Од вчера почна да се пишува дека во групата на хороскоски знаци се појавува нов, тн. Змијоносец. Не само што добивме нов знак, туку се друго се поремети Во други зборови, ако сте биле овен, сега ќе бидете риби.Овој знак е сместен помеѓу Скорпија и Стрелец. ``Астрономот Парке Канкл вели дека констелацијата на планетите и промената на положбата на Земјата, довела до измена на системот на хороскопски знакови, пренесува "Хуфингтон Пост". Наводно, датумите кои ги одредуваат знаковите се погрешни, бидејќи положбата на планетите и соѕвездијата, од времето на појавувањето на астрологијата до сега значително се има променето. Бидејќи поделбата на 12 хороскопски знакови е направена од пред 3000 години, Канкл вели дека е потребно да се земат предвид овие промени и во системот да се вброи тринаесеттиот знак - Змијоносец (Ophiuchus).`` Јарец: 20 јануари- 16 февруари Водолија: 16 февруари- 11 март Риби: 11 март- 18 април Овен: 18 април- 13 мај Бик: 13 мај- 21 јуни Близнаци: 21 јуни- 20 јули Рак: 20 јули- 10 август Лав: 10 август- 16 септември Девица: 16 септември- 30 октомври Вага: 30 октомври- 23 ноември Скорпија: 23 ноември- 29 ноември Змијоносец: 29 ноември- 17 декември Стрелец: 17 декември- 20 јануари ``(превземено од zazabava.com) Што вие мислите за новиот знак и промена на вашиот?
Воопшто не се чувствувам како Бик и немам ни една особина на Бик, НИ ЕДНА. Всушност не функционирам добро со Бикови. Мислам дека ова е грешно, имам слушнато за неточност на хороскопот порано, но со неколку дена и не за нов знак. И јас пред некој ден читав за ова, но сега кога гледам дека сум била Бик, многу апсурдно ми е. Јас не ни сакам Бикови! (Без навреда за тие што се Бикови, не сум крива што Биковите кои ги знам ми оставиле таков впечаток )
не верувам некако,јас сум близнаци и имам еден куп особини шо се карактеристични за близнаците.според овој нов хороскоп би требало да сум бик,а со биковите богами ништо не ме поврзува.
Незнам колку е точно ова тврдење,меѓутоа јас од порано имав слушнато за промена на хороскопот,во моментов неможам да се сетам што точно,мислам каква промена,дали беше со поместување на хороскопските знаци или пак со додавање на уште еден знак,иако мислам дека сето ова имаше некаква поврзаност со календарот на Маите,со фамозната 2012 година,но не сум сигурна Сепак хороскопот е стар со векови,па сега нагла промена на истиот не ми делува како вистинито,иако незначи ако еден научник само кажува свое мислење,истото да биде точно,но за да биде точно,нормално тоа треба да биде докажано и од други научници.Затоа што за да биде точно нечие истражување,тоа треба да биде поткрепено со докази,потврдено,инаку нема никаква важност.
Па не ни пишале што карактеристики ќе има тоа чудо Коа ќе ме прашаат Што си во хороскоп?-Змијоносец Какво е само името,шубе ме фаќа...Ќе кријам јас дека сум змијоносец
Да бе глупости живи....еден знак трае 40 дена а шкорпија САМО 7 дена Според овој новиот хороскоп ја саум шкорпија ( а немам никакви сличности со шкорпија...не ни сакам да имам) Така да ја ќе си се водам според стариот и сум си СТРЕЛЕЦ
И мене не ми се свиѓа, јас си останувам бик (најомарзениот знак според мои статистики ) али тоа е, цел живот така сум била и оп сеа ќе менеле, е неможе!
хах и јас се погодувам да бидам Змијоносец во хороскоп и ич ич не ми се допаѓа тоа.. јас сум типичен стрелец и тоа дупли.. и тоа ке си останам, не го сакам новиов знак..
Леле ај глупости со ова знаците сега ќе си се менуваме арни сме си овие знаци......22 години сум еден ист знак сега наеднаш јас ќе бидам рак...некако ќе неможам да се адаптирам,а како што некој спомна ова веќе стара информација и не ми е баш вердостојна!!!!!
И јас повеќе се карактеризирам во знакот на Овен, а не на Риби. Добра функција имавме со старите знаци, така што јас ќе си останам гордиот, борбен Овен А за веродостојност на информациите, па, од вчера поинтензивно започна да се дискутира на оваа тема. Не само по македонските сајтови. Вистина е дека секој може се да каже и измисле
Тууу, ама сте против бикот. Јас сум си бик, не го признавам овој нов хороскоп. Тотално си се пронаоѓам во знакот