1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    A.C.O.D.
    [​IMG]
    Или на наше Возрасни деца на разведени ротидели.
    Уште едно океј филмче за релаксирање. Се работи за Картер и неговиот помал брат Треј. Нивните родители се разведуваат додека Картер и брат му се млади и двајцата си наоѓаат други партнери. Не разговараат скоро 20 години се додека помалиот брат Треј не реши да се жени. Тука настанува заплетот во филмот. Се откриваат нови работи, нови афери и слично. Натаму гледајте. Како што кажав океј филмче за опуштање, имаше некои смешни сцени, добар избор на музика, а и не трае долго, брзо се гледа. Би го класифицирала како лимонатка.
    6/10
     
  2. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.164
    Допаѓања:
    23.019
    Пол:
    Женски
    Maleficent
    [​IMG]
    И Јас конечно да го гледам :) Не беше во 3D , ама пак филмот ептен ми се бендиса, со многу интересна приказна, особено крајот, на сите шо го немате гледано, обавезно да го гледате :)
    10/10
     
  3. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Twilight 10/10
    Се зборува за една девојка Бела и еден вампир Едвард што се вљубуваат еден во друг.
    [​IMG]
    Twilight New Moon 10/10
    Се зборува за тоа како Едвард ја напушта Бела и ја остава сама и таа се зближува со врколакот Џејкоб, но на крај се враќаат заедно.
    [​IMG]
    Twilight Eclipse 10/10
    Во овој дел и Џејкоб се заљубува во Бела. И Џејкоб со врколаците и Едвард со фамилијата ја заштитуваат Бела од една вампирка.
    [​IMG]
    Twilight Breaking Dawn Part I 10/10
    Во овој дел Бела и Едвард имаат венчавка и таа забременува со една ризична бременост. Затоа Едвард мора со својата отров да ја претвори во вампирка.
    [​IMG]
    Twilight Breaking Dawn Part II 10/10
    Во овој дел Бела веќе е вампирка и се зборува за заштита на нејзиното дете.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG]
     
    На MermaidKiky му/ѝ се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Доријан Греј
    [​IMG]

    Филмот изобилува со карактеристики на доброто и злото. Младиот и наивниот Доријан доаѓа во лондон,по смртта на дедо му.Тој сеуште не ги знае добрите и негативните карактеристики на Лондон во тоа време. Се спријателува со Басил(уметник)кој ќе му нацрта портрет кој всушност ќе биде жив и поради тој портрет Доријан ќе биде вечно млад. Но филмот ќе се испреврти кога во меѓувреме ќе го запознае Хари кој ќе го наведе на потпадне под неговите планови и да си ја продаде душата. Да остане вечно млад. Ја запознава убавата Сибил со која треба да се ожени,но Харис успева да го разубеди и да го претвори во жиголо.Доријан ја откажува свадбата со Сибил, а таа се самоубива заедно со бебето кое го носела од него. Потоа работите одат во се полош правец, Доријан навлегува се подлабоко и подлабоко во замките на Харис, станува се по бесчувствителен и убиец... Филмот носи скриена порака.На почетокот е клише, но после самоубивството на девојката, почнува интересното.

    Филмот е одличен.9/10 според мене. Но Бен не ми остави којзнае каков впечаток,но добро се снашол во улогата на Доријан.Во меѓувреме и оваа песна од филмот е предобра.
    https://www.youtube.com/watch?v=IfFLRQ6fbdA
     
  5. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    20.898
    Пол:
    Женски
    Филмов го знаете скоро сите.Долго време ми беше на листа за гледање,али вчера дошол денот.
    Немам зборови, секоја чест.Допре до мене, и не можев никако да се совземам на крај. ;(
    10/10.
    [​IMG]
     
    На m3a3c3a3 и aways им се допаѓа ова.
  6. jjoovvaannaa

    jjoovvaannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    17 AGAIN :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: како можев до сега да го немам гледано :o :o :o страм да ми е :x НАЈУБАВВВВВВВВВ :$ :*
     
  7. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    X-Men: Days of Future Past

    Интересен, но не и нешто посебен. На исто рамниште со другите делови.
    Дури и можам да кажам дека поинтересни ми беа другите. Овој не ме привлече многу.
    Како и да е, не е лош.

    7/10
     
  8. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    17 again 10/10 (Повторно 17)
    Многу интересен филм, се зборуа за еден маж што се враќа во своите 17 години :D
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG]
    The other woman 8/10 (Другата жена)
    Се зборува за еден маж, што има 3 жени во својот живот и сите ги изневерува и тие се здружуваат да го уништат. Филмот е интересен :D
    [​IMG][​IMG]
     
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.722
    Пол:
    Женски
    Love Loves Coincidences

    Не сум во пмс ама филмов ме расплака.Турски ,со познати актери,зборува за двајца млади родени во ист ден ,кои се сретнуваат по 25 години.Љубов,многу чувства ,малку хумор,трагедија на крајот,сосема малку патетика,работи кои се сосема доволни да го прогласам за сентиментален женски филм.

    Го препорачувам за пуканки и кутија палома до вас.
    7/10
     

    Прикачени фајлови:

    На thelittle17, christinnn и nena2010 им се допаѓа ова.
  10. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Divergent (2014)

    [​IMG]

    Хух, незнам од каде да започнам. :whew:
    Само што го догледав и сеуште сум под импресии. Предобра приказна, баш по мој вкус.Филмов е врвно достигнување за целата филмска индустрија.Кога мене би ме прашале јас мислам дека овој филм е најдобар за оваа година.Просто неможам да се доискажам колку уживав, гледајќи го. Несакам копии и не велам дека филмов е копија но има и некои слични сегменти како кај Hunger Games. Што значи ако сте го гледале Хангр Гејмс и ако ви се допаднал, овој три дупло ќе ви се допадне повеќе, според мене.Не сакам да преувеличувам но ако на хангр гејмс сум дала 10 на овој ќе дадам 30.

    На секој од местото му прават тест за што го бива највеќе и се одлучуваат да служат на една категорија, но има и такви што се поинакви,различни од другите.Кога различната Беатрис ќе се одлучи да им служи на нестрашливите нема поим дека всушност тие им служат на владата за да го убијат невиното население преку серум кој им го даваат и тие немаат поим дека всушност убиваат но овој серум не функционира кај различните.Затоа што Беатрис е поинаква ќе мора да ги крие своите тајни како успева да има најдобри резултати на тестовите а најслаби на боречките вештини.Со текот на времето Беатрис ќе зајакне и всушност ќе увиди дека не е само таа специјална...

    Warning: Глумецот :inlove: :inlove: :inlove: :*

    10+/10
     
    На ALISA0000 и Ivy89 им се допаѓа ова.
  11. fashion.girl.13

    fashion.girl.13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    22 Jump Street
    [​IMG]
    филмов го гледав во кино и многу ми се допадна смешки е 10/10 :D
     
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    37.839
    Пол:
    Женски
    Е на Hunger games филмов може за малото прсте да му се фати.Јас го гледав и прво ми беше онака океј, после ја прочитав книгата и сфатив дека екранизацијата е ужасна.Прво не е доследна на книгата, многу детали и ликови се сменети, второ приказнава во книгата е многу подлабока, додека во филмов е троа нафрлено и површно...без душа.Многу лошо, актеров е многу згоден признавам ама девојката не ми се допадна во улогата.

    Инаку јас го гледав Blue is the warmest color и што да кажам, филмов ми остави некаква млака горчина, ме издишна...приказната е толку вулгарна, а сепак толку топла и секојдневна.
    Актерката која ја глуми Адел иако има многу убави црти во филмов ми беше малку антипатична, некако чудна, со некој постојано изгубен поглед, со иста фацка на секаква емоција, мада повремено помислував дека баш таква и беше улогата и дека совршено ја одглуми, а да и многу гадно јадеше, ептен некако чудно шлапкаше со устата.Léa Seydoux ми е преубава актерка, многу добро глуми и во филмов како Ема беше совршена.Нивната љубов не ми беше ни чудна, ниту ненормална, ниту гадна, едноставно ми беше совршена, реална и болна.Сцените со секс ми беа ептен перверзни, но не ми беа гадни, морам да признаам дека таа нивна страст беше заразна што дури и мене малку ме возбуди.Тоа што филмот е француски уште повеќе ми се допадна, овие филмови имаат така слободен тек, тивок, релаксирачки, ептен ми се по ќеф.
    Топла и љубовна приказна за две девојки кои ќе се заљубат една во друга и ќе си ги разнишаат меѓусебно животите.Го препорачувам и му давам 9/10.
    [​IMG]
     
    На Tiki-lolipop и Vikica.cuci им се допаѓа ова.
  13. MermaidKiky

    MermaidKiky Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Snow White and the Huntsman (2012)

    [​IMG]

    Ја знаеме сите приказната за Снежана ама оваа е прикажана во мрачниот свет. Мајката на Снежана умира по раѓањето, а Царот се преженува за жена која ја нашле за време на војната. Таа го убива Царот и сите негови луѓе и станува кралица со својата војска, Снежана ја држи затворена. Кога Снежана ќе избега во мрачната шума, таа праќа ловец да ја донесе за да и ја земе душата и засекогаш да биде млада и бесмртна. Но ловецот и станува заштитник на Снежана и со заеднички сили тргнуваат во борба против Лошата Кралица. :)

    Интересно филмче. :D

    9,5/10
     
  14. Lavander

    Lavander Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
    The Lake House
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
    Филмот е интересна романтична драма, со Киану Ривс кој е архитект и Сандра Булок која е докторка. Убавата стаклена куќа покрај езерото и магијата на нејзиното поштенско сандаче. И двата лика биле сопственици на куќата едниот во 2004 година ,другиот во 2006 и се допишуваат испраќај ги си пораки во сандачето и неколку пати се среќаваат по игра на судбината.Исто така имаат и исто куче. Потоа се раѓа љубов меѓу нив и бараат начин како да се сретнат во живо.
     
    На SV1911, Ivy89, lunicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Love & Basketball 8/10 (Љубов и кошарка)
    [​IMG]
    Во филмот се зборува за едно девојче што сака да стане кошаркарка и се заљубува во кошаркар. Филмот е многу убав и интересен.
    The vow 6/10 (Заветите)
    [​IMG]
    Се зборува за еден маж и жена што многу се сакаат, ама таа доживува несреќа и ја губи меморијата и се сеќава на се освен на животот со него. Филмот е многу убав за тие што сакаат љубовни филмови, мене искрено ми беше досаден.
     
    На Ana3567 и SimonaTino им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.195
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Maleficent конечно.
    Задоволна сум од филмов, бев скептична за Анџелина Џоли зашто не ја сакам баш, ама улогава и беше супер погодена. Немам ниту една замерка за неа. Приказната одлична, супер скроена, не трепнав за време на филмот.
    Единствено Ел Фенинг ме нервираше цело време, ко ретардирана да беше, ем актеркава ме нервираше, ем тоа што Аурора ја направиле ко ментално заостаната. Тоа церекањето и кезењето без врска почна на нерви да ми оди. Зарем немаше некоја поубава актерка?
    9/10 има филмов поради Аурора.
     
    На Ivy89 и SimonaTino им се допаѓа ова.
  17. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    The Hangover (2009)
    [​IMG]
    Конечно да го гледам филмов. Долго време го избегнував, ни јас не знам зошто.
    И сега можам да кажам дека сите позитивни критики биле на место. Една од ретките вистински смешни комедии, измешано со драма, неизвесност и неколку изненадувања. Одличен кастинг. Огромен плус за Бредли Купер и Фил, ептен погодена улога. И за Мајк Тајсон. И Мр. Чао. Ма, за сите. :lol:
    8/10, браво. :clap:
     
  18. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Кај го гледаше Луничке?Ако може линк :)
     
  19. AffyJelenator

    AffyJelenator Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2014
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Maleficent , филмот е прекрасен и вреди да се гледа сто пати :)
     
  20. Lavander

    Lavander Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
    Belle (2013)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Прекрасен филм, прекрасна приказна, се изначекав дури да излези торент. Филмот е за една британска благородничка мулатка Дајдо Бел, чиј татко бил белец, а мајка црнкиња. Таа и покрај тогашните строги општествени норми и правила, живее во куќата на нејзиниот вујко кој е врховен судија, бидејќи мајка ѝ умира додека е мала, а татко ѝ е капетан на брод. Таа расти удобно во голема палата заедно со нејзината братучедка.За Дајдо Бел важат посебни правила во куќата или како што таа сама кажа е на повисок ранк од слугите робовите,но понизок ранк од останатите белци благородници членови на семејството. Тие двете добро се сложуваат. За Дајдо Бел Кога ќе пораснат почнува заплетот бидејќи двете девојќи треба да се омажат. Работите се менуваат бидејќи Дајдо наследува огромно богатство од нејзиниот татко, додека нејзината братучедка нема наследство бидејќи нејзиниот татко се преженил со друга жена со која добил син кој ќе биде негов наследник. Во меѓувреме се појавува и еден млад приправник на нејзиниот вујко кој е студент по право и кој се бори за правата на робовите и нивниот статус во општеството. Тој полека но сигурно го освојува срцето на Дајдо, но и тој се заљубува во неа. Во филмов е прикажана и големата алчност на благородниците кои ѝ покрај тоа што сакале нивните синови да се омажат со братучетката на Дајдо Бел, тие се откажуваат од таа намера кога ќе дознаат дека таа нема наследство, нема мираз и почнуваат да бараат начин како да ги оженат нивните синови за Дајдо Бел без премногу да го загрозат нивниот општествен статус. Ви го препорачувам филмов, навистина вреди да се гледа.
    [​IMG] Ова е слика на вистинската Дајдо Бел и нејзината братучедка.
    Дајдо и братучетка ѝ во филмот.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.