Одлично направено анимирано филмче. Боите се милина. Содржината поинаква од вообичаените и симпатична, интересна... Локацијата Париз 10/10
How to marry a millionarie Tри модели имаат сон да се омажат со некој милионер,и го следат нивниот сон,но тука љубовта се вмешува.....и гледајте за кого ке се одлучат 4\10 Some like it hot Двајца музичари сведочат убиство,па бегаат од убијците,се маскираат во девојки и случајно се качуваат на воз за група пејачки и музичарки,па таму ја запознаваат убавата Sugar,ваљда тоа и беше името и се борат кој да ја осови 7\10 Mногу ми се допадна,многу беше забавен и смешен
Extremely Loud and Incredibly Close Ми се допадна. Безмалку прекрасен филм, полн со емоции, на моменти заплакав. Глумата и гласчето на детето се извонредни, ги засенува главните актери. Многу е погодено во кастингот, ликот му е таков што на моменти и малку иритира, но всушност така и треба да биде, не треба да биде толку симпатично и допадливо како тоа во Хуго да речеме. И дедото добро го одглуми ликот. Оскар го губи својот татко при нападот на кулите близначки на 9.11, и оттаму започнува неговата потрага по она што би требало да го отвори со клучот кој случајно ќе го пронајде во работите на татко му. Мислам дека начинот на кој е направен филмот, т.е. реализацијата, кадрите, нарацијата, целата ретроспектива е многу подобра од самата приказна, но сепак, ова е еден добар и топол филм. Препорачувам. И музиката е прекрасна. 8/10
Flipped Не знам дали јас бев малку растревожена заради пмс-от, или филмов беше стварно толку добар, ама некако успеа да ме допре. На моменти ќе заплакав... Можеби затоа што си ја препознав мојата детска душа и моите веќе заборавени соништа. Интересна приказна, паралелно прикажана низ очите на две деца - Џули и Брус. Дејствието се случува во 50тите години на минатиот век, што некако (барем за мене) ја зачини целата приказна. Сакам да гледам такви филмови кои се случувале тој период, интересен ми е самиот нивни начин на живеење. Ви го препорачувам.
Убава жена Spoiler Приказната верувам ви е добро позната. Го гледав за прв пат и ако го занемариме типичниот холивудски завршеток, многу ми се допадна филмот. Ричард Аууууууу!!!!!!! Зазорување: 1 дел Spoiler Претпоследниот дел од „сагата“. Многу сцени од филмов ми измамија насмевка. Глумата ме потсеќаше на некој чуден европски хумор каде глумците се крајно сериозни. Заклучок: нивната намера да создадат science-fiction драма/whatever баш и не е остварена. Башка имаше гадни сцени, крвишта и слично, тешко-сварливи за мојот желудник.
Па незнам баш која оценка да ја дадам,се знае што да се очекува од ваков тип на филм ,борби ,крв акција ...доброто против лошото не ми се баш нешто особено допадна затоа што очекував повеќе дури и нестрплива бев но една 5 би дала .
Grow Ups Killers Што убаво ми помина викендов со комедииве. И двата се интересни на посебен начин, али секако посмешен е првиот. Инаку Ештон Качер е бонбона во филмов, само во овој филм ми е најзгоден
Го гледав Drive (2011) за мој коментар за филмов ќе кажам дека изгледа за да не кешираат мнн мнн глумциве ги платиле за збор- мислам дека повеќе од 100 збора во сценариово немаше ...и сите беа последните 20 мин ... од мене 3/10 УМРЕВ ОД ДОСАДА...
HUGO Прекрасен филм за момче кое живее на железничка станица во Париз, во 30тите години на минатиот век. Филмот овоои неколку награди на синоќешните Оскари.
Една жена прави листа од сите мажи со кои била во врска во последните 20 години,со надеж дека еден од нив е нејзината вистинска љубов. Доста интересен но не ми остави којзнае колкав впечаток.И да бидам искрена,го гледав заради Ана.Филмчево го препорачувам за трошење на 'фазла' време. 6/10
Derailed (2005) Слична приказна ко вчерашниот, па дури и сличен постер. Оженет маж среќава мажена жена во воз и меѓу нив се развива хемија. Решаваат да земат соба во хотел, но одеднаш работите излегуваат надвор од контрола кога во собата ќе добијаат и трет гостин кој ќе ги смени нивните животи (или барем на едниот од нив.) Интересен пресврт, може малку предвидлив, но не е лошо. 7/10
Albert Nobbs Филмовите чие дејство се одвива во Ирска или Англија во 18 или 19 век, секогаш во мене будат некое чудно чувство, по малку и морничаво, исто како и филмовите со Амиши. Дејството на овој филм се случува во 19 век во Ирска, а главен протагонист е Алберт Нобс кој води двоен живот, за да се заштити и да го исполни својот сон, но со тек на време и самиот се заплеткува во сопственото битие. Глен Клоуз е одлична, прекрасна глума, заслужена номинација за Оскар, со оглед на тоа што вчера го гледав филмот мислев дека сабајле ќе го видам Оскарот во нејзини раце, но не сум ја гледала изведбата на Мерил Стрип па не можам да судам за изборот. http://www.imdb.com/title/tt1602098/
Albert Nobs ми е следен. Симнат ми е ама со денови никако да ми дојде на ред Les femmes du 6ème étage Домашни помошнички од Шпанија доаѓаат во Париз на работа. Сместени се на најгорниот кат во комплексот каде работат и во филмов се прикажани нивните животи, проблемите со кои се соочуваат. Убаво француско филмче за трошење време, 6/10
Вчера го гледав How to lose a guy in 10 days. Што да кажам, го гледам по 100ти пат, секогаш ме смее, ја обожавам Kate Hudson. А денес го гледав Bride wars, исто со Kate, интересно, лесно филмче. Во такво расположение сум, ми годат лесни и смешни филмови.
ALBERT NOBBS Ми беше мака дури го гледав филмот бидејки цело време самата си правев сценарија што ке биде кога ке се открие тајната на Алберт. Алберт е жена која поради непријатно искуство во младоста, се облекува како маж, се со цел да преживее во суровата средина. Ке запознае мајстор во хотелот во кој работи, кој ке ја поттикне да сонува. Со филмов сум во прашалници повеке од било кој друг филм Вреди да се погледне, Glenn Close одлична во улогата на батлер. Spoiler Не ми е јасно како планираше да се ожени Кога ке и кажеше на невестата и дали мислеше дека таа ке остане со него т.е. неа? Истото прашање си го поставив и на самиот крај на филмот но тука веке беше интерес во прашање, да не и го одземат детето...
Значи филмов мора се гледа со 3Д наочари , ама и без тие е прекрасен , БУДАЛИ 3Д - JACKASS 3D , не е страшен ама сигурно ужасно боли . Spoiler И плус тоа СЕКСИ се бе ! :geek: Spoiler