1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како со машко во знак риби?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од miamateva, 26 јуни 2010.

  1. miamateva

    miamateva Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    22
    Само што започнав нова врска со едно момче (18 години),во хороскоп е риба и сакам да знам како со него? ако можете и ако сакате пишете шо знаете :D :inlove: :*
     
  2. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    699
    МАЖ РИБА
    Машките родени во време на владеењето на риби се осетливи и доброчудни како деца и ја сакаат секоја игра во која има некоја иэвишена цел. Пријателства склопуваат уште во младоста и секогаш ги памтат. Ги сакаат веселбите и песните, па во целост уживаат во муэиката. Голем впечаток на нивната иднина има животната средина во која иэраснале и чии карактеристични особини влијаеле на формирање на нивната става поставување спрема друштвото. Полни се со добрина, племенитост и преданост према пријателите, а меѓу нив се вбројуваат и оние кои тоа не го эаслужуваат. Поседуваат голема меморија што им користи многу пати во работата. Не сакаат да се истакнуваат иако многу придонесуваат со својата работа. Во работата се уредни и секој неред ги воэнемирува и мачи. Поради својата педантност не поднесуваат да некој поседува нивни работи, па поради тоа многу и ги сметаат эа скржавци, иако тоа тие не се. Работата ги привлекува и ја сметаат како основа на животот. Многу придонесуваат со својата работа. Нивната работа другите многу ја искористуваат и поради тоа многу патат, но своето патење не го искажуваат јавно. Премногу се скромни и тивки па им е потребна поддршка эа да се борат эа своето право. Впечатокот на жените на нив влијае многу, но не се слабичи и папучари. Хармонијата во бракот эа нив е света. Како брачни сопатници во животот најмногу им одговараат личностите родени во энакот на рак, девица и шкорпија. Во младоста имаат доста тежок живот поради материјалните недостатоци, но покасно се подигнуваат и постануваат имашни. Со тоа не се эадоволуваат. Поголемиот живот го посветуваат на друштвената работа.
     
    На MiuMizuki123, Deep, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Ме интересира прашањево дали машкиве риби се горделиви и злопамтила ? Како некои други знаци ?
     
  4. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Па вака,за да успеес со дечко во знак риби ти требаат две таблетки диазепам, оние бубиците кои не се забелезуваат со добро одбрана музика да си слусас одвреме навреме додека тој ти ја пуни главата со работи кои си ги направила пред три години,три пати неделно часови по јога и медитација со вклучени везби за самоконтрола,една добра зелена ливада кај ќе си го пустас мозокот на пасење и сето тоа така добро испланирано дава една прекрасна љубовна врска со твојот љубен во знакчето риби :inlove:
    незнам кој знак си ти но мојот бунтовен овен во себе не сака да ги види рибите ниту кога отвара фемина хороскоп :)
    ајт поздрав
     
    На julie77, SexiLy, Larea и 9 други им се допаѓа ова.
  5. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Мажот Риби има голема почит кон животот, особено виден низ неговата духовита призма. Тој е современ мистик, шармантен и романтичен, па се чини скоро надреален. Неговите променливи расположенија прават да ви раскажува најдлабоки тајни, а веднаш потоа да биде повлечен и самозатаен. Тој љуби длабоко и емотивно, па и може лесно да се врзе, но секогаш е во потрага по ново ниво на интензитет. Најмногу го привлекуваат прекрасни луѓе кои се доволно силни да го задржат и доволно паметни за тоа да го прават ненаметливо и сочувствително. Познат е како меланхоличар кој често жали по минатото и по она што не може да го има.
    * Интуитивни - Ги претчувствуваат нештата и своите одлуки ги носат на база на сетила, а не на логика
    * Негувачи - Овие луѓе се сочувствителни и полни со разбирање * Проникливи - Тие ќе ги разгледаат вашите чувства и ќе понудат решение што ќе им одговара на сите
    Несовршености :Рибите често ги изедначуваат сожалувањето и вниманието и грижењето за партнерот, и се дефинираат според теретот што го носат со себе. Риби, внимавајте да не го изгубите партнерот поради премногу драма! Кога сте депресивни имате способност да го повлечете и партнерот во длабочините на очајот. Понекогаш најдоброто што треба да го научите е да преголтате нешто или да се откажете.
     
    На julie77, buba4e89 и XMaN им се допаѓа ова.
  6. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Според мене, лесно.
    Маж ми е риба, и тоа дупла ќе да беше, и мислам дека нема човек на кој му е тешка комуникација со него.
    Попустлив, мирен, е сега многу се приврзува, посебно еве за мене :D , дури проблем ми е :lol: , сака луѓе, е сега многу внимание сака, ама мислам дека многу лесно се излага на крај со овие луѓе. А да и емотивни се колку што знам.
    Мислам дека треба да му покажеш наклонетост и љубов, исто сакаат да бидат во центарот на твојот свет, и нејќат запоставување. Имаат разбирање, и бараат, исто така.
    Не би требало да ти биде тешко, само покажи наклонетост и грижа за него, па и чувства, не мора одма на почетокот, али така, птпуштај водичка.
    п.с. Во хороскоп ич не се разбирам, ова од моето искуство со неколку рипчиња, меѓу кои нели, едното ми е дома. :D
     
    На Konfetka, biGirl, buba4e89 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    А добра ли е комбинацијава: јас водолија, тој риба ?

    Инаку мислам дека машките во знак риби се повлечени и срамежливи.
     
  8. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    аххх го Онаквав ежот ја со риби. тешко дека мој јарец ке дозволи нешо они шо бараат. Иако не сум у врска со типов ама глеам дека тешко ке излезам со него, уште сега гледајќи го како се понаша. :x
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Горделиви и големи нарциси, сметаат дека се во сѐ најдобри ама најчесто се и стварно многу талентирани во повеќе области :D. Не знам за другите ама мене еднаш ако ме зезнеш и после 10 год ако можам ќе вратам, нормално ако сум во ситуација и ако стварно ми направиле штета а некогаш и простуваме ако поминало премногу време.

    Инаку и подзнакот е многу битен не е само главниот знак кои дава карактеристики за карактерот. Јас да го немав овенот во подзнак ќе бев катастрофа од добра душа и сите ќе ме користеа :D.

    Е сеа точно е дека рибите многу се приврзуваат кон партнерот ама па и си го сакат целиот женски род (тешки швалери се) така да внимателно со нив, не ги пуштајте надвор од контрола да не ви испливаат кај што не треба :D.

    Инаку лесни се за „одржавање“ :D, само треба често да им збориш (од женска страна) ќе те биде, најдобар си, можеш, верувам во тебе и ќе летаат од гордост и ќе се трудат да ја оправдаат довербата :D
     
    На buba4e89, Antebellum, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Е таман, ко кец на десетка си ми да те замарам малку за ова :D се надевам нема да замериш :D
    Велиш горделиви, ок и ние јарци и те како сме горделиви, ама кажи колку ке влијае моментот кај вас да се игра со отворени карти ?
    Значи имаше една случка со типот шо и не ме накурчи многу ама гордоста не си ја погазувам и го изигнорирав. И сега кога за нешо ке зборнеме ми изглеа ко лут, ама и горделив. И сакам кога ке се видам со него, да зборам со него со отворени карти. Зашо ја таква сум како личност, нејќам скриени намери, позадини, скриени пораки читање меѓу редови и све остало.
    Вие рибите колку сте за таков отворен муабет и како би го прифатиле, доколку ви се каже дека нешто не сте направиле како шо трееба ?
    прочитав дека сте мн емотивни ? :worried: ( а не ми е цел да повредам никој, само сакам да знам на што сум.)
     
    На buba4e89 и GirlLove им се допаѓа ова.
  11. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    И јас сум јарец, и тоа типичен, и баш супер функционираме, различни сме многу, и се надополнуваме.
    Немаш гајле, не сме па и ние толку лоши :lol:
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    А можеш да се потпреш на негова доверба ?
     
  13. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Најмногу на цел свет :D па не џабе ми е сопруг, ако немам доверба како би била во брак со таков човек. Од моето искуство да,, се луѓе во кои можеш да имаш доверба, е сега за мали небитни работи, не си стои баш на зборот, ако рекол, тогаш ова ќе правиме, ваму ќе одиме, ќе дојде или слично, знае да извиси, ама што се однесува до клучните животни работи, барем до сега нема збор што го има погазено, се надевам така и ќе остане. А го познавам веќе 8-ма година. ;)
    Ајде па ти не му ја мисли толку, дај му шанса, ќе видиш како ќе оди. :)
     
    На buba4e89, Vladus и WildCherry им се допаѓа ова.
  14. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    ЈА би му дала шанса, ама многу ми делува несигурно. А неможам така, сакам сигурни луѓе околу мене, премногу сум селективна и се држам мн на дистанца, затоа и го прашав Хман. сакам да знам како да постапам со него за една работа, па можда од таа ке одлучам.
    А за извисување даааа јасно ми е многу. Само сум тип кој напнува и држи до збор така и него, па немаше обично кај да бега и мора да си го исполни тоа :lol: .
     
  15. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Прво да ти кажам ние рибите цениме пред се ИСКРЕНОСТ! Сакаме да знаеме на што сме и многу женски финти на читање мисли не ни пријаат.

    Сакаме отворен муабет затоа што сме по природа искрени личности и мрзиме лажење ама сме МНОГУ осетливи на критика од женскиот пол, од машко ни е гајле ние и онака се сметаме за најдобри ама женско ако не критикува не удира право во его.

    Значи ако сакаш на машка риба нешто да и кажеш како критика можеш ама обавезно ќе ја завиткаш малку во обланда и на крај обавезно комплимент дека и покрај се он е најдобар така да комплиментот ќе ја поништи критиката и ќе сака дечкото да те увери дека бил случаен кикс. Имаме ние осет многу коа ќе уплескаме е сеа некогаш си признаваме а некогаш не, ама ако не испровоцираш си ја кажуваме вистината и си признаваме.

    Најмногу не погодува игнорот и ако сакаш машка риба да казниш, стај го на игнор и не му прај муабет. Нормално со усул зашто ако претераш ќе се олади и после веќе тешко се враќа назад.

    Лесни сме ние рибите многу, само треба женската да е умна и јак карактер и стално да дели комплименти колку не бива и ние летаме и ќе дадеме максимум. А без женска тешко функционираме ептен ни се осеќа таа втората половина ако фали.

    Инаку риба ако еднаш те засака и му значиш сметај на него во секоја ситуација, нема да те заебе или извиси, страшна поддршка се ако те сметаат за пријател или уште повеќе ако те сакаат :).

    Нешто кажав за мене а нешто од мои другари што знам риби :).
     
    На Lovy1, Cacii123, SunnyGirl2 и 11 други им се допаѓа ова.
  16. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Апсолутно вистинито, барем што се однесува до мојот примерок :D .
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Уххх Ова ми требаше да дознам. :) Фала ви многу :)
    Така да сега се фрлам на засукување ракави и отварање карти. Па шо биде нека биде. Мора да се расчистат некои ствари!
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Нежни, фини, мили...како големи плишани мечиња, да ги гушнеш и да си заспиеш... :)
    За да ги скокотнеш треба малку мистериозност и длабочина да поседуваш, не сакаат подвижни труби...
    А за да ги задржиш, треба одвреме навреме да им даваш мала доза на ладен однос, незаинтересираност, чисто да не заборават каде се... :)
     
    На crazylady и Doozy им се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Оу да, многу се сложувам со ова. Посебно со ладниот однос. Едноставно, мислам дека губат интерес ако цело време си им, како да кажам, на располагање. :D

    Морам да спомнам и дека многу се приврзуваат кон луѓето, дури се посесивни и љубоморни. Треба на моменти да им се покаже ху ис д бос. :D Ама ако рипчето еднаш се приврзе, приврзано си е.

    Што викам јас, ќе си легне на брашното кај и да е. :rofl:
     
    На srcekrsacka, crazylady и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  20. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Се слагам со се освен со ладниот однос, не бе девојки каков ладен однос мрзиме тоа аууууу :devil:, доволно е повремено мало скандалче и малку лутење и драма од ваша страна и ваши сме ама ладен однос ГРРРРРРРРРРРР уште сеа се ежам :devil:.

    А точно е ако се приврземе, тоа е, дури и да глумиме лудило и да се правиме горди и равнодушни не ни е сеедно :rofl: :lol: .

    Ќе ме уништат другите риби што им ги кажувам тајните ама па и ние знаеме како со вас дека имаме интуиција, не потценувајте риба никогаш, во секоја ситуација ќе испливаме :D.

    И нормално не се сите машки риби исти некои се пастрмки и лесно се чуваат додека се другите баракуди, е за тие стварно треба повремено топло ладно да не се занесат премногу пошо се најчесто омилени кај женскиот пол :D.

    Како си го фалам знакот :lol:.
     
    На srcekrsacka и WildCherry им се допаѓа ова.