Не сум баш упатена во Луцидните соништа како што сум упатена во Астралната проекција и Медитацијата,малку знам за Луцидните сонови али поттик за темава ми беше тоа што денеска после неколку неделен напор успеав да доживеам 2 ствари, и Луцидни соништа и Астрална проекција. Значи многу луѓе ги мешаат Луцидните соништа со Астралната проекција. Но Луцидните соништа и Астралната проекција се две толку слични но сепак многу различни ствари и затоа неискусните луѓе имаат проблем да одвојат што е АП а што ЛС. Значи Астрална проекција е кога си свесен дека си одвоен од телото,али ај имам отворено тема за АП ова го кажав колку за споредба а додека во Луцидниот сон си исто свесен дека сонуваш но сепак неможеш да имаш таква 100% контрола како во АП. Јас денес за првпат доживеав Луцидни сонови и тоа неколку еден по друг и можам да кажам дека е многу слично со АП али сепак има голема разлика. Во Луцидниот сон имаш контрола во сонот и можеш да ја контролираш ситуацијата во сонот и кога ќе се разбудиш за разлика од обичните сонови овие Луцидни сонови ќе ги памтиш до детал што и како се случувало во сонот. Но сепак Луцидниот сон е на каде каде пониско ниво од Астралната проекција. Ќе ве замолам во оваа тема да не пишувате за Астрална проекција бидејќи имам веќе отворено тема за неа,но морав да ја спомнам тука АП затоа што многу луѓе ги мешаат ЛС со АП. Еве многу корисни видеа за Луцидните сонови,издвојте време и ви препорачувам да ги изгледате за да ви стане јасно што всушност е Луциден Сон. 1 ДЕЛ http://www.youtube.com/watch?v=XWNKR6Q0sco 2 ДЕЛ http://www.youtube.com/watch?v=DymA9RMMmRo 3 ДЕЛ http://www.youtube.com/watch?v=QyQKNTTsclo 4ДЕЛ http://www.youtube.com/watch?v=45la6UjVVjA 5 ДЕЛ http://www.youtube.com/watch?v=ImH5VpI4-SQ
Пред две вечери ми се случи пак тоа....и кога ке се разбудам паметам се во детали што се случувало, а кога ке ги отворам очите како здрвена сум, чудна и страшна работа
Како што можам да забележам Луциден сон е сон во кој си свесен дека сонуваш, како што го споделив моето искуство во темата Астрална Проекција, наверојатно јас го имам ова доживеано.Се пробудив и презаспав пак и прдолжив да го сонувам сонот што го сонував, само што не беше како предходно подсвеста не го котролираше мојот сон туку јас бев таа која го котролира нешто како фантазирање само што бев во сон и бев свесна дека тоа е сон......
Да, Луциден сон е сон во кој што си свесна дека сонуваш и дека се наоѓаш во сон, всушност Луцидниот сон и Астралната проекција имаат многу допирни точки, само разликата е во тоа што во АП имаш 100% контрола на настаните и е на повисоко ниво на свест, а во ЛС немаш толкава голема контрола на свеста. Тоа што ти си спиела, па си се разбудила и повторно си заспала е најефикасниот начин да имаш ЛС (Луциден сон). Тоа е техника која што најбрзо доведува до ЛС, прекинување на сон и повторно заспивање. Јас 2-3 пати неделно имам Луцидни соништа и стварно се многу моќна работа. И секој, буквално секој човек може да има Луцидни соништа доколку сака. Се што е потребно за ЛС се воља и трпение и применување на техниките кои што доведуваат до ЛС. Само имам прашање до тебе, дали додека ти траеше сонот ти свати дека се наоѓаш во сон или одкога се разбуди се присети на настаните во сонот и тогаш свати дека си била свесна дека сонуваш?
Не како што напишав погоре, бев во сон и бев свена дека тоа е сон..Интересно искуство во секој случај, и ова со Астралната прокција ме интригира, но сум свесна дека мојата свест и котрола на мислите и тие работи не е на некое високо ниво да можам да си дозволам да експирементирам со такво нешто, со самата помисла дека ми е страв, свесна сум дека не сум на такво ниво да би истражувала, али ти се восхитувам навистина и би ми било мило кога и понатаму би ги споделувала твоите искуства..Поздрав и срекно
^ Јас те прашав дали си била свесна во сонот или отпосле кога си се разбудила ти текнало дека си била свесна во сон, затоа што има една голема разлика. Разликата е во тоа што, ако додека си сонувала во тој момент додека сонуваш си помислиш „леле па јас сонувам сега моментално се наоѓам во сон„ тоа е Луциден сон. А доколку откога ќе се разбудиш и тогаш ти текне дека си имала многу впечатлив сон, скоро како да е реален, тогаш тоа не е Луциден сон, туку тоа е Вивиден сон (Вивиден сон, е сон со многу бои, звуци, реалистичен...). Инаку нема потреба да се плашиш, бидејќи ниту од ЛС ниту од АП неможеш да имаш штетни последици. Јас би ти препорачала да Медитираш, бидејќи медитацијата ќе ти помогне да го победиш стравот и ќе ти помогне да ги контролираш мислите и да ја зголемиш свесноста во соновите. Да, секако дека ќе продолжам да ги споделувам моите искуства со вас.
Почесто имам вивидни соништа понекогаш се толку живи што еднаш сонувајќи ружа не само што го чувствував допирот на ливчињата, туку и мирисот го почувствував . Луцидни соништа сум доживеала иако поретко морам да признаам, знам секогаш дека станува збор за сон ама ме нервира немоќта да влијаам на настаните со онаа брзина која ја посакувам се некако сум побавна во трчање , се мачам да дојдам до местото на кое треба, ама па некако успевам најчесто, ако не ме прекине алармот за станување за на работа. Јас би прашала некого дали може да ми каже нешто околу тоа што понекогаш сонувам прави катаклизми, земјотреси од кои се цепи тлото, па некои сини пламени излегуваат (како при горење на пропан бутан да речеме), па луѓе паѓаат во процепите или се дават во поплави, . Порано ме заплашуваа овие сонови, после некако си прифатив дека ете ми се случуваат, ама ми будат уште извесна доза на вознемиреност.
Секогаш се трудам да барам психолошка анализа на соништата,затоа што се продолжение на нашата реалност,која не можеме да ја изживееме до крај,а потсвесно сакаме.Но,од забава и оние бапските ги сакам,понекогаш за да ме окуражат,ама и да ми направат шубе,ако не дај боже заб сонувам,иако реално не значи тоа што бабиве велат (на пример сонував детелинка,која грубо,психолошки ја толкуваат исто како и народното верување кое е попросто,вели,ти следи среќа,а овие паметниве,велат,ти можеш и ќе се оствари,ама мораш да се потрудиш,затоа што во спротивно ќе ја пропуштиш.Детелината со четири листа е ретка и треба да ја побараш детално,затоа што меѓу сите тролистни може да ти се направи привид и сто ќе скинеш и нема да биде правата.Сонував одреден период,змии,физички бевме оддалечени со партнерот,ме мачеа премногу тој период,ама секоја ноќ,баба ми ми вика,душманки сине,а јас си викам секс бабо,секс.Завршија кога се врати,за жива среќа!Нејсе!). Репетативните соништа,значат дека повторуваш иста грешка во реалноста,Теодора.Катаклизмите значат внатрешен конфликт кој се афектира на надворешниот свет и избори.Особено ако бурно ги доживуваш,те потресуваат,значи дека бараш коренита промена од себе,ама некако се инаетиш.Ако е површно,не те допира,минлив конфликт.Ако се работи за првите,треба да видиш кај можеш,колку можеш и дали правиш правилни избори,да не твојата тврдоглавост те руши тебе како личност,која можеби е како топло-ладно колаче(мислев,тврда и ладна надворешност,мека и топла внатрешност,која не може да избие,а некако променлив карактер,да не се разбереме погрешно .Се надевам ти помогнав. Околу луцидните соништа.Многу ги сакам! Ретко ги сонувам,ама обожавам кога сонувам како јадам,па вкусот го осеќам,леле мори мајко.Гладна кокошка,просо сонува.Па уште се будам,гледам колку е часот и продолжувам да си досонувам.Во сонот правам што сакам,ма човече,уште ако е некој од реалноста вклучен,а ти лежи нешто на душа...бреее!Свесна сум дека сонувам и уште си велам во сонот,леле Квентин Тарантино може вода да ми носи! Ама сепак,мислам дека не е добро да се сонуваат.Не е добро затоа што сметам дека се случуваат во време кога потсвеста многу бара,а јас не можам да и понудам или немањето храброст за нештото или латентната желба е посилна од тоа што мислам,а јас ја потискам,па начинот е овој,воедно да бидам свесна,да соберам храброст да го направам нештото.А може и да не значи...кој знае. Во секој случај,астрална проекција и луциден сон се многу различни работи.
Тенкс,Лилит има смисол толкувањето,само сега ќе треба да направам листа на тоа што е поприоритетно,ма многу нешта би променила,ама немам моќ за сите барем во овој конкретен момент. А како се објаснува репетативен сон на многу мала возраст конкретно како мало девојче постојано сонував дека сум во иста продавница со балони,која се наоѓаше над вода,нешто слично на оние наколни живеалишта кои ги граделе во праисторија? Инаку јас сум забележала како извесни соништа ми имаат исто значење во реалност,поточно нивната симболика еве пр.кога и да бев лута или подскарана со мојот бивши ако се сонував кај него дома,по брза постапка следеше смирување ,или па чевли или било каков вид обувки значат врска.Дури еднаш еден колега сонував како купил нови чевли,ама не му биле онака погодени и срам-не срам му кажав за сонот и дека мислам дека значи како наскоро ќе има девојка која и нема да е баш по негов вкус и како не верувам како врската ќе опстои.Кога по 2-3 месеци ми вели тоа толкувањето на сонот ти беше полн погодок,а мене ме интересираше повеќе дали оваа симболика во мои сонови има исто значење и за др.луѓе. Инаку мислам дека Јунг беше тој кој дал вакво објаснување дека соновите за секого си имаат своја посебна симболика,ама не сум баш најсигурна одамна ми е читан текстот,имам некои празнини во меморија, .
Хм...па не знам,точно,како што кажа,за секој различно е.Ама сепак,вака сувопарно...твоите очекувања биле големи,можеби и нереални од некој кој бил одговрен за исполнување на твоите желби,а имал авторитет (родител на пример),ама ти сепак многу,многу си се надевала на нив и си ги сакала,но ти биле ограничен или требало да се заслужат некако,а паралелно може да значи желби поврзани со пријателство некое,но кое било забрането или неприфатено или одбиено,не знам...Има симболи повеќе,кои за тебе како личност може да имаат поинакво значење и се зависи од тогашните случувања. Јас на пример кога сонувам куќа,како по дефиниција,ми е претставата за себе пред другите.Ако се чувствувам непријатно во своето претставување пред светот,обавезно сонувам некоја неугледна куќа,ако пак мислам дека оставам добар впечаток,задолжително сонувам убава куќа,а кога пак бев во фаза на себе пронаоѓање (која ја привршувам),сонував катаклизми,катастрофи,а јас градам куќа!Ковам патос човече,а надвор ураган! Паралелно углед пред светот,кога ти е важно мислењето,а друга страна сама себе си контрам со желбите и она што сакам да го прикажам. Него темава нека оди во психологија и да си отвориме една така,општо за соништа.
Само понекогаш си мислам како ова со симболикава може по пат на сугестија или условен психолошки рефлекс да води кон реакцијата која сум ја осетила како претходно прифатена, во смисол ако знам дека потпишувањето документи ми било симбол за давање отказ,онака да го зголемам незадоволството од тековната работа на максимум,па да дадам отказ и како резултат на тоа што си сум доследна на себеси и ги следам соновите.Верувам дека ни испраќаат соновите одредени пораки и дека користиме мал дел од нашата вродена интуиција,ама дали понекогаш занесувајќи се премногу не вршиме всушност и исфорсиран обид да се оствари толкувањето,бидејќи и сонот го перцепираме како дел од сопствената личност,а човек некако се труди од петни жили да си е доследен сам на себе,инаку во спротивно мисли како губи дел од идентитетот.Сега,понекогаш во развојот вршиме адаптации и сме флексибилни за конструктивни промени ,ама некако не ни се менува многу базата,туку се држиме цврсто за неа,често и со канџи ако треба, .
Еднаш начнавме,еве сега пак,ме интересираат сугестии,втор пат по ред за кратко време ми се случува да сонувам како спасувам човек со масажа на срце,вештачко дишење.Овој пат не беше цело време истиот,туку како се развиваше сонот чувствував присуство на една личност што ја знам,а ликот го менуваше и тамам ќе го спасев,тој повторно се гушеше,брзата помош каснеше и си викам барем да го одржам дур пристигне и ми успеа,тогаш го спасија и не се угуши повоторно и го прашав човекот,добро како го направи ова,сакам да научам,сакам да знам,ако не дај боже пак ми се случи да знам како да реагирам.Му реков-Знам само дека не треба да се плашам,а другото што е?! И не знам понатака,заврши сонов...
Сејм хиар околу делот со тоа да се менува ликот во сонот,а всушност цело време сум свесна дека станува збор за друга личност и дури не одат како што треба настаниве од сонов бидејќи јас го фотошопирам ликов,т.е.правам некој квази обид за тоа,па цела енергија отишла неповрат ... Скоро ми се случи ваков сон и баш си реков ќе следам настани од блиска иднина за да би извлекла некои заклучоци околу тоа што ќе да е симболикава ,ама како за баксуз ништо вредно не се случи барем за предвид да го земам,или пак дополнително ќе се случи не знам-додуше ни недела дена не е помината откако сонував,а јас повеќе сум за толкување емпириско на симболи-некако највалидно ми е досега...
http://www.youtube.com/watch?v=llw717IA ... ure=fvwrel Ова видео е интересно...А дали е точно? А имат ли некакво дејство овие соништа врз нас?
Еднаш како мала имав луциден сон.. Дури сега го дознавам името на тоа што ми се случило и го паметам.. Па вака, додека бев во сонот, наеднаш се освестив дека сонувам, беше страшно.. Се наоѓав во некоја куќа морничава, трчав низ собите и гледав личности кои ги познавам, и успаничено ги прашував како да се разбудам, ги тегнев и ги молев за помош, но сите само чудно ме гледаа. Наеднаш се разбудив, но веднаш потоа се свестив дека СЕУШТЕ сонувам, дека е сон тоа што се разбудив, и повторно се успаничив.. После тоа не се сеќавам што се случи, ама фала богу се разбудив после толку маки Ми се има еднаш случено и ке го паметам, страшно искуство.. Би сакала да ми се случи убав луциден сон и да го контролирам, а не таков морничав и успаничен..
Интересна тема И јас сум имала луцидни соништа..спијам а свесна сум дека тоа е сон и некои работи сум можела да ги контролирам..интересно во секој случај , особено ако сонувам нешто лошо и тогаш можам самата да одлучам , што се вели, кога да се разбудам да се свестам. Исто, ми се има случувано многу пати да се пробудам и повторно да заспијам и да го продолжам сонот, само искрено незнаев дека тоа се всушност луцидни соништа, ете сега знам
Многу често имам луцидни соништа, повеќето од соновите што ги памтам ми биле луцидни, ми се допаѓаат, на некој начин ти си во контрола и секој кошмар можеш да го смениш на подобро Спојлер Aaaaaaa... сега ќе види тој со ножот... јас имам митралез
Многу често ми се случува да имам Луцидни соништа. Синоќа беше последниот таков. Баш како што е опишано, се сеќавам до детали за се што се случуваше во сонот, знаев дека сонувам и можев да правам што сакам во сонот, т.е. јас контролирав се. Чувството е многу чудно, но истовремено и убаво. Неможе точно да се опише без да се доживее. После тоа се будам целата збунета, ми треба време за да си дојдам на себе. Во секој случај, ми се допаѓа.