1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. bussines-woman

    bussines-woman Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    И јас последното што го гледав беше Луси...и го делам истото мислење. Претерале со sci-fi, некои работи воошто немаа логика. Сепак Скарлет дава еден посебен печат на фимов, ова и е една од најдобрите глуми :)
     
  2. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    The Disappearance of Lenka Wood (2014)
    Во филмот се раскажува за љубовта на еден пар кои решаваат да се земат и заминуваат на меден месец во Турција, таму девојката е киднапирана и следуваат низа неочекувани пресврти.
    [​IMG]
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Teenage mutant ninja turtles 2014 - Нинџа желки

    [​IMG]

    Приказната сите ја знаеме т.е. цртаната верзија ( цртаниот филм ).
    Едвај чекав да излезе снимка на интернет и конечно го изгледав.
    На почетокот е малку досадно, додека Ејприл да ги открие дека постојат и се борат против кланот Стопало. Таа не ни претпоставуваше дека тоа е проект за кој се борел нејзиниот татко. Дека она како мала уствари ги спасила од пожарот во кој загинал нејзиниот татко, фрлајќи ги во канализација заедно со глушецот Сплинтер.
    Многу е интересен филмот, ќе се смеете.

    10/10
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    The Maze Runner
    [​IMG]
    Откако ќе му биде избришана меморијата, Томас се буди на непознато место и станува дел од заедница на млади луѓе со иста приказна. Набрзо дознава дека сите тие живеат опколени со еден голем лавиринт од кој никој не излегол жив.

    Интересен филм, не моменти ме фаќаа напади на клаустрофобија додека го гледав. Верувам дека книгата е многу подобра, ама мене и филмот ми се допадна.

    Го препорачувам :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Going the Distance

    Пред легнување сакам да се релаксирам со лесни романтични комедии,па овој ми се вклопи одлично.
    Филмчево е најреалниот „чик флик“ што сум го гледала во последно време.Одлично ги покажува врските на далечина,со сите свои проблеми и нема некој совршен крај како во бајките,туку многу возможен и реален.
    Доказ дека се се може ако љубовта е голема.
    Ми се допадна што врската беше прикажана и од машки и женски аспект,тоа што имаше вистински разговори и еден мал милион комични моменти со семејството и пријателите кои никако не изгледаа увештачено како вообичаено,туку едноставно спонтани и природно комични.
    Дру Баримор си ја сакам во сите улоги,а и машкиот лик не беше лош иако го немам видено во други улоги.
    Оцена 8/10
    Како што стареам и гледам се повеќе филмови,се повеќе станувам строга со оценките :D
     
    На Saricko му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    [​IMG]

    The Grand Budapest Hotel

    Да почнам од Ralph Fiennes, Актер кој ИЗУЗЕТНО го ценам. Наслушнав дека ќе биде номиниран за Оскар во улогата на Monsieur Gustave H од филмов, и СЕ НАДЕВАМ ДЕКА Е ВИСТИНА, а и дека ќе го земе и Оскарот. :bow: Дефинитивно ОДЛИЧЕН АКТЕР.

    Е,сега морам да нагласам дека во филмов се појавија и други ПРЕДОБРИ актери од типот на

    Adrien Brody
    Willem Dafoe

    Edward Norton
    Jude Law и воопшто не разочараа :) . Филмот, кој впрочен е и правен од книга, беше БУКВАЛНО КО ЧИТАЊЕ КНИГА што посебно ми се допадна.
    Црн хумор колку сакаш :D Мене навистина ми се допадна филмов, за мој вкус е голема 9ка.
    Глума, кастинг се се перфектно, За Ралф морам уште еднп :bow: да ставам, значи прекрасна глума во улога на Господинот Густав, осторумен маж, хумористичен, циничен,премногу саркастичен, Бисексуалец, но пред се Човечен и добродушен, кој заедно со Својот потрчко во хотелот кој патем е имигрант, се бори да си ја докаже невиноста кога ќе го наместат за убиство на неговата Постара Љубовница :)
    9/10 од мене навистина ми се допадна
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Non-stop
    [​IMG]
    Одамна се канам да го изгледам и еве дојде денот. Добра акција, неизвесен до самиот крај, замерка ми е тоа што некои работи и колку и да сакаш да ги темпираш нема да бидат така до минута точни - а такви имаше доста во филмот. Се' на се' го препорачувам да се изгледа.
    8/10
     
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Gone Girl
    http://www.imdb.com/title/tt2267998/
    Бен Афлек го толкува ликот на Ник Дан, сопственик на бар чија сопруга Еми (Розалин Пајк) изчезнува на денот на нивната годишнина. Како што напредува полициската истрага, совршениот брак на Ник и Еми веќе не делува толку совршен.
    Мене лично филмот не ми се допадна. Почна одлично но насоката по која продолжи приказната не ме импресионира воопшто - како за филм кој моментално на имдб држи рејтинг од 8,5 очекував нешто многу, многу посолидно.
     

    Прикачени фајлови:

  9. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    22 Jump Street
    [​IMG]
    Океј филмче за тмурен ден. Имаше некои смешни сцени, но имаше и некои веќе видени сцени, веќе изговорени фрази и слично. Првиот дел ми беше многу подобар од овој. Во првите триесет минути едвај издржав а да не заспијам. Натаму е многу поинтересен.
    Приказната позната, Јенко и Шмит се повторно во акција. Повторно бараат дилер на дрога, но случајот е малку поинаков од претходниот.
    Како што кажав океј филмче, ама можеле да го направат малку поинтересен.
    6/10
     
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.813
    Допаѓања:
    38.290
    Пол:
    Женски
    Gone girl
    [​IMG]

    Со оглед на тоа што книгата беше еден од најдобрите трилери кои сум ги читала, ќе кажам дека и филмот ми се допадна.Не очекував волку добро дека ќе испадне екранизацијата, ептен ме изненади.Повеќето детали не се изоставени и сосем солидно ги вклопиле сите 600 стр во 2 часа филм.
    Актерката која ја играше Ејми беше ОДЛИЧНА, ептен добро ја долови улогата и онаа фрик страна на ликот.Многу добро глумеше и ми беше задоволство да ја гледам, баш онака како што ја замислував Ејми додека читав за неа.Ник не го замислував како Бен, но сепак не беше лош, си ја одигра улогата на место.Остатокот од екипата беше супер, освен Ратјаковска(или како и да е) немаше поим од глума, а и грда била некако, на слики и фотосесии ми изгледаше многу убава.
    Одличен филм кој е супер за вечер во кино.Како и да е книгата е подобра и ако ја немате читано, прво земете ја неа.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^
    Има ли добра снимка од филмот за симнување или во кино го гледаше?
     
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.813
    Допаѓања:
    38.290
    Пол:
    Женски
    Во кино го гледав.
     
  13. Jovana.P

    Jovana.P Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
  14. Kala22

    Kala22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    543
    http://www.imdb.com/title/tt1267297/ Hercules со Dwayne Johnson и нормално преубавата Irina Shayk(во многу малку сцени ја имаше) :D Можам да кажам дека очекував нешто поразлично од сите претходни верзии за Херкулес(најверојатно дека ги има толку многу филмови за Херкулес :D )имаше некоја своја приказна,ама на крајот сепак си е истата легенда :D Кој сака може да го погледне,мене ми беше интересен :)
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Let's be cops
    Филмов ме изненади ептен позитивно. Имаше доста интересни сцени, добар физички хумор. Мислев дека главните актери ќе бидат утка, или нема да можам да ги сварам во друга улога знаејќи ги како Ник и Coach, ама и тие ме изненадија ептен. Супер беа како дуо, имаа одлична хемија.
    И да не го заборавам мачево. :D
    [​IMG]
     
    На sweet-star, eliesaab и Abeja им се допаѓа ова.
  16. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.118
    Пол:
    Женски
    Annabelle
    [​IMG]
    Нема потреба од рецензија, јасно е и според постерот од филмов дека станува збор за опседната кукла околу која се случуваат језиви и необјасниви работи...
    Ми се допадна повеќе од The Conjuring, чисто за споредба. Без некоја посебна причина, едноставно ми беше поинтересен.
    Плус ми се допадна што е според вистинска приказна, па се забавував читајќи околу тоа и откако го изгледав самиот филм.

    :up:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Испит
    [​IMG]
    Да нема забуни, на англиски е филмов. Постеров така ми се најде.
    Да се живи и здрави видеотеката на МахТв и МТВ :D
    Дејството се случува во една просторија, но се‘ е толку напнато што на секое се прашував во кој момент ќе пукне тиквата.
    Осум кандидати се ставени на последен тест пред еден од нив да биде вработен во моќна компанија.
    На овој испит имаат само едно прашање кое гласи... :)
    ...
    Да си го гледате, нема да зажалите.
     
    На NoellePage, nightingale, A-j-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    The Lunchbox - http://www.imdb.com/title/tt2350496/

    Индиски филм, но приказната не е класична индиска.
    Се работи за двајца луѓе кои што поради грешка на курирот кој ја доставува храната, ќе почнат да се допишуваат.
    Интересна приказна, на моменти до солзи смешна, но и подеднакво реална и сурова дури.

    [​IMG]
     
    На eliesaab и Marossa им се допаѓа ова.
  19. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Ninja Turtles
    Позната приказна од желките и Ејприл Онил. Мене супер ми беше филмчето.
    [​IMG]
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Annabelle (2014).

    Во описот се вели дека претставува prequel на The Conjuring, па драго ми е што прво овој го изгледав. Не ми беше толку страшен филмот колку што ми беше морбидна куклата на постерот. :D Затоа, се испотресов и кога го гледав пред два дена, го гледав додека беше уште денски. :rofl:

    Иако навидум не толку несекојдневна содржина, начинот на којшто сето тоа беше прикажано беше уникатен.

    Добар филм,
    ептен ми беше ефектно на почетокот на филмот, сцената со погребот кога чинам свештеникот читаше дел од Библијата во којшто се вели дека најголем доказ за љубовта е да се жртвуваш себеси за ближниот и нормално мислиш најпрвин дека целиот филм ќе оди во друга насока и дека таа којашто ќе се жртвува ќе е мајката. Потоа, при крај на филмот ми беше јако кога мајката ја кршеше куклата, па потоа и` се виде дека всушност го жртвуваше бебето. И тоа беше уште еден збунувачки момент којшто ме наведе да мислам дека всушност таа ќе си го жртвува бебето. Реакцијата на жената од книжарницата на крајот ми беше тотално неочекувана, како и самиот исход на крајот.

    Kако и да е, ми се допадна поентата на крајот, ниту една душа не е дојдена туку така на овој свет, туку пред себе има јасно одредена цел и пат.