Необјасниви случки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Pennyroyal, 10 јануари 2010.

  1. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Па и мене ми е морничаво кога читам,ама ова незнам дали беше зошто бев изморена,поспана или што и да е ...Ова беше пред 3-4 години,се разбудив онака од сонот а беше 1-2-3 часот по полноќ не го видов претпоставувам,според спиењето,покасно го видов часот беше 4,се разбудив и видов како мјака ми да се приближува накај мене ама чудно како по лифт да иде накај мене ама како без нозе не и се гледаат нозете,а таа здрава жива и уште е жива фала богу(млада е )не беше ни болна ни ништо,а таа до мене спиеше си реков да спијам еднаш со неа,и во тој момент ги протрив очите и пак ја гледав уште повеќе се приближуваше кон мене,мајка ми тврди дека било од тоа што се уште не сум била расонета,ама и ги протрив убаво очите и пак ја гледав...во тој момент не можев ни да свикам ни да мрднам (освен што ги протрив очите),не ни пробав, како да заборавив дека можам да мрдам и да зборувам ... :( :o :tmi:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Синоќа ми се деси нешто многу чудно.
    Си дојдов накај 1 часот дома, дур се врткав ова она, ме фати накај 2 ипол да си легнам.
    И додека спиев, онака она полусон пред да заспиеш само кога си задреман, ми збореше некој глас нешто. Беше машки глас, ама никако да одгатнам што збори. Онака ко во шепот. И не можев да станам, да ги отворам очите, ништо. А знаев дека спијам, т.е. дека дремам и дека сум во полусон.
    И сега ми изгледа како да сум сонувала, ама мислам дека не беше сон.
     
  3. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    243
    Пред некој ден со другар ми отидовме по цигари со колата дека беше веќе 12 часот по полноќ и на враќање застанавме кај паркингот на гробиштана Бутел. Излеговме и се потправме на колата и си разговаравме и цело време слушавме некој чуден крик како плач на бебе кај гробиштата ама ептен беше морничаво дури премногу чудно никогаш не сум слушнала такво нешто. Си помислив да не е некоја птица ама не би било и отидов се приближив до оградата на гробиштата да не видам нешто ама не видов ништо другар ми се преплаши и ме грабна за рака и отидовме. Незнам што би можело тоа да биде уште си се чудам :?:
    Јас пак цело време слушам некој како да ми збори и некогаш си слушам како некој ме вика по името ама никој нема се навикнав на вакви работи и немам страв.
    А секогаш кога заспивам чуствувам како некој ми поминува низ собата и ме допира по рамо и кога ќе се свртам како некое сениште одма исчезнува. Кога им кажав на некои луѓе ми рекоа да запалам темјан или да дојде поп и со крстена вода таму незнам што да ми почати по собата |( ама несакам такви работи |(
     
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    ^ И мене ми се случи ноќеска истото. Си легнав и таман да се покријам слушнав како некој ме вика по име. Машки глас беше, а дома бевме само јас, мама и брат ми тие спиеја. И порано ми се има случено да слушнам како некој ми го изговара името, а всушност нема никој. Што знам можеби е потсвесно, не придавам некое значење на ова.
     
  5. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    173.572
    Мене порано многу често ми се случуваше да слушнам дека некој ми ѕвони на вратата,ќе станам -отварам врата-нема никој.Преку ден и така и така ,ама ноќе од спиење имам станувано за да отворам врата -демек ѕвони некој,а пак никој нема.

    Лошо искуство е ....го споделив со баба ми(покојна е сега) и ми има кажано кога така ќе отворам врата,а нема никој или кога ќе слушнам дека некој ме вика по име -а сама сум во моментот ,само три пати да си повторам во себе„сол мерам,сол мерам,сол мерам“.

    Сега,скраја било,не слушам веќе некој да ѕвони(не ми се присторува со години наназад)Дали е до зборовите,незнам,во секој случај вреди да се проба.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Не се плаши за тоа со сонот...Ако го сонуваш татко ти починат убаво е тоа,значи дека му се продолжува животот..Прабаба ми ми го има тоа кажувано а и во соновник имам прочитано така да уживкај си... :) :)
    Еве јас ќе кажам што ми се има мене случено...

    1.Имав околу 9-10 години и знам беше лето...И бевме дома со мајка ми сами татко ми беше надвор од Македонија..И вечерта мајка ми ми вели ај ќе спиеме заедно кај тебе в децка и јас и велам ајде ок...Знам се сеќавам тогаш таа беше бремена со сестра ми..Некаде кај 03 часот или 03 30 беше не се сеќавам точно се разбудив и гледам на телефон колку е сатот и си викам ајде касно е ќе пробам да заспијам пак...Таман завенав слушам некој глас се дере Полека,полека,полека....И јас само онака се покривам и велам Доста бе пи**а ти матер(тогаш многу пцуев)и само осетив како некој ми удира жежок шамар...Многу ме здоболе дури и солзи на очи ми дојдоја и само се завиткав во ќебето се пикнав во мајка ми која што сеуште цврсто спиеше и така некако заспав..Другиот ден ја прашав Мамо ти вчера ми закачи шамар??Жената појма нема Не бе не те удрив не сум будала не ќе те лажам..И ден денес се чудам што би можело да биде тоа :?: :?:

    2.Бевме на одмор во Грција и последниот ден си легнуваме сите а татко ми пред да си легниме ми вика маја намести го и твојот аларм во 04 сабајле тогаш ке трниме за Битола во случај мојот да не не звони..И се будам кај три и пол и слушам чекори низ собата,а моите црвсто спиеа на другиот кревет со сестра ми..Јас бев сама на мојот кревет се тресев од страв..Одеднаш слушнав некакво тропање и во купатилото ама не обрнав внимание само незнам и како со трчање се пикнав кај мајка ми и ја разбудив и и кажав и ми вели ај да поспијам остај ме на пат треба да тргниме ти се причинило..Три ноќи од ко се вративме не сум спиела како што треба.. :(

    3.Дома на гости требаше да ни дојде кумата и сега сестра ми е палава многу па шо и да се деси неа за се ја кривиме..И баба ми го намести креветот кај моите во спалната и по 5 минути се дере вика Аман кој го растури креветот..Ке ја отепам сестра ти го растурила цел кревет..А сестра ми неможела да биде затоа што цело време бев со неа в децка гледавме цртан филм а таа пиеше сок..Баба ајде повторно го намести пак после некое време иди и вика Ама го претеравте сега..Го наместив креветот сто пати пак е расутрен..Јас и велам бабо Михаела воопшто не влегла в соба не можи да е таа цело време е чупето кај мене..Пак го намести креветот и отиде да спрема в кујна за кумата јадење а мајка ми памтам беше в продавница..Мајка ми се враќа вели абе аман оти сте го растуриле креветот...Е во тој момент крвта мене ми застана и и кажувам како е и што е..Ама и таа не ми веруваше мислеше дека ја бранам сестра ми......Мајка ми го намести пак и лежеше таму и не видела ништо...Од тој ден тоа се нема повторено...Само ми е криво што не ми веруваа мислеа дека ја бранам сестра ми и дека лажам и уште се чудам што би можело да биде тоа.
     
    На Bitter-Sweet и Sara123 им се допаѓа ова.
  7. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    И мене ми се има случено необјасниво нешто...имав негде 11-12 год и во сред ноќ слушам како се смеат жени,вештерки ли беа, такво смеење,и тоа гласно многу гласно,ги будам моите и им вика слушајте,мајка ми ми вика спиј ништо нема,стана и татко ми и он не слуша ништо само јас го слушав смеењето....

    А и ден денеска ми се случува да слушам некое тропање,како некој да оди,или кога одам по улица сама навечер све си мислам дека некој има позади мене |(
     
  8. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Јас кога спиев една вечер кај братучетка ми доживеав паранормално искуство.Беше зима,легнати кај неа во соба,трудејќи се да заспиеме,она несакајќи ја имаше истурено водата на потелнина и зема фен за да исуши.Во тој момент,како што она суши слушам женски изобличен глас како зборува нешто.И се свртев да ја прашам дали и таа слушна,ми кажа да и легнав исплашена.Не ни беше јасно како слушнавме глас и двете кога фенот силно дуваше и нема шанси да се чуе нешто ако ние збориме а не па друг глас.И кога конечно заспав,ме разбуди кеса со книги која падна од маса доле,пропратено со плаво светло во соба,кое не ми даде после цела ноќ да заспијам.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Зошто постојано сонувам како сум среќна, се бакнувам и прегрнувам со некој што не смеам :| Па дури и на одмор имам сонувано како сме оделе заедно, како татко ми му подарил некоја сребрена белегзија...
    Ова многу често ми се случува... секоја трета вечер сонувам како тој е дел од мојот живот. Во сонот сум пресреќна и кога ќе се разбудам се чудам како може такво нешто да сонувам... нешто што не смее :doh:
     
  10. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Знаеш,честопати сонуваме работи кои потсвеста наша ги знае,а нашата совест не ни дава..Немора ни да ти се допаѓа некој а ќе се сонуваш со него.Мене ми се има тоа случувано неколку пати,сум се разбудила со илјада прашалници,на јаве тоа е апсурд за мене,од старосната граница на тој кој го сонувам до сите други факти..Но мислам дека да земеме лист хартија и само најискрено да пишуваме едно пола саат какви мисли ни прелетуваат низ глава,има да останеме запрепастени.Поздрав
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    И ти си во право, мозокот е чудна работа :lol:
     
  12. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Хахахахах ете ти,ништо страшно а и не си единствена :)
     
  13. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Леле што викате за дишењето - мене истото ми се има дешавано со стапки како да оди некој и од памет се имам вадено кога неможам да спијам навечер :worried: :worried: :worried:
     
  14. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден како се извадив од памет срчка арно не ме фати. :|
    Бев на гости кај братучедка ми, и не излеговме таа вечер на пракса зашто беше утредента и си легнавме рано, накај 11 и нешто, 12.И она како што легна заспа, а јас се превртував зашто не можев да заспијам.И сум заспала после некое време и станав за во вц.И легнувам после тоа и слушам се отвора влезна врата, а никој не требаше да дојде, братучед ми и вујко ми во една соба спијат, вујна ми во друга, и заклучено беше, ова 200 % ви кажувам. :!:
    И се слуша се тоа, по скали идење, после се отвори врата една и се затвори, па после некое време се отвара и се затвара пак, па пак идење по скали и излегување од влезна врата. :|
    Појма немам што беше тоа, и зашто се случи, ама кои мисли ми доаѓале во тие 20-30 секунди јас си знам. :x
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Јас вчера премалев значи. :|
    Бев сама дома, ова време. И си седев у дневна. И наеднаш на прагот кај шо се влегува у дневна, кај вратата тука ко да ми се појави коса, рачиња, фаца, некој ме ѕирка, ама онака матно не запазив - секунда. И си помислив сестра ми, и викам ај ма не се заебавај влегуј ако влегуеш.
    И ништо. Пак си се загледав у телевизорот, по 2-3 минути пак. :tmi:
    И викам абе ајде не ми прај глупости дојди седни.
    И не се јавува. И третиов пат станувам, одам таква да ја фатам на дело дека ме зафркава, и нема никој,а сестра ми ми ѕвони у тој момент на телефон да ми каже дека ќе се задржи еден саат, отишла кај школска. :|

    А така, се претресов начисто. :sweat:
    Најверојатно некоја халуцинација дека бев рано станата и ненаспана...
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    3.820
    Пол:
    Женски
    На мене знаете што ми се случува? Например некој ќе ми каже нешто, ќе се случи нешто или додека одевме у школо например некој стане да одговара, и јас се знам што ќе рече, што ќе се случи, на пример другарка ми што ќе ми каже...со еден збор како сето тоа сум го сонувала или го доживувам 2 пати, далеку од тоа да читам мисли на некој....Како да еднаш веќе сум го доживеала тоа.Ова сум го кажала на мајка ми и таа вели дека можеби имам визии..Но незнам..Ме фаќа стравв..... :( :^) :sweat: :worried:
     
    На oneday, My.Cloud и monnn им се допаѓа ова.
  17. 2036

    2036 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    75
    Не знам дали случката е за во темата, ама ќе ја кажам.
    Планирав да си скратам косата, но само така си мислев на никој не кажав. После некое време викам да и кажам на мама. И кажувам и ме гледа зачудено, ми вика синоќа сонував како одам во купатило и гледам коса насекаде, сум земала ножички и си ја сечам косата.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    ми се слуци пред околу една година моше и повеке,умре една лицност што ја познавав и кога си легнував навецер цело време мислев на неа и ми бесе страв да заспијам,па земав ја заклуцив вратата од собата и ја светнав светилката и така сум заспала со светната светилка,после се будам по некое време и гледам светилката изгасната и си велам мозеби прегорела,станувам да ја светнам и претиснав на прекинувацот и светилката светна..лелее ке се покакав во гаки за малце,и утрото ја прашувам мајка ми дали она влегла во соба па ми ја изгасила и вели не,па си велам не е мозно некој да влегол кога бев заклуцена,и сеусте се цудам што било.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Јас не верувам ич во вакви работи ама ми се случи нешто што малку ме замисли. Се враќам јас дома сама од концерт многу беше доцна 4 часот наутро. И си викам ај ќе пешачам обожавам да одам низ град кога никој нема и кога градот ќе е празен. Стигнувам пред мојата куќа и да ја поминам улицата една "сенка" прелете над мене и се пикна во дрвото пред нашата ќуќа што е пред портите. И ја да ја отворам портата гледав во дрвото ништо немаше мислев и да гаѓам со камен. Пошто многу ми изгледаше вистинито тоа што ме прелете како некое темно сениште прелета над мене како цело време по мене да одело како јас одев. Па си викам ај мож не сум присебе многу бев уморна и нозе ме болеа ама не ми се спиеше ни ништо и тоа што се случи многу беше јасно. :sweat:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Еден ден јас и брат ми ојдееме кај едно дете (моја возраст е) и само дојдееме там и договорииме се да се воземе со ролери и сега кај нас немаше никој мајка ми и татко ми не беа дома и сега влегуваме ии само како шо у дневн ги облекував ролерките влезната врата се отвори (тогаш живеевме зграда на 5-ти спрат кој шо пред нас умрел тој со живеел таму) ии само ништо брат ми ојде и за затвори после пак се отвори вратата ии детето почна да паничи дека видел нешто црно дека немало ништо само црно (а ден беше) ии дека само црно видол коа се отворила вратата (тој седеше спроти вратата кај дневна аа надворешната врата и вратата од дневна беа парелелни) и само ја си викам овој пак најде да не зеза пак да не плаши..ии само кога и јас ојдех до него кога има шо да видам ништо се црно..и само викам си ок не паничи саа и вадам телефоно и сликам ии коа ја видееме сликата има шо да вимеме на сликата имаше ко жена у црно со долга коса и ние одма ролерките у раце боси по сакали вратата ја заклучив и клучот так кај шо го ставаме ии шпринт надоле по саклите да не нема..ии после незнам ми беше страв да се качам најгоре..и од тогаш почнав де верувам во духови..:worried: