ТЕМА: Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Мислење 26 Авг 2013, 09:00

Remember Sunday (2013)
Слика
http://www.imdb.com/title/tt2770480/

Филмот е романтична драма, нешто сличен ми беше на 50 First Dates со Adam Sandler и Drew Barrymore само што овој пат овој филм е во машка верзија.
Molly работи како келнерка во еден ресторан и таму го запознава Gus. Но Gus има оштетување на мозокот и на тој начин има краткорочни губење на меморијата секој ден заборава со кого се сретнал со кој бил.... Интересно лесно филмче.

Слика
8/10
Аватар на корисникот
Agrona

Жолто цветче
 
16143971
Мислења: 1214
Зачленет: 21 Дек 2012, 23:06
Локација: Скопје
СликаСлика

Мислење 26 Авг 2013, 12:42

Trendafilka напиша:Now You See Me (2013)
Слика
Фантастичен филм со интересна приказна и одличен кастинг. Го задржува будно вниманието, има неверојатен пресврт и ве остава без здив додека го следите.
Има момент на крајот кој беше целосно непотребен, но добро, се` на се` е супер филмче. :)
Група талентирани магионичари се здружуваат во заедничко шоу и го прават најневеројатнјот магичен трик кој светот го видел - ограбуваат банка.
Заплетот почнува токму тука...
Препорачувам, интелигентен и забавен филм.
p.s. Типот што го глумеше Марк Цукерберг во The Social Network ми е нова симпатија за озбилно. :$
8.5/10

без ова ПС јас исто така како Трендафилка сум со мнн убави импресиии за филмов дури не го ни чепнав телефоно дур го гледав ...


R.I.P.D. (2013) - Слика
значи како што имаше пишано и во една статија трелер на филм кој почнува со со него глумат и кој го режисирал и такви ми ти глупости освен тоа во трелерот нема ништо интересно ..и е вистина ... ама стварно да избројам на прсти можам колку само интересни имаше моменти и тоа беше кога и да се покажеше кинезот само ...
2/10 е моја оценка
Сликагоспод да ја поживи единствена светла точка во филмов
Аватар на корисникот
figgiMK

Црвено цветче
 
22162474
Мислења: 6933
Зачленет: 23 Дек 2010, 15:38
СликаСлика

Мислење 26 Авг 2013, 13:19

KITES (2010)

"It's not the will of the kites that makes them dance in the sky cause someone else always holds the strings..."

Главни улоги: Hrithik Roshan, Bárbara Mori, Nicholas Brown, Kangna Ranaut.

Слика

Скриен текст: покажи
Џеј е Индиец, танчер во Лас Вегас, кој на различен начин се труди да заработи пари. Еден од таквите е тоа што се оженува со жени - имигранти на кои во замена за кеш им дава зелени карти. Во една таква ситуација, ја запознава Линда, имигрант од Мексико. Нивната средба не е случајна, судбината им подготвила многу изненадувања.

Мексико. Лас Вегас. Индија. Различни светови и животи. Луксуз. Пари. Љубов. Ќе го пронајдат ли Џеј и Линда својот заеднички свет?

Еден од најубавите љубовни филмови кои некогаш ги имам гледано. 10/10 :up: Топло го препорачувам и верувам дека никого нема да остави рамнодушен.

Слика Слика Слика Слика
Слика
Слика
Слика
Слика
Аватар на корисникот
The.Crab

Зелено цветче
 
356409
Мислења: 630
Зачленет: 24 Фев 2011, 15:01
Треба да ја преземеме одговорноста за своите постапки. Тоа е единствениот начин да одбегнеме да станеме жртви и да го зачуваме својот дигнитет.

Пам Џенов

Мислење 26 Авг 2013, 17:15

Слика

Убава приказна , со уште поубава музика ! Мјузикл со пре-убави преработки на рок песни од 80-тите , и хумор и љубовни приказни .... штета на имдб што има толку мал рејтинг , убав е филмов и е ептен убаво склопено ! Си ги симнав сите песни , звучат близу до оргиналот !

10/10
Аватар на корисникот
black-angel

Жолто цветче
 
55496
Мислења: 1583
Зачленет: 14 Дек 2009, 18:40
Локација: Во длабочините на рајските Вавилонски градини
Слика
Dean Winchester .... you are adorable !!

Мислење 26 Авг 2013, 21:25

Каменувањето на Сораја - The stoning of Soraya

Ова е најдобриот филм што сум го гледала во последно време. Ретко се случува некој филм да побуди толку многу чувства во мене. Збунетост, бес, гнев, и на крај огромна жал.
Никогаш, никогаш, нема да ми биде јасно од каде е таа потреба на човекот да му суди на друг. Никогаш нема да ми биде јасно каква е таа потреба на човекот да се наситува на туѓата несреќа. Сцената кога ја каменуваа разбуди огромна ужаснетост од човечкиот род во мене. Не ми се веруваше што гледам. Сите луѓе од селото не си ја гледаат својата работа туку острат камења и одат да довршат нечиј живот. Деца, жени кои може да ги снајде потполно истата судбина гледаат отстрана и се ситат како мршојади.
А причината поради која еден невин живот завршува ми беше најбанална од се: мажот и си сака помлада жена и за да не и плати на Сораја прави план да се реши од неа.
И најлошото е што татко и е тој кој што ја осуди на каменување, татко и е првиот што фрли камен по нејзе. - секогаш најголемите удари ги добиваме од најблиските.
Аватар на корисникот
WarriorAngel

Зелено цветче
 
8603211
Мислења: 868
Зачленет: 16 Мар 2012, 19:00
Локација: Lovely Egypt
Има помалку души одошто луѓе. Знаете ли тоа?

Мислење 26 Авг 2013, 23:13

Слика

Arthur (2011)

Иако не го сакам глумецот, оваа улога добро му лежеше :) Артур е многу богат, но крајно несериозен, постојано прави забави, скандали и слично. За да го добие наследството што му следува, тој треба да се ожени. Му наоѓаат женска (со која некогаш бил во врска), но додека се подготвува свадбата тој прв пат вистински се заљубува во друга девојка. И да напоменам, зависен е од својата дадилка Хобсон, која цел живот се грижи за него :)

Филмот е многу интересен, добри глумци, го препорачувам ;)
(7.5-10)

Трејлер:
Аватар на корисникот
sanja.burgundy

Сино цветче
 
805732
Мислења: 460
Зачленет: 09 Апр 2013, 14:59
"Fashion is not a competition, it is art, not a sport"

web: http://sanjaburgundy.blogspot.com/

fb: https://www.facebook.com/SanjasBurgundyBlog

Мислење 27 Авг 2013, 11:20

Perfect Sense
Слика
Кога седнав да го гледам филмов не очекував да биде ваков.
Преубав филм, дефинитивно ме плени. Чуден, оригинален, предобар. Ева Грин ми е доста атрактивна и талентирана актерка која премногу сакам да ја гледам, а Еван МекГрегор ми е шармантен и секси.
Одлична замисла, уште подобра реализација. Глумата перфектна, филмов дефинитивно на сите ќе ви го задржи вниманието. Неќам да ви откривам од содржината, сами погледнете го.
Препорачувам
10/10
Аватар на корисникот
Vikica.cuci

Жолто цветче
 
29761105
Мислења: 1482
Зачленет: 21 Ное 2011, 16:59
Слика
Be who you are and say whan you feel, because those who mind don't metter, and those who matter don't mind!

Мислење 28 Авг 2013, 02:03

The Conjuring
http://www.imdb.com/title/tt1457767/?ref_=ttqt_qt_tt
Или јас сум изгубила кондиција за гледање вакви филмови, или ова е навистина страшно добро нешто :o

Седумчлено семејство се вселува во стара куќа (која подоцна се разбира испаѓа дека има сомнително убиваме-па-се-самоубиваме-па-духовите-се-шетаат-по-куќава минато) и нели почнуваат да се случуваат чудни работи. Ова ми беше стандард приказна, ама добри ефекти и замисла има филмов што дефинитивно ме штрекнуваше на моменти.
Скриен текст: покажи
Само не ми се допадна што имаше целосна физичка илустрација на демончево. Доволни ќе беа само раце, или само очи; не им требаше сцената кај што се појавува така цело, соси тело.
Ќе повикаат истерувачи на демони и овие ќе снимаат ќе пустат ќе штурат, ќе установат што е како е и да видат што може да се направи за да ги спасат.

Се‘ на се‘ добро филмче, страшно по мој вкус, језиво. Откако го догледав се‘ ми се чинеше дека ми тропа нешто по дома.

Замерка имам за тоа што се‘ живо вметнале во филмов, премногу непотребни работи, кај ова семејството со демонов си има мака, ами и овие истерувачиве исто нешто ги јаде. Мислам... премногу натрупани непотребни елементи без кои филмов исто така совршено би функционирал. Дури мислам дека да ги немаше нив, туку другиве сцени уште подетално и подобро да се разработеа, уште подобар ќе беше.
Може не сфатив добро, не знам, ама се‘ ми се чини дека по вистинска приказна е работен. Ама не морале се‘ од вистинската приказна да пикнат тука, премногу е.

Не би му дала 10 од 10, тоа сигурно.
Не го препорачувам на лица со слабо срце и на оние кои си патат од кошмари, зашто од ова сигурно ќе ги имате.
Скриен текст: покажи
Јас си легнав со мајка ми вечерта :tmi: :D
Аватар на корисникот
Hipica

Виолетово цветче
 
1054017047
Мислења: 13755
Зачленет: 31 Дек 2009, 00:34
Локација: Таму кај што топол ветер прави плетенка од моите кадрици.

Мислење 28 Авг 2013, 02:24

The Frozen Ground (2013) 10/10
Филм за сериски убиец,снимен според вистинско случување.Го препорачувам!
Скриен текст: покажи
An Alaska State Trooper partners with a young woman who escaped the clutches of serial killer Robert Hansen to bring the murderer to justice. Based on actual events.
Аватар на корисникот
Mermaid90

Жолто цветче
 
9601270
Мислења: 1032
Зачленет: 27 Фев 2012, 19:35

Мислење 29 Авг 2013, 00:56

Girl with a pearl earring
gwape.jpg


Ептен ретко уклучувам телевизор, па кога го фатив овој филм, си го изгледав. Гледан ми е преку 3 пати, веќе не ни памтам.
Не сакам многу вакви филмови, од проста причина што гледам дека жената немала право А да каже, а камоли нешто друго. Денес бар на хартија имаме некои права. Али таквото целокупно општество не ми се допаѓа воопшто, мило ми е што сум се родила во ова (не)време.

Скарлет ко актерка никогаш не ме импресионирала нешто посебно, сметам дека е просечна, нема некој талент за да те воодушеви. Али во овој филм ми е варлива.

7/10
Аватар на корисникот
moonlight-girl.55

Жолто цветче
 
1048516
Мислења: 1259
Зачленет: 26 Јул 2010, 23:08

Врати се на Филм и ТВ

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: mia-m и 7 гости