Филмот е преубав. Се работи за една девојка, Софи која оди на одмор во Италија со својот свршеник. Спојлер Таму наоѓа едно место каде доаѓаат девојки од цел свет и и оставаат писма на Џулија. Но неколку жени кои се сметаат за секретарките на Џулија пишуваат одговори на писмата. Софи, со цел да им помогне наоѓа писмо старо 50 години, од некоја жена по име Клер. Писмото многу и се допѓа и пишува одговор. По неколку дена доаѓа Клер заедно со нејзиниот внук, за да го пронајде Лоренсо Бартолини, љубовта на нејзиниот живот, а Софи им помага. Но токму кога Клер ќе се откаже од потрагата, ќе го пронајде. Во меѓувреме, Софи и Чарли ( внукот на Клер ) ќе се заљубат, но поради својот свршеник Софи ќе се врати во Њу Јорк. По неколку месеци таа ќе отиде на свадбата на Клер и Лоренсо. Бидејќи ќе сфати дека го сака Чарли, ќе раскине со својот свршеник и ќе бидат заедно со Чарли. Го имате ли гледано филмот и што мислите за него ?! Ако може ставете некоја слика, посебно од последната сцена каде Клер е на балконот и разговара со Чарли
Letters to Juliet Па супер е филмот.. добро е ме потстеи на Верона која ми се чини дека ја шетав низ сон
Искрено филмов ме изненади позитивно, интересна приказна, убав е, лимонатка, а и убави quotes има. Спојлер
Преубав ми е филмов ! Си го симнав и веќе неколку пати го имам гледано. Ми се допадна приказната, преубавите места и плус тоа што глуми Аманда . Кој го нема гледано, да го гледа Писмото од Софи до Клер: (мене ми се допадна затоа и ќе го ставам) Спојлер Dear Claire, What and If are two words as non-threatening as words can be. But put them together side-by-side and they have the power to haunt you for the rest of your life: What if? What if? What if? I don’t know how your story ended but if what you felt then was true love, then it’s never too late. If it was true then, why wouldn’t it be true now? You need only the courage to follow your heart. I don’t know what a love like Juliet’s feels like – love to leave loved ones for, love to cross oceans for but I’d like to believe if I ever were to feel it, that I will have the courage to seize it. And, Claire, if you didn’t, I hope one day that you will. All my love, Juliet
Од кога мислев да го симнам и само остануваше за ПОТОА и конечно му дојде редот.Комедија како комедија убава, нежна, скокотлива ми се допадна убавините италијански кои се прикажани низ филмот , полиња , убавини ,виновои лози ..........
Мене филмов не ми беше нешто посебно, да речеме некоја убитачно добра приказна - дури и можев да го предвидам крајот, ама во главно беше солиден филм и не ми е жал што потрошив саат и кусур време за да го изгледам. Аманда ми е омилена, ама чинам некако сите улоги ѝ се слични и не сум ја видела во друго издание освен она „лабаво“-љубовното. Небитно, филмот ми беше интересен и ми измами мноооогу насмевки, онака на мутавите љубовни моменти. И да - актерот, оној со кој Аманда завршува на крај е бонбона.
Филмов ми е посебен затоа што е сниман во Италија и ми буди спомени. И многу сладок пар се Софи и Чарли. Би го гледала уште сто пати.
еден од моите нај најомилени филмови...толку ми е прекрасенн што секој пат кога го гледам се разнежнувам и би го гледала уште 1000 пати без да ми здосади
Фино филмче, опуштено, ништо посебна приказна, премногу бајковидно. Аманда ми е преслатка, а филмов единствено вреди да се гледа поради прекрасната Италија
Одамна го имам гледано, али прекрасно е филмчево, баш е како од бајка.. Преубави сцени од Италија, Аманда е прекрасна, а Кристофер (Чарли) ми е celebrity crush Би го гледала одново и одново. Препорачувам