1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вампири

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од SEKSI.BARBI, 4 јули 2012.

  1. SEKSI.BARBI

    SEKSI.BARBI Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    43
    Дали верувате во вампири и што знаете за нив?
     
  2. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    не верувам во вампири а знам мн приказни :) сакаш да ги читаш пред спиење?
     
    На SEKSI.BARBI му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SEKSI.BARBI

    SEKSI.BARBI Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    43
    еве јас ќе прикачам по нешто па кој сака нека се приклучи и нека додаде уште нешто

    Вампир претставува демонско битие кое по смртта станува од гробот повиткано во бело платно, општата претстава за вампирот е и гајда (мев) полна со крв, која се тркала како топка. Според некои верувања вампирот бил невидлив освен за посебно обдарените, според некои бил како сенка, некои тврделе дека личел на човек, но бил создаден само од кожа и крв, наместо нос имал дупка, наместо очи имал црвенило како оган, имал големи заби, а некаде се зборува за отсуство на екстремитетите. Постоело и верување дека доколку некое животно го прескокнело починатиот пред да се повампири, тој можел да се трансформира во неговиот облик. Во Србија, Босна и Хрватска постои верување дека вампирот може да се претвори во пеперутка, бидејќи во бдеењето над покојникот најтешко било да се заштити телото од прелетување на пеперутките и другите инсекти. Вампирот има свој дом, тоа е гробот, а го напушта само ноќе. Само во сабота и при задушниците тој не може да го напушти гробот. За ова имаме и запис од Марко Цепенков:
    “ Гробието од вапирите имале една дупка, што си оделе во сабота да си лежат, чунки непендек било ете вапир во сабота не одел по куќите да праи зулум.
     
    На angelche16, Twinkles, LovelyGirl3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    а ти веруваш дека постојат вампири?
     
    На Juccy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SEKSI.BARBI

    SEKSI.BARBI Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    43
    па можеби и посојат но не онакви какви што се претставени во филмовите и книгите туку како некои морничави суштества скриени некаде во ноќта...

    Настанување на вампир

    Кај повеќето Јужни Словени претставите за вампирите, нивното настанување и одбраната од нив се мошне слични, но не и идентични. Во Србија и Босна постоело верување дека вампирот настанувал од мртовецот во кој влегувал некаков ѓаволски или нечист дух поради причините кои понатаму ќе ги проследиме. Во Бугарија постои верување дека вампир настанува од секој неискапен мртовец. Поради тоа капењето на мртовецот има ритуално значење, секогаш го обавуваат возрасните од полот на починатиот, капењето се обавувало со вода и босилек и вино. Таа вода се фрлала далеку од домот бидејќи се сметала опасна за живите, а забележано е дека се употребувала и во црната магија.
    Во некои краишта на Босна, Србија, Бугарија, Македонија е запомнето дека мртвите се премачкувале со вино и масло. И неоплаканите и неопеаните, како и некрстените (најчесто мали деца) биле сметани како подобни за повампирување. Исто така се верува дека се повампируваат луѓето кои никогаш не биле прободени, мртвите преку чие тело се ракувале луѓето, или доколку преку мртовецот или неговиот гроб преминела мачка, пес, глушец, птица. Како заштита од таквата можност воведено е бдеење над покојникот. Гробот на мртовецот се копал во денот на погребот со верување дека не смее да ноќева отворен токму поради можноста неке животно да влезе во него и да предизвика повампирување. И тажалките и оплакувањето на мртовецот подлегнувале под обредните кодекси како превентива од повампирување, ноќе не смеело да се оплакува мртвиот, исто така пред да биде подготвен за погребување не смеело да биде оплакуван. Од истите причини на мртовецот морале да му се затворат очите, а никој од погребната поворка не смеел да се сврти наназад.
    Се верувало дека и анатемисаните и отфрлените од црквата и заедницата, потоа луѓето родени во нечистите (некрстените) денови, децата родени од мајка која во бременост јадела месо од умрено животно (без да е заклано и да му истекла крвта), луѓето кои по телото имале рани, исто така се повампирувале доколку раните не им биле исчистени со врело вино или масло. Во некои краишта се верувало дека и луѓето кои во животот правеле зло, убијци, крадци, развратници, алкохоличари и бајачки и гатари кои се бавеле со црна магија стануваат вампири. Како мерка за предострожност на покојниот во некои краишта му биле затворани усните, ноздрите и ушите со памук, а во Родопите (Бугарија) забележан е обичај врз мртовецот да се оставаат метални предмети од огништето, некаде се пали гробот два- три дена по погребот, бидејќи верувањето во огнот како апотропејно средство било вкоренето во нашите претци.
    Луѓето кои починале од неприродна смрт, давење, убиство, самоубиство, погодени од гром, паднати од карпи според старите закони за погребување биле погребувани надвор од гробиштата без црковен (верски ритуал) и се сметало дека и тие се претворале во вампири или почесто во зли духови, сеништа.
    Како превентива против повампирување во местото каде што починал човекот биле заковувани железни предмети, неретка била и практиката на мртовецот да му се забие метална шајка во стомакот или петицата, поретко во дланката. Со ова е поврзано верувањето дека доколку кожата не е цела ѓаволот од неа не може да направи гајде во кое ќе се движи лошиот дух или вампир. Некаде на местото каде што починал човекот било кршено јајце, некаде тоа се правело врз неговата глава, некаде му ставале сребрена пара во устата, а постоел и обичај околу гробот да се посее просо со зборовите ”кога ќе го преброи да се свампири”. Оставањето пара во устата на мртвиот е всушност поради плаќањето на патот кон оној свет, така се обезбедувало дека тој нема да заскита и да потпадне под влијанија на лошите сили.

    Народни верувања

    Вампиризмот постои милениуми во култури како што се:месапотамијците (вклучувајќи ги демоните Лилит и Едиму од сумериската, азирската и вавилонската митологија) Евреите, древните Грци и Роми имаат бајки за демони како што се сметаат за претходници на модерните вампири. Сепак и покрај појавата на вампироидни суштества во овие древни цивилизации, преданието за вампирот што го знаеме денес потекнува речиси ексклузивно од почетокот на 18от век во југоисточна европа, кога оралните традиции на многу етнички групи се забележани и објавени. Во многу случаи вампирите се олицетворенија на зли суштества, жртви самоубијци или вештерки, но можат да настанат и од зли духови кои ги опседнуваат лешовите или од каснување од друг вампир. Овие верувања толку се распространиле што во некои делови предизвикало масовна хистерија па дури и погубување на некои луѓе за кои се мислело дека се вампири.

    Активноста на вампирот

    Според верувањето на старите вампирот одел по куќите каде тропал, расфрлал предмети, кршел садови и мебел, бркал добитокот, ги измачувал луѓето и ја пиел нивната крв. Според Марко Цепенков: “Никола т. Кртот кога умре се свапири и одеше по комшии да праит триста пакости; камења фрлаше по куќите, со грутки плитари врлаше во пенџерињата...”
    Вампирите влегувале во домовите низ дупки, низ вратата, клучалката, оџакот бидејќи имале пивтиесто, аморфно тело, за него немало пречка ниту низ најмалата пукнатинка да се провре. Вампирот своите грди дејанија ги обавувал до првото јавување на петлите. Особено сакал да ги измачува луѓето кои лежеле на левата страна, понекогаш ги задушувал заспаните, а постои и верување дека можел да силува жени, но неретко се спомнува и дека се враќал кај сопствената жена со која општел пред смртта.
    Основната храна на вампирот е крвта, почесто од добитокот, но неретко и од луѓето. Особено ја сакал крвта на жените и малите деца, а неретко ги јадел и штотуку венчаните. Музиката и танците им биле омилена забава, па на тој начин ги ловеле вампирџиите. Луѓето родени во сабота, некаде се прецизирало сабота пред Бадник или сабота во нечистите денови, или сабота пред Велигден или деца чија мајка починала пред тие да бидат родени, имале способност да ги препознаваат и гледаат вампирите. Се верувало дека пците имаат исто така способност на препознавање на вампирите и дека тие го најавувале со лаење нивното појавување.
    Се верувало дека по четириесетиот ден вампирот можел да го напушта гробот на подолго време, но и доколку не го уболе на време тој се засилувал поради испиената крв што дури и дење можел да се појавува и да им штети на луѓето. Се верувало дури дека по шест месеци или три години тој добива коски и станува човек кој одново започнува живот во местата каде не го познавa Опис и чести додатоци

    Тешко е да се изведе една дефиниција за вампирот иако има многу чести елементи во многу европски легенди. Вампирите се опишуваат како надуени и груби, розеви или темни суштества, овие карактеристики се поврзувани со пиењето на крвта, всушност се гледало излегување на крв од носот или устата при отворање на ковчегот, а и левото око било често отворено. Ги спалувале во она во што ги погребувале а се забележува дека и забите, косата и ноктите се пораснати, иако ова не се сигурни карактеристики.

    Создавање на вампири

    Причините за создавање на вампирска генерација се многу и варираат во оригиналните преданија. Во словенската и кинеската традиција, мртовец прескокнат од животно особено мачка или куче се смета дека ќе стане вампир. Исто така тело со отворена рана која не е посипана со врела вода. Во руските преданија се смета дека вампирите се вештерки кои некогаш биле луѓе додека не се побуниле против црквата. Културните практики често се споменувани како превенција на некој неодамна починат роднина за да не се повампири, како што се обратното погребување или поставувањето на српови или коси близу гробовите, за да ги задоволат демоните или да го спречат мртовецот да го напушти ковчегот. Овој метод е сличен со оној на старите грци кои ставале пари во устата на покојниот за да може да ја плати патарината и да ја помине реката стикс во подземниот свет, потоа, се вели дека паричката се става за да ги спречи злите демони да го опседнат трупот, а од ова можеби се настанати подоцнежните преданија за вампирите. Оваа традиција опстојува и во модерниот грчки фолклор за Vrykolakas каде што восочен крст и грне со натпис ″Исус Христос освојува″ се поставуваат на трупот за да се спречи мртовецот да се повампири. Други методи кои се користеле во европа се сечењето на тетивите на колената или поставување на просо или песок на гробот на новодниот вампир, ова се прави со цел за да мора вампирот да ги изброи паднатите зрнце преку ноќ кога ќе стане, ова укажува на фактот дека вампирите страдаат од аритмоманија. Слични кинески раскази сведочат дека ако вампирот наиде на вреќа полна со ориз првин мора да ги изброи зрната ориз. Ова потекнува од индискиот потконтинент како и јужноамериканските бајки за вештерки и други зли и пакосни суштества.
    Препознавање на вампир

    Многу ритуали се изведуваат со цел да се препознае вампир. Еден од начините на препознавање е водење на момче девица низ гробишта на исто така невин коњ, коњот наводно може да го покаже гробот, обично коњот мора да е црн, додека во албанија пак коњот мора да е бел. Појава на дупки во гробот се смета за вампиризам. Труповите за кои се сметало дека се вампир имале подобар зглед од очекуваното со мали или никакви знаци на распаѓање. Понекогаш при отворање на гробот селаните тврдат дека трупот имал свежа крв на лицето од жртвата. Доказ дека постои вампир кој е активен во некоја област вклучува и смрт на говеда, овци, роднини или соседи. Вампирите го најавувале своето присуство во мала духовна форма со фрлање на камења врз покривот, преместување на предмети или притискање на луѓе додека спијат.

    Заштита

    Општи или свети предмети како што се лукот или светата вода може да ги одбијата вампирите. Во зависност од регионот постојат различни верувања за предметите, за дивата роза или глогот се вели дека ги повредуваат вампирите. Во Европа семе од синап на покривот ги брка: други свети работи кои се вклучени се: Распнувањето, бројаниците или светата вода. Се вели дека вампирите не може да одат по советлено тло како цркви и манастири или пак по вода. Иако не се дел од традицијата огледалата поставени однадвор на вратата се користат за бркање на вампирите ( во некои традиции вампирите немаат одраз или сенка поради немањето душа) оваа иако неуниверзална додавка е искористена од Брам Стокер во Дракула, останува популарна кај останатите автори и филмаџии. Во некои традиции пак се смета дека вампирот не може да влезе во куќата освен ако не е поканет, а по првата покана можат слободно да доаѓаат кога и да посакаат. Иако се смета дека биле поактивни ноќе не се смета дека биле ранливи на светлина.
    Метод на уништување на потенцијалните вампири е со прободување особено во јужнословенските култури. Јасенот се користи во Русија и Балтичките држави или глогот во Србија, дабот во Силесија. Вампирите најчесто се прободуваат преку срцето, додека во русија и во северна германија пак преку устата а во стомакот во североисточна србија. Пробушување на кожата на градите е начин на издишување на надуениот вампир. Слично е со погребувањето со остри предмети кои служат за пробушување на кожата доколку дојде до трансформацијата. Обезглавувањето е метод кој се користи во германија и западнословенските области со погребување на галавата меѓу нозете или настрана од телото. Овој чин се користи за одделување на душата од телото што во некој култури се смета дека останува во трупот. Телото, главата или алиштата на вампирот може да бидат заковани или прицврстени за земјата за да се спречи станување. Циганите ковале шајки во срцето ставале железо во устата, на очите и меѓу прстите, за време на погребот протнувале глог низ устата или нозете. Откриен е погреб во 16 век близу Венеција, цигла напикана во устата на женски труп кој се идентификува како ритиуал на убиство на вампир, откриен од археолози во 2006 година. Дополнителни мерки вклучуваат сипување на врела вода врз гробот или горење на телото. На Балканот вампирите можеле да се убијат со пушка да се удават во вода, со повторување на погребалната церемонија, со света вода врз телото или со егзорцизам. Во Романија со ставање на лук во устата а во 19от век мерки на претпазливост се испукување на куршум низ ковчегот, во потешки случаи телото се дисекцира а деловите се горат попрскани со света вода. Во саксонскиот дел на Германија се става лимон во устата кај наводните вампири.

    Древни верувања

    Низ вековите во многу култури во целиот свет постојат бајки за натприродни суштества кои цицаат крв и месо од живи суштества. Денес ние ги поврзуваме овие работи со вампирите но во древни времиња поимот вампир не постоел: цицањето на крвта и сличните активности се припишувале на демоните или духовите кои јаделе месо или цицале крв, дури и ѓаволот се смета за синоним на вампирот. Речиси секоја нација го поврзува пиењето на крв со некои демони или издигнати мртовци, а во некои случаи и божества. На пример во Индија бајките за vetalas суштества-духови кои опседнуваат трупови се содржани во Baital Pachisi приказни на кралот Викрамадитија (Vikramäditya) и неговите ноќни походи да зароби едно такво суштество. Pishacha. Вратените духови на злобниците или оние кои се ментално заостанати стануваат вампирски атрибути. Божицата Кали од древна Индија со ланец од заби или венец од трупови и черепи е тесно поврзана со пиењето на крв. Божицата Шекмет во древен Египет пиела крв. Персијците се едни од првите цивилизации кои имаат бајки со крволочни демони. Суштества кои се обидуваат да цицаат крв од живи луѓе се отсликани на глинени садови. Во древен Вавилон и Азирија постојат бајки за митското суштество лилиту, пандан на еврејската лилит и ќерка и лилу од еврејската митологија. Лилиту се смета за демон кој преживувал од крвта на бебињата. Сепак , евресјите пандани се хранеле не само со бебиња туку и со мажи и жени.
    Древната грчка а и романска митологија ги опишуваат Емпусе, Ламија и Стригите. Со текот на времето првита два поими ги опишуваат вештерките и демоните . Емпусе е ќерка на божицата Хекате, која е опишана како демонско суштество со бронзени стапала. Која се хранела со крв од мажите што ги заведувала трансформирајќи се во млада жена. Ламија ловела деца во ноќта но ито и млади мажи. Се вели дека имале тело на птица а подоцна се вметнати во Романската митологија како стрикс, бид на ноќна птица која се храни со човечка крв и месо.

    Модерни сфаќања

    Во модерната фикција, вампирите се отсликуваат како харизматични злосторници И покрај општото неверување во вампири, забележани се повремени наоди на вампири. Всушност се уште постојат ловишта за вампири, иако се формирани за социјални причини. Обвиненија за напади од вампири поминаа низ Африка од Малави кон крајот на 2002 и почетокот на 2003 година, каде што полицијата каменуваше еден до смрт а нападне уште најмалку четворица вклучувајќи го овде и Гувернерот Ерик Чиваја, под сомнение дека владата коалицира со вампирите.
    Во почетокот на 1970 година локалниот печат објави дека Гробницата Хајгејт во Лондон е опседната со вампири. Аматери ловци на вампири се собраа во голем број на гробницата. Напишани се неколку книги од Шон Манчестер во врска со тоа, локалец кој бил меѓу првите кој го предложил постоењето на Вампири во Хајгејт, а кој подоцна тврди дека уништил и истерал цело гнездо на вампири во областа. Во јануари 2005 год, се проширија гласини дека напаѓач гризнал неколку луѓе во Бирмингам, Англија при што протече вест дека вампир кружи по улиците. Сепак локалната полиција потврди дека не е сторено такво злосторство и дека случајот е урбан мит.
    Во 2006 год професор по физика на Универзитетот во Централна Флорида напиша ессеј дека е математичи невозможно да постоеле вампирите, базирано на геометриска пресметка. Според есејот ако првиот вампир се појавил на 1 јануари 1600 год и се хранел еднаш месечно (што е многу помалку отколку што е отсликано во филмовите и фолклорот) а секоја жртва се претвора во вампир, во рок од 2 години и половина сите луѓе ќе станат вампири. Есејот не се обиде да ја докаже веродостојноста на пртпоставката дали секоја жртва на вампирот се повампирува.
    Во еден позначителен случај на вампиризам во модерната доба е и чупакабра („цицачот на кози“) од Порторико и Мексико се вели дека е суштество што се храни од месото или крвта на домашните животни, при што некои помислуваат на вампир. Хистеријата чупакабра често се поврзувала со тешката економска и политичка криза, особено во средината на 20-тите години од XX век
    Во Европа, каде многу од преданијата за вампирите се смеетаат за фантастика, сепак многу заедници го имаат прифатено поради економски причини. Во некои случаи особено мали локалитети суеверието е се уште присутно, постојат и тврдења за такви напади. Во Романија во февруари 2004 год неколку роднини на Тома Петре, стравувале дека станал вампир. Го ископале грбот, го извадиле и изгореле срцето и ја помешале пепелта со вода за да ја испијат.
    Вампиризмот претставува значаен дел од модерното култно движење. Митовите за вампирот, неговите магични квалитети, намамување и предаторски архетип претставуваат јак симболизам кој може да се користи во ритуални, енергетски работии магија, а може да се усвои и како духовен систем

    тоа е од мене за сега ајде некој нешто да додаде?
     
    На Twinkles, MarchelineAmaru и Sephora им се допаѓа ова.
  6. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Е ,од кај го најде сето ова?Спремаш испит или.....
     
  7. cute57

    cute57 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    1
    па вака јас верувам иако немам докази :?:
     
    На SEKSI.BARBI му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    3.788
    Пол:
    Женски
    Даа секако дека верувам...И јас сум една од нив..мислам род сум им, вештерка сум..xDDD :D
     
    На Beautiful_girl.., Lana del Rey, eagle.eye и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Јас чекам мислење од Серафима.
    Инаку доста интересно е ова што си го постирала. Сега некои работи ми се појасни, на пр за водата со која се миел мртовецот. И ние пошто скоро имавме смртен случај во семејството, се чудев зошто толку вниманите обрнуваат на тие работи, за водата, па садот, сапунчето, крпата..ама сега гледам што била работата.
    Ама нешто и ме подзамисли со овој пост. Тоа дека вампирите ги притискале луѓето додека спијат.
    Татко ми често кажува дека кога оди на село кај неговите, вечерта му се случувало да го гуши нешто, да го притиска за градите. Еднаш дојде целиот исплашен велеше уште една секунда така да го подржело ке изгубел душа. :| Мајками му рече, нареден пат кога ќе иде таму, да ја испрска собата со света вода и да закачи лук. После тоа ништо не кажуваше за такви случки а дали пак му се има случено вакво нешто незнам.

    Јас вампирите не ги замислувам како суштества кои пијат крв, или дека се од крв и месо, едноставно за мене поприфатлив е фактот дека се невидливи суштества чии постапки се видливи за живите луѓе.
     
  10. DragonLady

    DragonLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    23
    Вампирите се бесмртни суштества кои преку дење спијат во затворен ковчег а ноќе исочуваат да пијат крв. Не искочуваат преку дење бидејќи сонцето им ја гори кожата, а и водата е исто толку смртоносна за нив колку и сонцето. Ако вампир касне човек тогаш тоа суштество за една недела станува ,,носферату``, за да се убие вампир треба да се забоде дрвен колец во срцето :o
     
    На Twinkles и SEKSI.BARBI им се допаѓа ова.
  11. SEKSI.BARBI

    SEKSI.BARBI Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    43
    хехе испит не само имам големо интересиранје за вакви нешта...
     
    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.
  12. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Има некој што сериозно верува во вампири? :o
     
    На Gordana10 и Sara123 им се допаѓа ова.
  13. SEKSI.BARBI

    SEKSI.BARBI Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    43
    А зошто да нема ? :^) На овој свет постојат многу мистериозни и необјасниви случки, па би можело да постојат и вампири...
     
  14. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    Какви вампири бре луѓе? Кој век сме денес? :tmi: Јас имав 95 годишна баба и еднаш разговаравме околу оваа тема. Таа ми кажа дека навистина порано постоеле и сега незнам дали да пишувам на каков начин се појавувале, ако има заинтересирани ќе ви пишам. Е да тогаш постоете, но денес и луѓето заедно со науката доста напреднале, сега кога човек умре колку адети му спремаат???? :^) Тоа е тоа кое ја задржува покојна душата на покојниот. А порано да имало, но тоа било како резултат на војната, на неуката на човекот и уште колку причини... Сега веќе се е изменето. Денес само живиот човек може да стане вампир :D
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Во денешно време не треба да се плашиме од мртвите, треба да се плашиме од живите пострашни се инаку не верувам дека во денешно време има вампири тоа е било порано.
     
    На butterfly4, rici.aaaaa, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Луѓе , многу гледате Twilight .
    Во вампири како демонски битија кои се појавуваат на полна месечина воопшто не верувам , тоа се чисти измислици кои си немаат врска со вистината . Иначе од преголемото влијание на денешниве филмови и серии за вампирите.. по светот има многу обични луѓе кои што тврдат дека се вампири и дека живеат таков демонски живот , но на крајот на краиштата сепак се обични луѓе кои што очигледно гледале многу филмови на оваа тематика и добро ги разработиле во својата психа па одбрале да живеат на ваков начин . Ќе постирам овде едно видео од една емисија во која гостува една припадничка на вампирската култура и Don Henrie ,иначе еден од најпознатите вампири на денешницава и тој убаво објаснува кој е нвниот стил на живот , разговара и за целибатот и за пиењето крв од живи луѓе. Погледнето го , убаво е објаснето...
    http://www.youtube.com/watch?v=qKjSnmJd2Q8
    http://www.youtube.com/watch?v=teZLIbCxNbU
    http://www.youtube.com/watch?v=mV4Q87-sDTU
    http://www.youtube.com/watch?v=o8BakD5_DQI
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    :D Сакам да ме гризне некој како Едвард Кулен ...иначе верувам али не многу онака...:)
     
    На Dimkovska123, MarchelineAmaru, Jowe и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Never say Never! :D Онака ми се допаѓа помисалта вампир, значи нешто мистично и древно, па бесмртноста... :D Што да кажам, никогаш не се знае! 8)
     
  19. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Јас не верувам во вампири!!!
     
  20. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Јас самата си се сметам за своевиден вампир ,или како год хочете.Денот не ми дава задоволство ,ама затоа ноќта ме храни со невидена креативност ,освен тоа ,имам пиено крв и тоа не само моја. ;)


    Верувам ,се постои на Земјава наша јадна.
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.