Ајде да видиме колку вие верувате во Хороскопот и колку тој ви влијае во врската? На повеќе места каде што има хороскоп имам прочитано како си одговараат: Рак, Шкорпија и Риби со Јарец, Девица и Бик додека Овен, Лав и Стрелец со Близнаци, Вага и Водолија. Колку му верувате на хороскопот и има ли точност кај ова? Па дали според ова вие си одговарате со вашиот партнер доколку спаѓате во истата група или пак сте во конфликт доколку сте од различна? Дали сте биле со некој во врска од спротивната група или пак сега сте? Како Ви било кога сте биле со некој од иста а како со некој од различна? Чекам Ваш коментар... Еве јас ке започнам и слободно можам да кажам дека досега хороскопот ми погодувал... Јас сум Шкорпија и бев во врска со Лав во кој одвај издржав 2 недели Комбинацијата на лав со Шкорпија беше ужас, навистина не се совпаѓавме, едноставно ги мразев некои од неговите карактеристики... Сега сум во врска со Риба и можам да кажам дека ми е супер, се разбираме, си веруваме, ... П.С:еве ви и нешто гратис неколку љубовни калкулатори * http://www.lovecalculator.com/ * http://www.talktalk.co.uk/lifestyle/sex ... /love.html * http://www.channelone.com/life/specials/astro/kabbalah/ * http://www.calculator.com/calcs/lovecalculator.php ... Енџои
Јас сум обожавател на хороскопи.. Сакам да читам за скоро се..Ме интересира ама дневни,неделни,месечни тоа не.И ме интересира компатибилноста на знаците..мислам дека има нешто.Не за џабе е една од најстарите науки.Меѓутоа за сложување мислам дека треба да се земе наталниот хороскоп и на двајцата партнери не само општите карактеристики на знакот.И точно,не со секој може да се пронајде заеднички јазик.
И мене многу ме интересира хороскопот,мислам дека овој неделниот на фемина стварно го погодуваат баш и не верувам во она компатибилност со партнерот според хороскопски знак, али во една стара книга што прочитав карактеристики за мојот знак ми беа погодиле се :roll:
Па искрено, не верувам бш во хороскоп, а на фемина ми погодија за месец февруари, и од тогаш им верувам само нив Инаку, ако се водам по хороскопот, ништо не правам... јас сум девица во хороскоп, и тоа дупла, и по сите правила би требало да ми оди со девица, јарец, бик, шкорпија, евентуално рак, а не ми одговараат другите знаци... и тука сфаќам колку навистина нема врска хороскопот... Првите симпатии ми биле шкорпии - можеби затоа што кога бев помала изгледот ми беше најважен, а со шкорпии имам јака физичка привлечност - и се останува на тоа, само физичка привлечност - и добар секс (тоа нешто подоцна го сфатив)... Сум била во врска со шкорпија, дали сакам пак, не фала,не ми беше толку убаво додека траеше, многу исцрпувачки и напорно ми беше да се справувам со нападите на љубомора... Сум била во врска со бик - убаво, се чувствував како принцеза и мислев дека тој е тој - тогаш - ама среќа се оттргнав на време - дефинитивно не си одговаравме! (Иако би требало, нели, според хороскопот) - ако денес бевме заедно веројатно ќе се мразевме еден со друг.... Сум била во врска со девица - исто знак што ми одговара - ама не - досадно ми беше :roll: и ми олесна кога ставив крај на таа врска, едноставно се беше некако монотоно, иако се сложувавме за доста работи, можеби би можеле да бидеме пријатели, ама партнери не.... Сум била во врска со стрелец - е, тоа беше нешто! Спонтано, авантуристички, патување, шетање - супер беше, а да не зборам за тоа дека се надополнувавме во скоро се, и навистина уживав во таа врска, која заврши од сосема неочекувани причини, ама изгледа така требало да биде... Сега сум свршена со човек кој е водолија, и тоа дупла водолија... штом го запознав знаев дека е тој оној вистинскиот, и без да знам кога е роден - и покрај сите пречки на крај завршивме заедно интересно ми е со него, слични сме колку што сме и различни, имаме скоро исти сфаќања за повеќето работи, знаеме да водиме доста плодни дискусии, двајцата имаме исти ставови во однос на животот (добро, тој е позрел, јас сум сеуште малку зелена )... ама вака можам до утре да пишувам... Како и да е, заклучокот ми е - не верувам во хороскопските правила - затоа што барем кај мене не се погодило да биде како што пишува во хороскопот, освен ако не ми е згрешен знакот
jas vo horoskop vo odnos na osobini mnogu veruvam,zasto se sto sum procitala bilo tocno,a vo ovie dnevni,nedelni i slicno ne veruvam,zasto sekoj astrolog si pisuva po svoe,dodeka za osobinite toa e nema drugo jas sum voi vrska so skorpija skoro dve godini i ne mozam da se pozalam,ne znam zasto si imala takvo iskustvo
не верувам во хороскоп.. ама морам да кажам дека овој од фемина се точно ми погодува хахах и самата дури се смеам на тоа. Како и да е, да си одговорам на темава, јас сум јарец (подзнак риби), тој јарец - сега за сега гајле немаме А уште нешто - три врски сум имала со „лав“ - и ми се чини никогаш повторно! Стварно лоша комбинација сме
јас не верувам во хороскоп ама дечко ми да, јас сум близнак во хороскоп со подзнак бик, а тој е бик подзнак риби, и иако велат дека бик и близнаци не си одговараат ич нема никаква врска според хороскопските знаци заедно сме уште еден месец година прајме и супер ни е.
Тоа е веројатно индивидуално, сите сме нели различни а може и јас сум налетала на погрешен примерок, како и да е... само знам дека ни јас не сум типичен претставник на својот знак (девица сум, и тоа дупла, и можеби и тоа има врска)... Како и да е, најважно е да биде убаво во врската, па кој од нас што знак е и не е толку важно
Па не дека верувањето или не во хороскоп ми менува нешто многу во животот, но од досегашното искуство, што во врските, што општо, можам да кажат дека во хороскопот, посебно оној годишниот или пак наталната карта ми погодуваат во главно што и како ми се случува или пак ме очекува во животот. Не се преоптоварувам со тоа, но интересно ми е и кога случајно ќе наидам на хороскоп, обавезно го читам. Иначе сум риби, а во врска сум со шкорпија и незнам дали е до компатибилноста на хороскопските знаци, ама можам да кажам дека сме во апсолутно се погодени. Сум била во врска и со претставници на други знаци, но со никој од нив, па дури ни со рак, не сум се чувствувала исполнето како сега. Знам дека тоа пред се зависи од карактерот на човекот со кого си, од вашите чувства и од претходните искуства, ама сепак мислам дека во некој мал процент и на некој одреден начин влијаат и звездите.
Не верувам во хороскоп.Можеби некогаш ќе се погоди нешто ама не му придавам големо значење.За во врската, јас сум Водолија, а дечко ми Вага а не сум се заинтересирала да прочитам некаде колку и како си одговараме Единствено можам да кажам, воедно и да го пофалам, хороскопот на Фемина ( оној за општите карактеристики на хор.знаци) каде што многу имаат погодено за мојот знак.
А бе штознам, верувам-не верувам работава ми е, ама пак за со дечко ми сме комбинација од пеколот ако гледаме така, јас рак, тој близнаци. ПА еве супер сме досега, мислам дека сепак повеќе зависи од луѓето, не секогаш знакот е пресуден за карактерот.
Јас па мислам има некое влијание хороскопот...јас сум овен подзнак девица дечко ми е девица а подзнак овен одиме скоро 2 години многу спротивни карактери имаме ама не ни смета тоа,си се даполонуваме..добро имаме и подеми и падови како и секоја врска,не ни е врската нешто екстремно диво и возбудливо,ама не ни е ни монотоно значи ОК...е сега бившиот ми беше лав и морам да признаам дека совршено си одговаравме,а велат и дека тоа е најсовршена комбинација од хороскопот...сексот и дружбата беше уффф,авантури и забави до бесвест ама штом е бивши значи и не било се како подмачкано сакаше да одам нон-стоп според неговите желби и замисли и јас се чувствував врзана и така се раскина нашата ватрена врска Имав и врска со јарец и беше ептен кратко и ептен слатко ops: Е сега имав само 1 мувач вага и морам да признаам дека со вага се ептен согласувам ама само онака љубовен однос е ок заеднички живот никако..знаете на што мислам..кога се видувавме абе страшна страст зрачеше,ама ако почневме неколку дена по ред да се дружиме избиваа пречки и кавги и така...а за феминава стваро погодуваат многу ..скоро секогаш
И јас морам да се сложам со сите досега дека хороскопот на фемина ептен погодува ... ми погоди на некој начин дека ке си фатам дечко и така беше, но ми предвидува бременост во Ноември што ме плаши сепак имам само 17 год. ај да се надевам дека таму ке згреши
Тоа значи дека треба да се пазиш. Инаку јас сум бик, а дечко ми е девица и според хороскопот ептен си одговараме и со ова можам само да се сложам
Pa veruvam vo horoskop i mislam deka do nekade ima vlijanie i vo vrskata.Jas sum Lav a deckomi e Vodolija i super ni e zaedno i mislam deka imam citano deka si odgovaraat ovie dva znaka.Jas sum tipicna lavica on tipicna vodolija i burna ni e vrskata najubava do sega
nekogas veruvam a nekogas ne...jas sum vaga (devica vo podznak) a decko mi e ribi, 3 i pol god sme vo vrska i super ni e
Верувам дека има влијание хороскопот,конкретно кога се работи за врска,затоа што јас сум шкорпија,а имав врска со лав и можам комотно да кажам дека врската помеѓу лав и шкорпија не оди,затоа што таа врска беше пекол ама пустата јас се на лавови наидувам,никако друг знак,се лавови како намерно да ми се појавуваат.Знам какви се карактеристиките за лавот,така да и малце муабет да направам со некој одма ке препознам дали е лав или не,многу се горделиви,си придаваат на себе си огромно значење.Ретко кога наидувам на други знаци,ама лавовите како со лупа да ги барам излегува работава.
ајде девојки кој е по хороскопот??.. како си одговараме јас девица (подзнак риби) тој рак (подзнак девица.. мислам дека така беше)