЕ ИНТЕРЕСНА,па ме интересираат ваште размислувања :) :) :) еве и неколку слики од ваквите деца,кој знае можеби некои од нив се околу нас???
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На angelche16, biggirlsdontcry и Celest им се допаѓа ова.
  2. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    индиго деца!!

    http://www.youtube.com/watch?v=aVO7ayyqxoQ

    ова го најдов на интернет,многу не ми се верува дека вакво нешто би постоело,ама незнам
    интересно е дека се нормaлни деца,морничаво

    не сум верувала во Марс приказни ама во вакво нешто па незнам,можеби :lol:
     
  3. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    индиго деца!!

     
    На rose60, angelche16, glosipgirl и 2 други им се допаѓа ова.
  4. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    индиго деца!!

    ти благодарам лолипоп,за убавите информации кои си ги нашла.баш ми станува интересна темава
    жал ми е за тие деца,а и слабата активност на темава ама очигледно не е интересна за другите,но нема врска.ќе најдам уште информации за нив па можеби ќче стане нешто занимливо за нив

    еве едно прашање,верувате ли во овие деца дека постојат?
    и што би им порачале?


    -за мене би сакала да ме излечат од некои болести,и да ми предскажат нешто за иднината :lol: :lol:
     
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    21.647
    Пол:
    Женски
    индиго деца!!

    Верувам дека постојат вакви деца. Би сакала да запознаам некое индиго дете...
     
    На Istata od vcera, biggirlsdontcry и Vaga03 им се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Индиго деца!!

    Имам слушнато за индиго деца, едноставно се работи за луѓе со развиена свесност и јака интуиција.Во врска со аурата, таа аура е всушност ореолот кај светците претставени на иконите, па оттаму и самото значење на зборот светец, ја означува енергијата кај човекот.
     
    На rose60, rici.aaaaa и gingerchild им се допаѓа ова.
  7. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    Индиго деца!!

    а како таа аура кај нив е плава? :yawn: :yawn:
     
  8. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    Индиго деца!!

    индиго дете
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  9. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Индиго деца!!

    Имам слушнато за индиго децата дека уште ги нарекуваат и деца на сонцето.Овие деца имаат специфични и невообичаени карактеристики од другите,по тоа и се разликуваат.Изгледа имале исцелителска моќ.Многумина сметаат дека не постојат индиго деца,но има докази дека постојат.Други пак наведуваат дека нивниот број е помал отколку што покажуваат статистиките и дека индиго децата се навистина ретки.
    Мисијата на индиго децата била да шират позитивна енергија на земјата,можеле да ја предвидат иднината и други такви карактеристики.
    Мое мислење за индиго децата е дека постојат,е сега колку од овие карактеристики поседуваат незнам,можеби некои работи се преувеличени,а некои не испитани до крај.
     
  10. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Не знам дали оваа тема е сеуште активна, ама сакам да кажам дека се сложувам со некој од вашиве постови. Имено и јас имам слушнато за овој тип ( ако може таа да ги нарешам) деца и сакам да кажам дека верувам дека постојат. Прочитав некаде погоре дека, имаат појака интуиција и сакам да додадам дека премногу се поврзани со природата , животните , здрава и чиста околина, спас на планетата Земја, натприродна сила . Не змам дали е тоа нормално, но познавам личност која за своето дете вели дека е индиго. Седиме така и во еден момент ќе се загледа во мене и јас прашувам
    ,, зошто ме гледаш така, што гледаш?
    -вели, гледам каква ти е аурата, ама ај застани по накај ѕидот, за поубаво да видам
    ,, и што гледаш?
    -вели, некако не можам убаво да видам, некако си вознемирена ,ама гледам некоја болка имаш во градите ѕе стега, ама не се плаши ќе помине
    ,, викам како тоа ќе помине, а детево ми сврте грб и си отиде, рече ке си одам во соба ми се спие


    Станувам сабајлето , ми кажуваат братучетка ми починала и тогаш ја осетив силната болка во градите.Па си се прашувам дали предвиде нешто детево ?????



    Не знам како ова да си го објаснам, дали навистина имаат и некоја натприродна сила, дали што е не знам
     
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.
  11. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    верувам дека има вакви деца
     
  12. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    И јас верувам дека постојат вакви деца. Некој погоре имаше постирано слики на дел од овие деца. Она малото девојченце со плава косичка, многу ми е познато. Како да го имам видено пред тоа. Немам видено слики од вакви деца порано, значи не може да е од таму. Не знам .. можеби сум се препознала, ама на прв поглед се стресив.
     
  13. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    [​IMG]


    јас знам за оваа девојче сега е девојка, се вели дека е индиго дете,таа се што сонува го пренесува на слика, има насликано многу чудни работи за нејзина возраст, како на пример на 8 години го насликала многу автентично Исус, тие како семејство воопшто не се религиозни, дури не се ни зборувало за религија, а претежно сликите и се со религиска тематика како на пример сликата Исус, Бог итн.

    еве некои слики кои та ги насликала според своите соништа:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]



    http://www.artakiane.com/home тука има повеќе нејзини слики и поделени се според возраста, неверојатни работи.



    http://www.youtube.com/watch?v=rmm-0-Rdxo8
     
    На rose60 и Draginja им се допаѓа ова.
  14. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    50
    Факт е дека индиго децата постојат. Не сум се ни потрудил да ги запомнам имињата, но има деца кои навистина ме оставиле зачуден. Знам имаше едно од Русија, кажуваше за црната дупка и за планетите кои после некое време навистина беа откриени. Научници кои цело време се трудат да го откријат тоа едвај успејаа, па стварно не можам да најдам логично објаснување како тоа дете знае...
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Еве уште некои податоци до кои дојдов за овие индиго дечиња-мечиња.
    Индиго децата се со паранормални способности,тие знаат точно кога некоја личност им зборува вистина затоа што тоа го гледаат.Имаат висок коефициент на интелегенција.карактеристични се по плавата боја тие се плави со округли вдлабнати очи.Уште од самото раѓање не се како другите бебиња уште првите денови се со отворени очи и со својот поглед пратат што се случува околу нив што е карактеристично за поголемо бебе. Доста се арогантни инаетливи односно тераат по сво.Во училиште се секогаш како слаби ученици затоа што тие тоа веќе го знаат и не ги итересира да учат.Дури подоцна во пубертетските години ги покажуваат своите знаења и се одлучуваат во која насока ќе бидат најистакнати.Тоа се еден посебен вид луге кои имаат посебна мок,а една од нивните способности е и астралното патување.Така едно индиго дете од Русија при неговото астрално патување 'слетал' на некоја ѕвезда од дотогаш непознато соѕвездие за астрономите и тоа по некој ден за го соопштил на некој руски астроном. На тоа астрономот одговорил дека тоа соѕвездие сеуште не е познато и за големо изненадување по некоја година истото соѕвездие било откриено.
    Мисла на Едно индиго дете: Ако можам да посакам нешто за овој свет тоа би било сите луѓе да чувстуваат разбирање меѓу себе и љубов за сите души на оваа планета.
     
    На rose60, Draginja, Anabelle.Amorette и 3 други им се допаѓа ова.
  16. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Да тоа е Боришка.
     
  17. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    исто така имам слушнато дека се отпорни на многу тешки болести меѓу кои и сидата, а тоа се должи на нивната ДНК која не иста со нашата.

    колку е ова вистина незнам, ако е грешка некој нека ја поправи ;) .

    само едно ме интересира, од кога постојат, дали има некој возрасен од нив?
     
  18. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    А мене ме интересира дали има познат случај на индиго дете тука, во Македонија?
     
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Првпат дознавам за девојчево,а и за претходните споменати, само по што друго се окарактеризирани дека се индиго деца,освен плавата боја,интуиција? Инаку за девојчево, веќе можеби добри 10 минути ги гледам нејзините слики и фасцинирана сум од автентичноста на истите,совршенство, едноставно толку живо претставени и точна, прецизна употреба на боја ( малку оооф топик со уметноста направив :D ).
     
  20. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Постојат и возрасни индиго, во истражувањата не се прави разлика меѓу децата и возрасните од причина што и идниго децата се рагаат со огромни знаења, многу поголеми и од обичен возрасен. Иако се сметаат за деца на новата генерација најстариот потврден индиго човек имал 83 години. :)
    п.с Од кога почнав да читам за овие деца, маж ми е убеден дека е и тој.. |( :lol:
     
    На Amona му/ѝ се допаѓа ова.