Ме интересира мислење..искуства..Карактеристики..однесување..најдобро ако имате или сте имале искуство..
многу лошо искуство, сака се по негово, за се е тој во право, никако не прифаќа туѓо мислење. Многу лажеше, абе незнам више што да кажам едноставно тој хороскопски знак го замразив, ама па еве ја мајка ми е вага и се сосема спротивно од него. Тоа е индивидуално, јас не верувам во тие работи
Не знам од каде да почнам... Оние кои јас ги познавам се многу мили, пријатни и допадливи. Не се наметливи, но имаат некој природен шарм, ако можам така да го наречам. Одмерени се, често до граница на неодлучност. Не избрзуваат во одлуките, што значи дека доообро треба материјалот да одлежи за да донесе некаков продукт од тоа. Оние кои јас ги познавам имаат капацитет за долги врски, што значи немаат проблем со врзувањето (искуствово ми е без исклучок). Семејството им е една од главните вредности. Во секој случај убав знак за машко (Вага), за женските имам соооооосема други искуства, накратко се терсене табиети. Ова беше се на што во моментов можам да се сетам. П.С информацииве се базирани на моето лично искуство изразено во лаичка форма на хороскопско толкување. Се надевам дека ќе ти биде од помош Поздрав.
Па некои велат дека не се верни,а јас мислам спротивно од тоа.Семејството,љубовта и среќата им се на прво место и сакаат мир и спокој.
Не се верни,а ако чекаш да ти каже дека те сака,ќе почекаш Можеби ќе биде и доцна.Но во секој случај се секогаш скоцкани и педантни.
Машките во знакот вага се темпераментни, дружељубиви, ги бидува за добри совети,баш напротив знаат да ги балансираат работите, шармантни се, романтични и големи љубовници, сакаат да им се покаже колку се сакани...и да, преголеми филозофи се
и преходинот дечко со кого имав врска 2 години беше вага и сегашниот со кого одам 3 години.Кога ќе видиш сосема се различни,но имаат и заеднички особини.
Од мое искуство вагите се романтични, духовити , самобендисани , премногу им значи надворешната убавина ,кај нив секогаш другиот е крив за се, дружелубиви се, шармантни .. Понекогаш: екстравагантни, нерешителни, мрзливи, свртени кон луксуз, лесноверни... На лично ниво, Вагата никогаш нема да каже „не“, па ветува повеќе отколку што може да исполни. За последново сум убедена
Спојлер Кога вага и рак се во љубовна врска, тие меѓусебно си ги надополнуваат оние работи кои недостигаат кај секој од нив. И двата знака бараат сигурност и безбедност во врската и уживаат во убавината и задоволствата кои ги пружа животот. Кога имаат иста цел, вагата и ракот умеат хармонично да ги „измешаат“ нивните енергии. Овој пар може побавно да прогресира во однос на други, бидејќи на почетокот ним може да им изгледа дека немаат ништо друго заедничко освен потребата за добро друштво, блискост и убавина. Но, ако си дадат повеќе време за да се запознаат подобро, ќе препознаат многу квалитети кај секој од нив, кои вредат за почит. И на вагата и на ракот им е многу важно чувството на среќа и изразувањето на мислите и чувствата. Ракот го привлекува шармот, воздржаноста и тактичноста на вагата, а нејзините дипломатски способности може да го смират и во најкритичните ситуации. Од друга страна, вагата која е љубител на естетска убавина и хармонија, го почитува ракот поради неговиот инстинкт за негување на домот и безбедноста која доаѓа во пакет. Ракот има тенденција да избрзува со заклучоците и да донесува непромислени одлуки без да ги знае сите факти. Затоа е тука неговата вага која може да му помогне да ги види и другите перспективи на ситуациите. Ракот е предводен од Месечината која ги симболизира чувствата, а вагата од планетата Венера која е симбол на љубовта. Овој пар дели заедничка љубов кон домот, семејството и романтиката. Овие партнери најчесто би избрале хармоничен однос во врската, а не карање. Повеќе од која било друга љубовна комбинација, овој астролошки пар внесува чувство на топлина, нежност и стабилност на луѓето околу него. Наспроти нивното согласување и единство, кај овој пар може да се јават несогласувања. Во тој контекст, вагата ги формира своите ставови врз база на разумот, па понекогаш може да се однесува супериорно и снобистички спрема својот љубовник. Од друга страна, ракот го гледа светот низ „емоционални леќи“ па лесно можат да му бидат повредени чувствата. Додека ракот го креира мислењето врз база на инстинктот и говорот на телото и е задоволен кога се земаат предвид неговите чувства, вагата бара нешто што ќе ѝ го стимулира умот, обидувајќи се да ја најде логиката на нештата. Поради ваквите разлики, на овие партнери понекогаш им е тешко да се разберат еден со друг. Конфликт може да настане и доколку ракот е премногу нерасположен и намќорест, а вагата премногу иронична и провокаторски настроена. Наместо да се караат кој повеќе се бори за врската, кој ги носи одлуките или кој ја одржува контролата, двата партнера треба да научат дека тие имаат различни гледишта кон светот. Ако неодлучноста на вагата го иритира ракот, таа може да ги употреби својот шарм и справедливост и да се согласи со неговите одлуки, но за таа цел тој мора да престане да се мурти. И двата хороскопски знаци се иницијатори по природа, што значи дека кога нивните идеи и погледи се разликуваат, настанува вистинска војна. Која е најдобрата работа во оваа љубовна комбинација? – Нивната заедничка почит кон стабилноста, хармонијата во домот и љубовта кон удобниот живот. Сличните вкусови и желби ги зближуваат овие партнери, кои целосно се предаваат на врската и заеднички уживаат во нивната одлична смисла за убавина.
Со машко Вага..... само трпение. Сегашниот дечко ми е вага и никогаш досега не сум сретнала некој толку неодлучен. И не мислам неодлучен само за крупни работи, туку и за најбаналните глупости се мисли пола сат. Однесувањето му е прилично ОК, на моменти има испади и премногу е импулсивен. Додуше и татко ми е вага па не е толку неодлучен. Многу е ќутлив и затворен. Се на се вагите не се лоши хороскопски знаци, за разлика пример од Лавот (бивш дечко, одевме 2 години) со кој имам многу лошо искуство, ама тоа е друга приказна
За да бидеш во врска со вага треба да имаш многу големо трпение и јаки живци Со машко вага имам многу лошо искуство Тој беше единствениот што го знаев во знакот вага и си велам ај баш ќе проценам какви карактеристики има според хороскоп ( а многу читам такви работи и верувам ) Што почнав да сфаќам што човек е, ми се одмили. Секогаш сака да е право, не поднесува кавга, затворен во себе, никогаш не можев да му извлечам ништо, дури ни едно те сакам, не верува на никој, мисли дека сите го лажат и дека се е некаква завера. Со еден збор многу чудни личности Се надевам дека другите ваги што ќе ги запознавам тековно во животот дека нема да се како него, иначе тешко мене
Дечко ми е вага и баш е чуден... али не секад. Супер е али знае да изненади со она што е љубоморен, сака да е во право, верува али не секад, ако му влезе нешто во глава и тоа е тоа не се докажува (како тој ќе замисли така е)...... а за те сакам и романтични ствари као љубовни пораки, некои идеи за како што со мене... за тоа е прв за подароци, за изненадување го бидува П.С Можда и подзнакот многу да влиае и тоа доведува до различни особини меѓу хороскопските знаци. Али во суштина вагите се тиа... тврдоглави, инаетчии, само да е по нивно...... И добри љубовници се