1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Топ 10 фобии

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од SanjaKirchner, 5 мај 2011.

  1. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    760
    1. Арахнофобија

    Арахнофобијата претставува страв од пајаци; тоа е најчестата фобија и од неа страдаат голем број на луѓе, во помала или поголема мера. Луѓето со арахнофобија чувствуваат силно чувство на немир кога ќе се соочат со пајак, а исто така можат да се јават и телесни симптоми како потење и треперење секогаш кога ќе видат пајак. Арахнофобијата е почеста кај жените отколку кај мажите.

    2. Акрофобија

    Акрофобијата претставува страв од височини. Овој страв е тесно поврзан и со други фобии, како стравот од паѓање. Повеќето луѓе со акрофобија постојано избегнуваат да одат на повисоки места, бидејќи таквите посети кај нив предизвикуваат непријатни психолошки и физиолошки симптоми. Акрофобијата е многу честа, и повеќето луѓе општо земено чувствуваат страв од височини, повеќе или помалку.

    3. Клаустрофобија

    Клаустрофобијата е страв од затворен простор; вообичаено кај луѓето се развива овој претеран страв како резултат на чувство на заробеност. Луѓето со ова нарушување, особено ако истото е поизразено, избегнуваат да одат во затворени простори како пештери, тунели, па дури и лифтови

    4. Аерофобија

    Аерофобијата е страв од летање. Многу луѓе страдаат од ова нарушување, и поради истото тешко се решаваат на патување со авион. Аерофобијата предизвикува силно чувство на нервоза и паника. Самото влегување во авион може да биде доволно некои луѓе да добијат напади на паника, меѓутоа паниката најчесто ги обзема овие луѓе при самото полетување на авионот, како и при приземјувањето, а се разбира паниката е многу поинтензивна кога авионот минува низ турбуленции.

    5. Некрофобија

    Тука станува збор за постојан страв од умирање или пак од мртви луѓе. И на повеќето луѓе не им се допаѓа помислата на смртта, но луѓето погодени од ова нарушување развиваат вистинска опсесија со смртта. Понекогаш овој страв е поврзан и со стравот од непознатото. Во најтешките случаи овие луѓе не само што се вознемируваат кога ќе видат мртовец, туку и кога ќе видат мртво животно, или пак кога ќе видат мртовец во весник или на телевизија доживуваат напади на силна вознемиреност.

    6. Страв од темнината

    Стравот од темнината уште е познат и по името никтофобија или скотофобија. Најчесто овој страв се јавува во периодот на во детството; повеќето луѓе го надраснуваат овој страв како што созреваат, но кај некои тој останува и во возрасниот период. Стравот од темнина може негативно да се одрази на навиките за спиење кај личноста, како и врз социјалните навики воопшто

    7. Офидиофобија

    Офидиофобијата претставува страв од змии. Повеќето луѓе се плашат од змии, но некои луѓе чувствуваат силни симптоми на вознемиреност при самата помисла на змии, а не дај Боже и навистина да видат една.

    8. Страв од забар

    Сите ние се чувствуваме нелагодно при посета на забар, но некои луѓе штом ќе седнат на столчето добиваат вистински напади на паника, па така овие луѓе прават се што можат за да не отидат на забар, дури и кога навистина имаат потреба од такво нешто. Оваа фобија се развива како резултат на негативни искуства од минатото, како и на страв од болка.

    9. Кинофобија

    Кинофобијата е страв од кучиња. Овој страв речиси секогаш се јавува како последица на непријатно искуство со куче во минатото, како на пример ако личноста како дете била нападната од куче. Но покрај тоа, кинофобијата може да се развие и како последица на негативното претставување на кучињата во филмовите или телевизиските содржини.

    10. Хемофобија

    Хемофобијата е страв од крв и од крвавење. Повеќето луѓе кои што страдаат од оваа фобија се плашат од крв поради негативната претстава за крвта и крвавењето со која што се стекнуваат преку медиумите. Но вообичаено оваа фобија се развива и како последица на непријатно искуство од минатото.

    Од сите 10 највеќе имам страв од забар :D но исто така и од височина и затворен простор.
    Како може стравот да се надмине (ако воопшто може) :?:
     
    На gochhe му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ај некако за пајаците :D изгледа и тоа имам, а за акрофобија и клаустрофобија да, тие две ги имам :worried:
     
  3. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.353
    Допаѓања:
    8.288
    Пол:
    Женски
    Имам акрофобија и аерофобија овие две логички заедно одат бидејќи кога имаш страв од висина нормално дека ќе имаш страв и од летање.

    Аерофобија-мислам дека можеш да собереш храброст да леташ со авион но сепак си нервозен цело време, ова го зборувам од лично искуство... Кога летав со авион ми се чинеше дека секој момент паѓам или секој момент може да се случи нешто лошо со авионот... Едноставно не можев да патовам спокојно. Истото ми се случува и кога некој близок лета со авион цело време ми е кај него умот.

    Најголема фобија имам од кучињата т.е. кинофобија едноставно не можам да поминам покрај нив цело време си мислам дека ќе скокне врз мене колку и да е мирно кучето.
     
  4. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    5 6 7 се мои фобии :( :( :( :(
     
  5. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    6.821
    Пол:
    Женски
    Јас сум клаустрофобична уште од мала.
    Имам страв од инсекти,но не до таа мера за да имам фобија од нив и да не можам ниту да ги погледнам.
    Стравот од затворен простор ми создава многу мачнини,грди чувства,некогаш и солзи.Помнам уште кога бев помала тато многу ме задеваше,ме гушкаше и како да снемував воздух,плачев на цел глас дур да ме пушти.Не можам да поднесам да сум затворена и не можам да поднесам да не можам да мрднам макар да е со најмалото прсте од ногата.
    Го гледав трејлерот на жив закопан филмот и не можев да го догледам до крај,се прашувам како му било на тој што го снимал тоа,страшно. :^)
     
    На Sara123 и SanjaKirchner им се допаѓа ова.
  6. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Офидиофобија :| многу се плашам од змии. Два пати имам дојдено во близок контакт со змија како мала и сега ми се останати трауми. Во едниот наврат за малку и ќе седнев на неа. Цела среќа што братучетките ја забележаа на време.
    Едноставно ги мразам и многу ми е језиво кога ќе видам некоја. Еднаш се излажав да фатам питон во раце и да се сликам со него, после тоа два дена јадев со салфети на рацете :puke:
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Кинофобија - премногу ми е страв од кучиња :(
     
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Фобија од колоквиумска недела
    Други немам!
     
    На LittlePinky, Sara123, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  9. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    760
    аууу филмо е језив јас успеав само првите 15 мин да го гледам и толку, мислев дека јас сум затворена рррр лошо чуство ;(
     
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Имам фобија од темнина. :sweat: Уште од мала сум таква и тешко можам да заспијам во темна соба.
    Клаустрофобија-избегнувам гужви, тесни простории и скоро никогаш не се качувам во лифт.
     
  11. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
    6 од 10....арахнофобија, акрофобија, клаустрофобија, офидиофобија, страв од забар и хемофобија... :sweat:
    Мислам дека е време да се обратам кај психијатар :fubar:
     
  12. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    При самата поисла на забар морници ме лазат. Ако некој знае како да се надмине ова нека пише.
     
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Што сакате правете ми само во лифт не бутајте ме пак и да ми велите аха, се заглавивме :) во таква ситуација, прво срцево лупа триста на саат, прерипува по некој интервал, два-три, воздух ми однемува, почнувам да се гушам, зеници ко пуканчиња ќе ми испукаат, и почнува веќе панично дрдорење дека е готово, крај на светот, поредна 99499490966539459 апокалипса :). Кога бев помала дури и кога ја соблекував блузата така се чувствував, доколку ми се заглавеше на главата, сеедно некој ми ставил ќеса врз мене да ме угуши. :) Тоа ќе да е, во минатиот живот така ме докрајчиле цццц
     
    На Flower27 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Јас имам страв од кучиња.Што е најинтересно не ми е отсекогаш тој страв,ми се има појавено пред некои можеби десетина години.И немам доживеано никаква непријатност ниту ме има каснато куче,и самата незнам како и зошто ми се појави овој страв така наеднаш.Можеби некогаш некое лаење од куче ме има исплашено,незнам,но знам дека кога бев мала,спокојно си минував покрај кученца,па дури и поголеми кучиња,што не е случај сега.Сега ми е страв и од мало кученце,страв ми е да поминам покрај нив.
     
  15. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Кинофобија :( Страв ми е од кучиња :tmi:
     
  16. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Некрофобија имам и тоа преголема...Освен што се плашам дека ќе умрам(јас или моите блиски) се плашам од мртво тело...Не дај Боже да налетам на погребна поворка - нема да ме освестат од кома..
    Имам и клаустрофобија - се сеќавам кога бев мала си играв со братучедите и некој од нив ме затвори во шифоњер полн со облека...Тој стрес ќе го паметам дури сум жива...
     
  17. BlueEyess

    BlueEyess Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    На мене ми е страв од :
    -ОГАН НАЈВИШЕ :sweat:
    -губење на некој близок ;(
    -вадење заби(не забар) :doh:
    -ретко кога ама можам многу да испаничам кога
    сум во близина на бубачки(обично сум многу смирена) :|
     
  18. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Офидиофобија
    навистина за мене е прав кошмар, пред некое време ќе умрев на лице место од толкавав страв, фала Богу живеам во место кј што потешко се наоѓаат такви ствари (змии) али е ужасно страшно....не можам веќе
     
  19. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    760
    Велкоме :D мене ме дрѓат на столчето за да не избегам оти имам си ги тие :rofl: а помош мислам дека нема, цел живот си имам стра и никогаш мислам дека нема да го надминам ;(
    Ај ке се надеваме можеби некој ден :*
     
  20. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    1.Акрофобија - аууу страв од височини... овој страв незнам како би го надминала, кога гледам од тераса од малку повисоко надоле се тресам и мислам секој момент ќе се превртам ако не застанам едно метро поназад, а еднаш со цел памет за инает од стравот се качив на гондола да се возам, ако не умрев тогаш незнам кога, после од кога слегов едвај одев 15 мин неможев да се совземам :| :| :|
    2. Клаустрофобија - посебно лифтови избегавам
    3. Офидиофобија - страв од змии... :| :| :| дури и од црви ми е језиво, а ми било страв кога видов дека луѓе се сликаат со змија ако што се безбедни... мене нозете ми се пресекоја, и кога ќе видам на тв ауу страшно.. сега ми е иу што пишувам :|
    имам уште неколку фобии ама овие три ми се........