1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски музички идол

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 11 октомври 2010.

?

Кој според вас треба да биде првиот македонски музички идол?

Анкетата е затворена на 27 април 2011.
  1. Mики

    144 глас(а)
    37,4%
  2. Дејан

    31 глас(а)
    8,1%
  3. Иван

    210 глас(а)
    54,5%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.751
    Допаѓања:
    65.207
    Пол:
    Женски
    Дали ќе го гледате изборот за македонски поп идол?
    Баш прееска прочитав дека Игор, Тони и Калиопи ќе бидат во жирито. Што мислите за судиите и колку ќе биде веродостоен изборот? Или ќе испадне уште едно фијаско?
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    па јас имам неколку познати што влегоа во последен круг ... демек било добро немало да биде фијаско ... па ке гледам еднаш два пати и ке видам дали ке биде нешто асолно или не ... тони како тони ке тресе зелени ... на калиопи не сум кој знае колкав обожавател ама не е лоша комисијата според мене :) :*
    А од кога почнува ???
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Мило ми е затоа што во жирито ќе бидат Игор и Калиопи, но неможам истото да го кажам за Тони Михајловски. Тони е несериозен, него му одговара водење на емисии од типот на Опуштено. И Игор е несериозен, ама има мерка, за разлика од Тони. Калиопи е во ред, само да не почне да плаче ( :lol: ), а за Тони направиле невидена утка. Мислам дека само поради него Идол ќе се претвори во циркус со кловнови.
     
    На musicgirl55 и unlucky им се допаѓа ова.
  4. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    203
    А кога ќе почне?
     
  5. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    и без него и со него е невидена утка, и полошо од циркус, само колку познаници имам што поминаа во изборот, а не знаат ни една нота да погодат, па плус и врискаат место да пеат :puke: , ауу и комшијата ќе го заборавев, сигурно ќе го препознаете(едно педерче што рипка окулу, го имало и на други избори), така да јас веќе си набавив тампони за ушите, во случај да бидам принудена да гледам :lol:
    он топик за жирито веќе кажавте, не се толку лоши, посебно калиопи, која е стварно добар музичар и би имало за што да ги критикува, а за игор и тони мислам дека еден не е потребен(поточно тони се разбира) и двајцата би го критикувале однесувањето на сцена, а нема логика да има двајца критичари за однесување, а еден за музика, на избор за музичар |( , стварно не можам да сфатам(само можам да сфатам зошто поминале девојкиве и дечкиве), еве не мораше третиот музичар да биде, ете стилист да беше ќе беше подобро мислам
     
  6. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    На ТОни стварно местото не му е таму.А КАлиопи и Игор се добар избор во комисија.Инаку знае некој кога ќе почне да се прикажува ??
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.751
    Допаѓања:
    65.207
    Пол:
    Женски
    Па уште не објавиле. Ваљда кога ќе завршат ауудициите се тоа, па да го спремат материјалот.
    И да, Тони ќе го направи циркус шоуто |(
     
  8. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Глупости. Ќе изберат победник и после ќе го снема (as usual). Море ќути ко се решиле и нашиве да направат нешто а да не е во склоп со соседиве.
     
  9. Zamzara

    Zamzara Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    32
    Хм ..Јас мислам дека и Игор има доволно познавање на музиката и сметам дека шоуто ќе биде интересно за гледање ..Не се двајца критичари,туку се делумно по еден и пол :D незнам дали ме сфаќате на што мислам,ама да не должам ќе скратам : Македонски менталитет(ноу хард филингс) нероден петко капата му ја скроивте!! Камо среќа да можев да го следам ... А идејата со стилистот и не е така лоша ама организаторот знае од кои причини ги одбрал токму најголемите Шоумени да го водат овој Идол!!

    П.С. Циркуз ама во позитивна смисла ...
     
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Eј и мене ме интересира кога ке почне леле а одкаде Тони со ипотените мишки го најдоа врска нема :@
     
  11. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.475
    Не ми е јасно зошто толку критики за жирито, кога нема подобар од нив тројцата. Пред една недела кога прочитав во едно списание дека они ќе бидат жири, си реков ееј супер најдобрите ги избрале. Конечно шлагот од македонската јавност, да се собере заедно во исто шоу.
    Калиопи е извонреден музичар,текстописец и композитор.
    Игор е одличен пејач, актер, водител, шоумен и нема поголем талент од човекот, едноставно знае како да допре до публиката.
    Тони е феноменален актер, водител и шоумен. Сите тројца имаат огромна улога во шоу бизнисот, така да сите се компетентни за да бидат жири во Идол. И во другите земји, жирито во вакви емисии, не го сочинуваат само пејачи, туку и други познати личности од јавниот живот кои не мора да бидат дел од музичката индустрија.
    Учесниците не знам какви ќе бидат, тоа допрва ќе го гледаме, ама сигурна сум дека има многу неоткриени таленти во Мк.
    Во секој случај, шоуто ќе го гледам баш поради извонредното жири :)
     
    На foreverinlove, De-lovely, peperutkaa и 3 други им се допаѓа ова.
  12. NICKRIVERS

    NICKRIVERS Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    11
    битребало за еден месец да почне зосто при крај се веке :)
     
  13. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    епа тоа е затоа што обично аудиции прават некој крш продукции со некој крш екипи и му ветуваат на учесниците дека ќе направат ѕвезди од нив само за да соберат повеќе пари, па ајде мама, татичко, баба, дедо, или на телефоните останати пуштаат пораки или дирекно таму парички си оставаат(што си е сигурно си е сигурно) и на крај за што, за една скапана песна која никој нема да ја слушни, епа тоа ти е со прост народ, кога не сфаќаат дека не му е важна победата на некоја глупава аудиција, туку дека важното е да ги забележи некој подобар продуцент, или било кој друг подобар музичар кој сака да помогне....па всушност не се криви тие, туку оние вторите, третите, последните на изборот кои успеале "сами", а кои всушност откако ги однесле до одредена висина, продолжуваат сами а не кажуваат кој му го обезбедил првиот настап, кој инвестирал во нив, и кои се кажуваат дека за се сами се снашле |(

    за игор да, можи да се речи дека е музичар, ама очигледно е која професија му е подрага, и се знае која повеќе ја цени и ќе ја цени, па така да пак се враќаме на она еден музичар, двајца шоумени, дефинитивно тони е непотребен
     
  14. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    102
    Ќе го гледам. И тоа од проста причина што имам другарка која ќе се натпреварува :)
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    За гледање, планирам да го гледам.
    Ама мислам дека местенки ќе има...
     
  16. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Баш сега ја гледав шпицата и беа ептен смешни :rofl: ....Не знам и ја од кај толку критики за жирито кога се совршени....ќе биде добро и смешно...нема подобро жири од Тони, Игор и Калиопи :rock:
     
  17. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    И јас ја гледав рекламата и планирам да го гледам идолот :)
    Е сега за жирито мислам дека се на се е ок.Игор е голем професионалец пред се во доменот на тв-настап и шоу а има и одредени музички квалитети,така да мислам дека е супер избор.Калиопи како музичар е добра,ама како фаца и личност не можам да ја смислам,посебно нејзиното лигавење и плачење. :puke:
    А Тони си е Тони,откачен и луд,па може и да има талент да препознае лице што би успеало во шоу-бизнисот |(
     
  18. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    мене игор и тони баш ми се ок, и двајцата се во шоу бизнисот, си имаат свои ставови, компетентни се... мада и Kалиопи не е подолу... ама јас како личност и баш не ја поднесувам, голема патриотка е таа |( ...
    е па секој си има индивидуално мислење. :)
    во целина, ќе видиме како ќе испадне шоуто кога ќе почнат да го емитуваат.
     
  19. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.733
    Допаѓања:
    8.092
    Пол:
    Женски
    Знае некој од кога ќе почнат да го емитуваат?
    Кога е тоа наскоро?
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Ќе го гледам заради Игор Џамбазов.
    А има и деца што убаво пеат.
    Доста го ругаме нашето, кое не ни почнало, а лани се утепавме од гледање Бугарски Идол. :^)
    Тони не ми е по ќејф, ама ок. Што е , тука е.