Еве една тема за љубителите на филмската уметност. И кога велам филмска уметност, не мислам на разните предвидливи глупости кои ни ги сервира Холивуд секодневно за профит, туку за филмови кои се култни, кои оставиле белег кај многу луѓе, потикнале многу дискусии, филмови кои се за сите времиња. Би сакала во оваа тема да пишуваме за филмските класици со мала рецензија, но без спојлери( не кажувајте што ќе се случи,туку кратко сиже) нормално.Зошто некој филм е вреден,по што е толку посебен и сл. Ве молам да не ја упропастуваме темата со некои смешни филмови што тука не им е местото,Final Destination, Harry Potter,A Walk to remember и слични мелодрами и патетики. Еве јас ќе почнам. The English Patient Филм на Ентони Мингела, кој во 1996 година зема 9 Оскари, меѓу кој и оној за Најдобар филм. Прекрасен филм, приказна за безусловната и страствена љубов, која се појавува на најнеочекувано место и време, за време на Втората Светска Војна.Моќна љубовна приказна која никого нема да го остави рамнодушен, проследена со фасцинатна фотографија и уште подобар soundtrack. Медицинска сестра негува целосно изгорен човек, кој преживеал авионска несреќа и воопшто не се сеќава на своето минато. Во текот на филмот сонува или има флешови со кои полека се враќа во минатото, и филмот ве води во период од 10 години од неговиот живот. Улогите се на Ralph Fiennes ,Juliette Binoche, Kristin Scott Thomas и Willem Dafoe. http://www.imdb.com/title/tt0116209/ [youtube]<object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/WPKpU14Kqqw&hl=en_US&fs=1&"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/WPKpU14Kqqw&hl=en_US&fs=1&" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>[/youtube]
Би го спомнала ТИТАНИК зошто навистина е филм на сите времиња и нема кого не остава нерасплакан и пак да го гледам нема да ми здосади.
Casablanca, со ненадминливиот Хемфри Богарт, и прекрасната Ингрид Бергман Одвеано со виорот (Gone with the wind), со Клерк Гебл и Вивиен Ли Граѓанинот Кејн (Citizen Kane) на маестралниот Орсон Велс
^ Еј да бе! Фала што ме потсети на Леси. Порано нон-стоп го даваа на една од нашите локални телевизии, не го пропуштав!! Ептен убаво филмче.
twilight и titanic мислам дека нема човек што ги нема гледано барем еднаш. посебно титаник филмот стана онака епски
Прочитав погоре дека некој го спомнал и twilight. Се, се ама twilight e последниот филм кој заслужува да се најде во темава. No offense
најгледани не значи и најдобри нели еве јас ќе го издвојам овој, нема тинејџер на светов што го нема гледано
Се сложувам со вик4е, Перл Харбор дефинитивно!!! Мене барем многу ми се допадна, а и бааги си поплачав И уште John Q и The notebook