ПРЕВЗЕМЕНО ОД ИДИВИДИ Вангелија Гуштерова, позната како Баба Ванѓа, е една од најпознатите пророци во историјата. Самото нејзино име Вангелија, преведено од грчки јазик значи „Гласник од Благословениот Свет“. Нејзините способности за предвидување се појавиле откако останала слепа како мало девојче и од тогаш многу луѓе ја бараат нејзината помош. Нејзината дарба како јасновидец и претскажувач била посебна. Таа видела многу работи и покрај тоа што била слепа, можела да зборува со цвеќињата и да посетува различни места на земјата. Таа не се плашела од смртта и велела дека не постои смрт. „После смртта телото се распаѓа, како и сè што е живо, но делот од телото, душата или како да го наречам, не се распаѓа. Зборувате за повторно раѓање. Не знам што е тоа. Она што останува од човекот, тоа е душата, која продолжува да се развива во повисоки нивоа и тоа е нејзината вечност“. Баба Ванѓа сметала дека човекот се раѓа за да прави добри дела. Според неа ниедна лоша работа која ја направил човекот, не останува неказнета. Секогаш следува казна, ако не на оној кој сторил лошо, се одразува на неговите деца. Баба Ванѓа почина на 11-ти август 1996 година. Таа ја знаела точната дата на својата смрт, и пред да почине рекла дека дарба како нејзината наследило 10-годишно слепо девојче кое живее во Франција и за кое наскоро ќе слушнеме. Многу познати политичари, меѓу кои и Хитлер, ја имаат посетено. Тој излегол видно вознемирен од нејзината куќа. Најстрашните предвидувања на Баба Ванѓа се за нуклеарната подморница на Русија, Курск која потона во август 2000 година, за која таа уште во 1980 година предвиде дека ќе предизвика катастрофа. Таа ги предвидела и нападите на Кулите Близначки во Америка уште во 1989 година каде рекла дека невина крв ќе биде пролеана. Меѓу останатите предвидувања за иднината се: 2008 - Обиди за атентат на четворица претседатели. Конфликт во Индонезија кој ќе биде причина за почетокот на Третата Светска Војна. 2010 – Почеток на Третата Светска Војна, во ноември 2010 и ќе трае до октомври 2014. Ќе почне како обична војна, но потоа ќе биде користено нуклеарно и хемиско оружје. 2011 – Поради радиоактивното зрачење, на Северната хемисфера нема да има животни и растенија. Муслиманите ќе започнат војна со хемиско оружје против Европејците кои се уште се живи. 2014 – Поголемиот дел од луѓето во светот, ќе имаат рак на кожа и други болести поврзани со кожата. ( како резултат на војните) 2016 – Европа е скоро празна. 2018 – Кина станува новата светска сила. 2023 – Орбитата на Земјата постепено ќе се менува. 2025 – Европа е се уште одвај населена. 2028 – Развивање на нов извор на енергија. Гладот полека престанува да биде проблем. Се развива вселенски брод со пилоти за Венера. 2033 – Топење на поларниот мраз. Расте нивото на океаните во светот. 2043 - Светската економија е во подем. Муслиманите владеат со Европа. 2046 – Секој орган може да биде произведен. Размената на човечки органи станува секојдневен метод за лекување. 2066 – За време на нападот на Рим, кој е под контрола на Муслиманите, Америка користи нов метод на развивање на оружја, кој влијае врз климатските промени, смрзнување. 2076 – Нема класно општество (комунизам). 2084 – Обновување на природата. 2088 – Нова болест. Луѓето остаруваат за неколку секунди. 2097 – Пронајден лек за оваа болест. 2100 – Човечки направено Сонце ја осветлува темната страна на Земјата. 2111 – Луѓето стануваат роботи. 2123 – Војни меѓу помалите земји. Големите земји не се инволвираат. 2125 – Постои глад, и ќе се добијат сигнали од вселената. (Луѓето уште еднаш ќе се сетат на Баба Ванѓа). 2130 – Колонии под вода. (совети од вонземјаните). 2154 – Животните стануваат пола-луѓе. 2167 – Нова религија. 2170 – Голема суша. 2183 – Колонијата на Марс станува нуклеарна нација и бара независност од Земјата. 2187 – Успешно се стопирани две вулкански ерупции. 2195 – Колониите во морињата се целосно снабдени со енергија и храна. 2196 – Комплетно мешање на Азијците и Европејците. 2201 – Термонуклеарните реакции на Сонцето се забавуваат. Температурите опаѓаат. 2221 – Во потрага по вонземски живот, луѓето се соочуваат со нешто застрашувачко. 2256 – Вселенските бродови носат нова застрашувачка болест на Земјата. 2262 – Орбитите на планетите почнуваат прогресивно да се менуваат. Марс е под закана од удар на комета. 2271 – Микс од жолта, црна и бела раса. Нова раса. 2279 – Енергија од ништо. (најверојатно од вакуум или црни дупки). 2288 – Патување низ времето. Нови контакти со вонземјани. 2291 – Сонцето се лади. Се превземаат обиди за негово обновување. 2296 – Сонцето свети. Силата на гравитацијата се менува. Старите вселенски станици и сателитите, почнуваат да паѓаат. 2299 – Во Франција, има партизан кој се крева против Исламот. 2302 – Се откриваат нови важни закони и мистерии за универзумот. 2304 – Мистеријата за Месечината е разрешена. 2341 – Нешто застрашувачко од вселената се приближува кон Земјата. 2354 – Несреќа со едно од човечки направените сонца, ќе резултира со суша. 2371 – Огромна глад. 2378 – Нова и брзо растечка раса. 2480 – Двете сонца направени од луѓето ќе доживеат колапс. Земјата е во темница. 3005 – Војна на Марс. Траекторијата на планетите се менува. 3010 – Комета ќе се забие во Месечината. Околу Земјата ќе има појас на карпи и прашина. 3797 – До оваа година, сè што живее на Земјата, умира. Но луѓето се способни да започнат нов живот на нов ѕвезден систем.
Верувате ли вие во овие предвидувања на баба Ванѓа? Голем број од вас ке кажат дека тоа се чисти глупости, но земете го во предвид фактот дека се што има предвидено до сега се остварило. Еве и еден случај за способноста на баба Ванѓа. Мајка ми пред мене имала уште една керка која на 3-годишна возраст починала од леукемија. Мајка ми и татко ми по овој немил настан решиле да одат кај баба Ванѓа во Бугарија. Тогаш јас уште не сум била родена. Кога отишле таму баба Ванга почнала да зборува дека сестра ми е на многу убаво место и дека некој човек Георге ја држи за рака (тој бил дедо ми кој починал во тој период). Исто така и рекла на мајка ми дека ке има уште едно дете кое ке биде многу приврзано за неа, само воздухот ке го дише без неа. (за мене) Тоа се остварило. Подоцна на мајка ми прва братучеда и починало детето и таа исто така решила да оди кај баба Ванѓа. Нејзе и рекла дека нејзиниот починат син и порачува да не плаче за него бидејки многу ја сака. Исто така рекла дека нејзиниот син бил заедно со неговата почината баба Венера. Ова можеби нема да ви се чини чудно но сепак е вистина бидејки се случило на близок член на семејството. Не е некоја случка за која сум чула од некоја трета особа. Земете го во предвид фактот што баба Ванѓа знаела како починале децата и знаеле как им се викаат бабата и дедото со кој се држеле за раце.
hock: hock: hock: hock: hock: ова не ми требаше да го прочитам :? леле за какви глупости си се нервирам секојдневно....а за некоја година што не чека....ете и да не е се ова 100% вистина има добар процент што реално уште од сега може да се согледа дека така ќе биде ilent: епа ЖИВЕЈТЕ НАЈДОБРО ШТО МОЖЕТЕ ДОДЕКА МОЖЕТЕ :roll:
Ги знам предвидувањата на баба Ванѓа,имам прочитанои книга за неа,но тоа што го предвидела не ми се верува дека ке се оствари,а и мислам дека нема,затоа што е тоа научна фантастика,ке имало трета светска војна,ај за ова некако иде,ама за настанување на сонца,дека Европа ке била празна,па ке заболеле луѓе од рак,ке се појавела нова болест односно брзо ке остареле луѓево и што уште не.Како прво мислам дека баба Ванѓа не комуницирала со никакви вонмземјани,не е можно да предвиди до 3700 и каква ке била земјата.Добро земјава е стара и што уште не издржала,климатски промени,вакви онакви луѓе,што уште не,па ете уште постои,никој не може да знае што ке се случува во 2013,14,15 итн.Единствено верувам малце во она што го предвидел Нострадамус ете и делумно да речам во тоа дека ги лекувала и им помагала на луѓето баба Ванѓа а во нејзините пророштва не,најискрено,посебно за тие работи,трета светска војна,муслиманите ке владееле итн.Моментално а и незнам од кога некој што владее со светов се Евреите.А за пропаст на светов ние луѓето си ги правиме работите сами и после не земјотреси ке има,се ке има,со нашиот памет со кој сме стасале далеку,до толку дури и да убиваме едни фоки,животни,не само фоките.Мислам незнам што да кажам освен дека сме го стасале дното.За војни и не ме чуди тоа предвидување а за другото скептик сум.
Да се верува или не, или едноставно да се препушти на чудење додека ги читаме сите тие години и (за мене) научно - фантастични наслови за нова приказна која ќе го освои светот. А од каде толку многу знае баба Ванѓа? Значи, таа е бајачка. Нејзината внука имаше напишано книга за неа, нејзиниот живот, работа, дела, случувања. Но имаше и напишано дека сета таа моќ на проѕирливост на работите не била туку така дојдена во нејзини раце. Внуката на баба Ванѓа го потврдила она што самата баба го кажала - таа комуницирала со ѓаволот. На вас е оставено во што ќе верувате. .. како и да е.. еве нешто интересно
Тоа де....нема ништо добро во овие предвидувања,зар ништо убаво нема да се случи?Значи ако имаме среќа да се извлечеме со рак на кожа добро ке биде а?....глупости моеби и ја предвидува жената иднината ама пак може и овие податоци не се точни,одкаде пак дека баш ова го предвидела,можеби кажала дека рајот ке се симне на земјата, :roll: :?
епа ако сето ова е вистина и преживееме низ се..... нашиот животен век би бил најмногу до 2080 година преку сила...а гледам според ова набројаново на европскиот континент се најголемите катастрофи....ајде да си се преселиме на друг континент, може полесно ќе поминеме шала на страна само Господ знае што не чека и што ќе се случи во иднина....мене ова напишаново донекаде и не ми е верно...може има некој процент вистина ама 100% нема шанса :?
Имам слушано дека им помогнала на многу луѓе. Имаше случај во Македонија со изчезнато девојче, го бараа со месеци, на крај отидоа кај баба Ванѓа и им посочи некое место каге го нашле нејзиното тело таму. Јас сум била мала, моите ми кажуваа, имало на вести. Знам дека предвидувањата што им ги кажувала на луѓето се покажале како вистинити, ама во ова предвидувањава глупави, па баш и не верувам.
GORDE VO RED E TVOETO MISLENJE NO TOCNO E DEKA VLADETELITE SO SVETOT SE EVREITE,MASONI STO BI SE REKLO,I ROKFELER I ROKFILDS,I DA NE GI NABROJUVAM,ONI DIKTIRAAT SE SE EVREI
Некако се каа шо го прочитав ова иако не верувам у бајачки и предвидувања знаеме дека жената ја бивало е сега колку имала добри намери и дали била со Господ или Ѓаволот у секој случај ние ќе бидеме сведоци
Каква војна во 2010 луди ли сте. Ќерка ми е три месеци, цел живот е пред неа... НЕСАКАМ да верувам во ова не...
Шо ми требаше да го читам ова А можда и не е вистина Go-Girl се согласувам со тебе,јас си бегам во Кина. Се трудам да не се измачувам со бакви работи ама не можам.
не верувам многу во овие работи. ПОсебно не во предвидувања во стилиот на баба ванѓа, нострадамус и.т.н. едноставно не може да се види нешто што се уште не се случило...
hahahaha interesna rabota, vistina slusav za baba vangja ali ne znaev deka gi predvidela site godini!! hahaha interesno mnogu znaci lugje, spremajtese imame normalen zivot do noemvri hahahaha ajde be sto e pisano ke bide!! porano iskreno mn veruvav i se plasev duri ali sega stvarno interesno mi deluva!! steta sto nema da ziveam vo podvodnite kolonii !! interesna rabota e toa xD