Кои актери/актерки ве иритираат ? Јас не ги сакам Меган Фокс и Џенифер Анистон. Моментално само на нив ми текнува. Ама ќе се надополнам
Кирстен Стујард а најмногу ме нервира затоа што ја дигнаа во облаци а девојката абер нема од глума а и нема никаква харизма.Ме нервира и Џенифер Анистон(некако ми се досадни и монотони филмовите со неа),Анџелина Џоли (антипатично и одвратно суштество а и не е ништо посебно како глумица) има и други ама не ми текнуваат во моментот.
Бен Стилер, Адам Сендлер и Еди Марфи ми одат буквално во пакет. Избегнувам филмови со нив, ма колку сака нека се добри. Ме иритираат онака, до коскена срж. Дерил Хана. Спојлер Коњ бре, коњ. Не знам како на времето успеа да се провлече ко фем фатал, ниту ми е убава, ниту талентирана. Кога и ко згмечија окцето во Кил Бил, срцето ми ступа од среќа. Меган Фокс. Ме нервира. Само затоа што некој е убав, не значи дека знае да глуми.
Николас Кејџ, Киану Ривс, Рене Зелвегер...Овие ми паѓаат на памет сега, не можам да гледам филм со нив како и да е.Сега скоро гледав еден со Киану Ривс, едвај се натерав, ликот беше безживотен Видов дека многу ја спомнувате Анистон...Мене ми е многу природна, одлично глуми и баш знае да се соживее со ликот што и е доделен.Многу филмови само заради нејзината глума ми биле убави.
Од нашиве Весна Бејби Петрушевска, Лабина Митевска, Кили (ако може да го наречам актер), Сенко Велинов толку ми текува. Од странските Силвестер Сталоне и Анџелина Џоли.
Скарлет Јохансон, сегде иста ми е, емоции како картонска кутија. Оние од Твајлајт, органски не можам да ги сварам. Пејачи на кои им е здосадено и проаѓаат низ некој период на промена и се одлучуваат да си ја подобрат кариерата и да се пробаат во актерство, што е прилично погрешно (читај Дизни шит: Мајли Сајрус, Џонас Брадрс, Хилари Даф, Селена Гомез, итн.). Анџелина Џоли и
Меган Фокс и Скарлет ми се ужас...кога има филм со нив, го гледам само ако ми се свиѓаат останатите актери, уствари со оваа Фокс немам гледано.Други што ми идат на живци што знам ги нема многу. П.С. Го спомнавте некаде Николас Кејџ мене ми е еден од омилените актери Едит: Како ги заборавив Мајли и нејзината тружина.Ужас!
Киану Ривс, Џенифер Анистон а и Џеки Чен ужасно ме иритира неможам да ги мислам тие филмови со тепање, ептен ме замараат
Скарлет колку шо е згодна, толку е катастрофална глумица. Хилари Свонк, прав дебил, плус осмехот не ѝ го можам со тоа вилиците, не. Џенифер Лав Хјуит исто, и нормално приучени глумици од калибарот на Парис Хилтон, Линдзи Лохан и Џесика Симпсон. Од мажи, Кијану Ривс, иако ми беше многу убав пред 10 години, Матрикс ен шит. Бен Стилер, каков торко.
Луѓе бе знам дека се работи за вкус но Скарлет да ви е лоша глумица Таа е една од подобрите млади актерки и според мене глуми совршено а патем е номинирана и за четири златни глобуси тоа е успех за некој кој има само 26 години а исто е многу згодна.