Дали на некој од вас им се има случено да цртаат очи или друи нешта опсесивно... ? Еден период непрекинато цртав очи каде кје стигнев таму... Незнам што и како и зошто беше, но по извесно време престанав...
Цртав очи непрекинато аууу ме врати години наназад цртав цветчиња ама тоа кога бев средно.сегде имав цветичи по клупи по тетратки на нокти абе кај стасав се цвет нацртав
Цртав очи непрекинато Јас пак најчесто се потпишувам Или целото име и презиме или пак само краткиот потпис. Инаку исто така знам ако начекам лист и пенкало да си цртам цветчиња и срциња. Еднаш, некаде прочитав какво значење имаат таквите цртежи но не се сеќавам каде.
Цртав очи непрекинато Насекаде цртам очи, незнам ни самата зошто, а кога бев средно цртав цветчиња на секој час кога ќе ми беше досадно, ги шарав сите тетратки, а на ноктите исто како катерина777 си цртав цветчиња со стила во различни бои
Цртав очи непрекинато Јас па секаде смајлиња цртам...во зависност од расположениото...тажни, весели, неутрални хехе
Цртав очи непрекинато Мислам дека не е нешто сериозно, и јас секогаш кога имам прилика цртам само очи, ги имам со остри со меки линии, овални, понезаоблени, со црвени зеници, со солзи итн.
Цртав очи непрекинато исто и јааас хахах леле не ми се верува,и јас во сите тетратки само едно по едно око
Цртав очи непрекинато буквата L латиница ,совршено , без престан, врска немам зошто ама постојано ја цртам.Инаку ниту јас ниту пак некој мој познат се викна на L
Цртав очи непрекинато Јас пак срциња така нон стоп цртав,кога имав можност да отворам тетратка ..и тоа broken hearts повеќето ми беа..Па мислам дека тоа има нешто со нашата психичка состојба,што знам...
Цртав очи непрекинато јас цртам различни фигури,во зависност од расположението... срциња,коцки,очи,пајажини,цвекиња,заоблени линии , заострени агли,геометриски фигури,...од се по нешто имам во тетратките Спојлер баш пред некое време најдов дека цртежите имале некое значење,па еве ако ве интересира читнете и вие http://www.me-chitash.com/zabava/zabava ... razotkriva http://www.me-chitash.com/zabava/zabava ... -gi-crtate
Цртав очи непрекинато Јас постојано цртам геометриски тела-коцки најчесто. Или си го пишувам името, потписот, а некогаш цртам и срциња, може и скршени во зависност од ситуацијата.
Цртав очи непрекинато јас од како знам за себе цртам цветови,и да несакам едноставно раката и умот го сакаат тоа,смешно да,меѓутоа пред многу години прочитав дека таквото цртање,или цртање на некоја одредена работа имаше значење кое е поврзано со деновите кога сме била поприлично мали и преку она што непрекинато го цртаме всушност ги искажуваме во најголем дел некои неубави ситуации или трауми од детството.Верувале или не тоа е вистината...е сеа искрено неможам да се сетам што значеше цртање на цветови,ама баш сега ке се обидам да најдам на нет... поздрав