сонував дека зборувам на телефон со еден штипјанец со кои не сум баш у најдобри односи и ме прашуваше нешто за математика и за факултетот мој.. а он е на сосема друг..
Сонував дека треба да одам на факултет,... како нов студент и се друго,,.. и мајка ми ме однеле во некоја куќа, но цел пат ме носеле со врзани очи и ми рекла нешто као, еве ти ја изнајмивме седи тука,... а ние ќе одиме да видиме во која населба си и јас сум седела, куќата била потполно празна, само со плочки и свежо офарбани ѕидови... кога се вратиле, ми рекле... немој да се лутиш но, моравме да те однесеме да студираш во штип, не можеме во скопје и сум почнала така луто и силно да врескам, сум ги буткала и сум се обидувала да избегам, па сум плачела боже боже, ќе ме поулават со матура и со факултет мислам
Сонував како сум се запознала со некој дечуљак и веднаш следел бакнеж.... Донт аск Но многу кратко, неколку минути подоцна со другарките сум бегала од него затоа што не бркал опсесија развил чоекот Сум избегала некако, но што значи ова? Туф ко сапуница ова
Сонував као во некој океан пливам(со нечиста вода) со една девојка која првпат ја гледав во сонот,која попрво ќе стигне до брегот кај што се гледале куќички.јас сум водела,ама која прва стигнала незнам. потоа сонувам како сум родила две дечиња близначиња една машко едно женско,тие веднаш пораснале,и сме ги чувале со татко ми(кој е починат 3год ) знае некој што значат???
Матна или нечиста вода е лошо, можеби загуба на драго лице или тешкотии од кои ќе сакаш да излезеш, меѓутоа ќе треба време. Близнаци се среќа, а мртовец различно се толкува, некогаш значи тага и болест, а некогаш викаат дека тоа не е човекот што го сонуваш (во случајов татко ти), може да е ангел со некаква порака, а ако те вика мртовец со него, тогаш е ѓавол.
Mене ми кажаа дека нечиста вода е убво а чиста не е убаво,и плус прочитав на нет на толкувач на сонови,да не се смеша?
Сите различно толкуваат, кога ќе ја прашам мајка ми ми кажува едно, баба ми друго, а на интернет трето. Еве ти еден линк оди кај вода и ќе видиш дека за матна вода пишува дека е зло. http://www.riznica.com.mk/Sonovnik/bukva/%D0%92
Eden Sovet...sonot i se raskazhuva samo na nekoj blizok sto i veruvas i ne vi preporacuvam da napisete sto ste sonovale posto ne e dobro , no pak vie si znaete pozzz
нокеска сонував како сум била со мојот слеп дедо на базен и ја сонував мајка ми и јас како сме биле во некоја си ептен луксузна продавница каде имало статуетки, и ми се бендисала некоја си вечерна чантичка која била преубава но и прескапа, чинела 77илјади 727 денари, а на чантичката биле извезени баклави во сребреста боја а таа била тегет што ли може да значат соновите?
Не е вистина тоа!!! Еве значење на невеста...: http://sanownik.sdobreff.com/sanovnik.p ... 1%81%D0%B8
А знае ли некој што точно значи да се сонуваш себе си со долга,темна коса(мојата е кратка и светла) ??
Благодарам многу,но сепак по ова решив да не верувам многу во сонови.Сите различно кажуваат-бабини деветини.Најчесто го сонуваме она што ни се случило и на она што мислиме или пак сонуваме некој и по некој ден го сретнеме во град .Но толкувањето на знаците во сонот е безвезално
Мене соновите секогаш ми го кажуваат вистинското. Сама си ги толкувам соновите. Кога сум сонувала долга коса навистина сум имала маки. Сега за секој различно
ТОРБА патување во неизвесност; полна торба - не правете се важни без потреба; празна торба - мислете малку и на иднината; нова торба - поволни вести. ТОРБИЧКА ќе откриете некоја тајна; ако ја изгубите - ќе имате непријатности поради долгови. еве нешто за торба