Темава ја создадов за да поразговараме општо за сериите. Разгледав, тука на форумов имаме доста теми во кои разговараме за одредена серија, но не и општо за сериите. Незнам како да ја наречам, помогнете ми во име. Работава е, колку гледате серии,кои сте ги гледале до сега, какви преферирате, како ги бирате сериите, омилена серија и така натаму. Еве јас прва, јас многу гледам серии. Премногу дури. Повеќе гледам серии отколку што дишам, што вели мајка ми. Најмногу сакам серии со надприродни работи или работи кои не се реални, како и фамилијарни драми. Комедиите не се мој тип, иако имам гледано неколку. Сериите си ги бирам по името, ако ми се допаѓа името, ќе ја гледам, ако не, нема. Содржината ретко ја читам, односно не се интересирам што се работи, подоцна дознавам. А и, ако почнам една серија да гледам, во текот на епизодата по 15 пати правам пауза и гуглам работи кои не ми се јасни. Омилена серија ми е Life Unexpected, believed or not, ама за некое време ќе ми биде Supernatural, оти сега сум 1 сезона уште, па рано е да кажам дека ми е омилена. До сега гледани ми се следниве и ги гледам, измешани се. Не се редени по ништо, како ми текнале така ги пишав: - Life Unexpected - Gossip Girl - Not ordinary family - Off the map - Desperate Housewives - Pretty little liars - Suits - 666 Park Avenue - 2 Broke Girls - Beauty and the beast - CSI Miami - The Secret Circle - The Lying Game - Revenge - Los Serano - Glee - Supernatural Болдираниве се гледани. Што е со вас, споделете искуства и мислења.
Општо за сериите Јас исто така гледам многу серии, т.е ептен сум заразена со сериите, нема ден, а да немам по неколку серии за гледање. Гледам серии од различен жарн, сакам комедии, сакам и драми, сакам и натприродни серии, сакам криминалистички серии. Со еден збор се што ми е интересно сакам да го гледам. Немам одредена омилена серија, сите ми се инересни на свој начин, меѓутоа има некои серии што ми се поинтересни од другите. Од комедиите најинтересни ми се Modern Family и Community, а од другите жанрови интересни ми се The Walking dead, The Mentalist, Hart of Dixie, My Mad Fat Diary. Серии што ги гледам и што сум ги гледала се The Walking Dead, Once upon a time, Revenge, The Mentalist, Gossip Girl, 90210, Hart of Dixie, Pretty Little Liars, The Vampire Diaries, Modern Family, The Big Bang Theory, Two and a Half Men, 2 Broke Girls, Switchead at Birth, The Carrie Diaries, Glee, My Mad Fat Diary, The O.C, Rules of enagament, Community, Touch, Flash Forward, Baby Daddy, New Girl, Friends, How I met your mother, Shameless, Malcolm in the Middle, Sharmed, Los Serrano, Sex and the City, 7th Heaven, Episodes, Happy Endings, Joey, The Secret Circle, Arrested Development, According to Jim, Greek и на други моментално и не ми текнува иако знам дека имав повеќе
Општо за сериите Добро е, не сум единствена што сум фанатик по серии Ги обожавам, многу поинтересни ми се од филмовите.Имам апликација на мобиониот SerieGuide каде си ги имам додадена сериите во листа, кога ќе ја изгледам си ја чекирам дека ми е гледана за да знам до која да стигнала, а за новите ми пишува на кој датум искача нова епизода.Кога ќе заврши некоја серија ја елиминирам.Моментално ова се сериите што ги гледам: 2 Broke Girls, Arrow, Awkward, Da Vinci's Demons, Game of Thrones, Grey's Anatomy, Hart of Dixie,How I Met Your Mother, Last Man Standing, Mistresses, Modern Family, My Mad Fat Diary, New Girl, Pretty Little Liars, Private Practice, Revenge, Scandal, Suits, The Carrie Diaries, The Client List, The Fosters, The Lying Game, The Vampire Diaries, The White Queen Од новите планирам да ги гледам: The Originals, Enlisted, Dracula Од актуелниве сакам да ги почнам:Elementary, The Mentalist, Supernatural
Општо за сериите Како опсесивно-манијачко створерење со дијагноза- тв серии и филмови, можам да кажам дека гледам и премногу серии, ама премногу. Колку сум изгледала вкупно не знам, ај американскиве и британскиве можеме некако да им го фатам бројот, ама на тој кога ќе се додадат латиноамериканските сапуници па и италијанските, ќе испадне бомбастична бројка од преку 200-300. Немам некој посебен критериум како ги бирам, зашто гледам од сите жанрови по нешто(освен хорори и апла сај-фај од типот на војна со ѕвездите итн. , тие не ми лежат на душа баш). Или читам на форумов, некој веќе докажан серија-фанатик ако се искаже по прашање некоја серија, или го роварам имдб и барам нови и стари серии, па читам коментари од гледачи, па на крај ако ептен ми фати око гледам трејлер. Има серии кои само од постерот сум знаеле дека ќе ми се допаднат како што беше случајот со Suits, но има и некои што и после негодување ептен ми фатиле за око и сега се чудам како не см ги гледала претходно(Ментист и Модерн Фемили). Ал тајм фејворит мислам дека немам напоменато до сега ми е Will and Grace, и засекогаш ќе ми биде. Не ретко ги преферирам комедиите, и повеќе љубам да ги гледам, не за друго, зашто животот и така ни е сиво-црн па на крајот на денот, после доста замарања и малтретирање сакам да си ја одморам главата со некоја забавна комедија. Мајка ми стално ми вика дека ми се бег од реалноста сериите, ама барем после неколкучасовен маратон ми се поделотворени и од лексилиум или не знам какво апче. Сакам да гледам и серии со тежина, што ми ги раздвижуваат закржланите виуги, не велам не, ама комедиите полесно се наканувам да гледам, и не ги пребирам многу, гледам и поглупави и понесодржински, не ми пречат. Сакам да гледам и реални шоуа, не од типот на големиот брат, но Project Runway, или сите реални шоуа со готвење, па и до Апрентисот на господин Трамп ме интересираат и ги сакам и ги пратам и ден денес, после милион сезони. Моментално гледам 33 серии кои ги продолжија за следната сезона, без тие 7 што ми ги укинаа годинава, со тенденција за проширување на барем уште 10тина, од некои нови серии кои ќе се прикажуваат од есен. Ме имаат некои серии доста разочарано, само имам лоша навина не ги прекинувам колку и да ми ск*рчиле, па така уште си ја влечам госп грл недогледана и ми зафаќа меморија во хард диск непотребно, ама кога веќе сум трошела часови и гигабајти од интернетов, не ми дава мојата радозналост да остаам невидено што ќе се деси на самиот крај. Се надевам следава сезона на уште подобар избор на серии, и дека нема да испоукинат голем дел ко што направија оваа пролет.
Општо за сериите Серии, си сакам. Што подобро, за релаксирање и поминување на слободно време. Кај мене проблемот е што не можам многу на компјутер да гледам, некако ми е тромово, а и така немам многу мое време пред компјутер. Ги бирам, не знам како. Обично Фокс ми е најгледан канал (сега нешто го запустија), па таму ќе си загледам некоја серија ако ми привлече внимание, и ја симнувам ако ептен не можам да ја чекам. Немаше ништо подобро од тоа кога на Фокс ќе ги поредеа сите мои омилени комедии како Вил И Грејс, Како ќе каже Џим, Како ја запознав твојата мајка, Да, Драга и други интересни комедиички. Може да се каже дека тој жанр ми е најомилен. Ама најнајомилена серија ми е Призн Брејк, е оваа ја одгледав во еден здив, епизода по епизода, а тоа ретко се дешава така наеднаш да одгледам серија. Иако ја гледав неколку години откако беше актуелна . И тука и Очајни домаќинки би ја ставила, си пораснав со таа серија . Сакам и тинејџ драми како Госип и 90210, а не сакам многу фантазија и вампири да гледам, ете не сум гледала ни една од оние вампирските серии. Ако ми се допаѓа, ја догледувам до крај. И оние шпанските серии што порано ги гледав, исто не треба да се изостават..
Општо за сериите Сега за сега гледани ми се Grey's Anatomy, Desperate Housewives, Game of thrones, 2 Broke Girls, Two and a half men, According to Jim, Pretty Little Liars, Anger Management, сега почнав со Dexter, а имам уште најмалку 10 што сакам да ги гледам ама о том потом. Ако почнам со сите нема да станам од пред телевизорот. Има и други од кои сум гледала по некоја епизода ама тие не ги бројам.
Општо за сериите Исто и јас гледам многу серии.Секакви гледам,и дури понекогаш ако некоја ми е многу интересна,можам да изгледам цела сезона за еден ден Најчесто гледан на foxlife и foxcrime,но ако некогаш ми пукне,бидејки неможам да чекам јас една епизода цела недела,одам на компјутер и ги гледам онлајн *Еве некои што ги гледам и што сум ги гледала: -Gossip girl,The vampire diaries,How i met your mother,New girl,Ghost Whisperer,Ugly Betty, Grey’s Anatomy, Private Practice,Will & Grace, Dharma and Greg,Ally McBeal,Revenge,Once upon a time,Touch,According to Jim, Allo, Allo,Brothers & Sisters,Cougar Town,Dead Like Me,Everybody Loves Raymond,Friends,Hope & Faith,Hot in Cleveland,Joey,Lipstick Jungle,Lost,Malcolm in the Middle,Off the Map ,Private Practice,Reba,Rules o Engagement, Rita Rocks,Royal Pains,Samantha Who?,Scrubs,The O.C.,Two and a Half Men,Kyle XY,The tudors,The Big Bang Theory,Sharmed,Beauty and the beast ,Castle........ итн! но не се овие сите ,за жал
Јас си мислев нешто не е во ред со мене, но тогаш ја видов темава и сватив дека не сум единствената опседната со гледање на серии. Обожавам да гледам серии, ако почнам, неможам да престанам да гледам додека не ги изгледам сите излезени епизоди. Гледам многу supernatural серии, ама можам да загледам и драми и комедии. Секогаш си викам дека нема веќе да започнувам нови, ама на крај пак заглавувам дома зјапајки во мониторот по цел ден. Ова се сериите што ги гледам или сум започнала да ги гледам (и сум ги оставила), иако некои од нив моментално се на пауза: Arrow, Awkward, Beauty and the Beast, Brothers& Sisters, Charmed, Friends, How i met your mother, Glee, Gossip Girl, Grey's Anatomy, Once upon a time, One Tree Hill, Pretty Little Liars, Revenge, Skins, Switched at Birth, That '70s Show, Teen Wolf, The Big Bang Theory, The O.C., The Vampire Diaries, Touch, Twisted, Under the Dome, а планирам да ги гледам и Rawenswood, The Originals и The Carrie Diaries. Болдираните ми се омилени, секогаш со задоволство ги гледам, па не верувам дека ќе се откажам од гледање на серииве, а и ги препорачувам. Сум гледала и други, ама тешко сега да се сетам.
И јас многу гледам серии и филмови ама во последно време повеќе ме влечат сериите.Највеќе сакам кога почнам некоја серија од која има излезено пример 2-3 сезони и си ги гледам по ред без престан.Ова чекањето и паузите ме нервираат ама што е, тука е.Сакам комедии, драми и "натприродни" серии.Најчесто ги симнувам и ги гледам на компјутер бидејки ретко кога даваат некоја популарна серија на телевизија а да не е стара некаде 2-3 години.Задоволна сум единствено од Фокс Лајф и Фокс Крајм бидејки даваат и нови и постари серии.Таму многу често гледам. Моментално ги гледам овие: The Vampire Diaries, The Carrie Diaries, Pretty Little Liars, Hart of Dixie, Don't Trust the B---- in Apartment 23, (за оваа не сум сигурна дали ќе има нова сезона) Once upon a time, Beauty and the beast, The Lying Game, Up all night, 2 Broke Girls, Sex and the city (по незнам кој пат на фокс лајф) и Hope & Faith (исто така на фокс лајф).Планирам да ги гледам Rawenswood и The Originals и некои нови што ќе започнат од септември.
За Sex and The City неможам да кажам дека ја гледам баш, зашто само на Фокс ја гледам додека јадам. Мешано ја гледам, зависи што епизода даваат, а по ред, само 1 сезона ја имам гледано, ама тоа беше многу одамна. Од овие што ги имам гледано, можам да кажам дека дефинитивно, најутната серија беше Gossip Girl. Незнам зашто им требаа толку сезони, мислам дека 4 ќе беа доволни. 5 сезона не ми е целосно гледана, зашто ја претераа во некои работи. Сите со сите ги смуваа, аман веќе. Секоја епизода нов пар имаше. Pretty Little Liars некако ја затупеа, мада има моменти што разбиструваат.
И јас да се јавам Сум гледала, гледам и ќе гледам Ги сакам од сите жанрови, ама најчесто од една иста тематика, тешко да гледам две или повеќе серии. Си ги сакам сај фај, од Фринџ (ми беше тешка болест и зараза), Супернатурал затоа што опфаќа све што може да опфати натприродното, плус комедија Долхаус, Quantum Leap, Слајдерс, Екс фајлс, последно еве ги почнав и Under the Dome (сеуште се мислам дали ќе ја догледам) и Фајрфлај, не знам зошто сум чекала толку за оваа, кога видов еден куп глумци од др серии што тековно ги пратам, одма знаев дека судена ми е Тука се вклучени и аниме сериите. И оние вселенските обично не ги преферирам, имам гледано само еден серијал од Стар Трек или два можеби. И убави ми биле, ама ете, не сум се зафатила нешто да ги гледам сите Сакам драми, добри драми, како што е Даунтон Абеј. Сакам и крими серии, слабост ми се, а има на тв некоја одма седнувам да ја гледам Последно ја почнав Кестл да ја гледам, така фатена на тв. Елементари, Шерлок британската... Хорори не преферирам, а и оние со политички теми. Комедиите нормално, лесни, тешки, британски, јапонски, амерички... ги обожавам. Каплинг, Вил и Грејс, Фрејзер, Френдс... особено ако се со постар век, знам дека се добри. Е сега, ја гледам/в (сеуште се мислам за ова) Вампирските дневници, ама не можам да пратам уште една серија со вампири, ту мач ми е. Исто и со останатите од специфичен жанр или тематика. Како Sons of Anarchy, јес да е фемили крајм драма, ама не можам уште една со моторџии да гледам. И така Сега бирам летово нови, додека ги чекам тековните со нови сезони. Ах и да, тинејџерските амерички, најчесто не можам да ги смислам. Дури ме фрустрираат наместо да ме одморат. Вкучувајќи ги Госип грл, ауквард, субургатори и слични на нив.
Јас немав навика да гледам серии, воопшто, повеќе бев по филмовите и уште сум, но серииве се навистина зараза и права релаксација. Почнав да гледам спонтано на Фокс Лајф и тоа Greek и Ghost Whisperer ми беа омилени. Ситкоми кои ги имам гледано исто на Фокс а и воопшто на ТВ и не ги рачунам, не знам зошто. Како изгледани серии ми се оние кои ги гледам на компјутер, спуштени сезона по сезона, уредно, да знам дека не сум пропуштила ништо. А на компјутер почнав да гледам со Pretty Little Liars, па The Big Bang Theory и така натаму. Моментално, освен овие две ( ма да Биг бенг не ја гледам веќе, на пауза ми е ) ги гледам и: - That 70s Show - The Walking Dead - Hart of Dixie - True Blood - The Vampire Diaries - New Girl - Friends - The Worst Week of My Life Мислам дека заборавив некоја, ама нема врска. Во однос на тоа каква тематика сакам, како што можете да забележите од листава - или хорор, со натприродни елементи, мистерија, или чиста комедија за релаксирање. Не сакам драма или пак премногу сериозност во една серија, сериозни ликови, ликови со кои нема да можам да се поврзам...
И ја се заразувам со серии, но кога гледам, прво изгледувам една цела (до кај е излезена) или скроз до крај, па потоа почнувам друга. Нејќам да ги мешам со гледање. А бидејќи моментално 3 сеуште не се доизлезени, кога излегуваат се заразувам со едната така еден месец, па со другата, па со третата итн Од жанрови најмногу сакам да ги гледам некои со натприродни работи, трилери и комедии. Серија која што има се што барам и што изгледав 4 сезони за 3 недели е The Vampire Diaries. Таа, ми е на топ на листата сега за сега. Изгледани до сега: (почнувам од постари кон понови) Los Serrano According to Jim Two and a half men-сеуште трае The big bang theory-сеуште трае The vampire diaries-сеуште трае И моментално ја гледам Pretty little liars, што некако спора ми е со случувањата. За листата за започнување: The fridge The mentalist 2 broke girls The originals
Ги имам гледано сите попознати хит серии, ама најомилена ми е Игра на тронови и не знам што ке правам кога ке стигнам до последната епизода
Јас сум благо опседната со серии, и неможам да одам против оваа мини опсесија.И да повеќе гледам серии отколку филмови, иако секако љубител сум и на филмовите. Сакам секакви серии освен политички или историски.Најмногу си ги сакам натприродните, комедии и тинејџ драмите.Ретки се деновите кога не гледам барем една епизодичка од некоја омилена серија, колку и да имам обврски навечер седнувам и се препуштам на задоволството. Инаку серии што редовно ги гледам: 2 Broke girls, Awkward,Baby Daddy, Glee,Hart of Dixie, New Girl, Pretty Little Liars, Teen Wolf, The Lying game, The X factor, The Carrie Diaries, The face, Twisted, The fosters.(Во главно тука ми се омилените.) Серии што ги изгледав или ми ги прекинаа : 90210, 10 Things i hate about you, About a girl, Are you there, Chelsea?, Bent, Jane by design, Plain Jane, Тhe OC, Charmed, Hannah Montana, Sonny with a chance, Friends. Серии што ги имам почнато, а ги немам довршено, поради немање доволно време: 13 fear is real, 24 hour catwalk, 666 park avenue, Apartment 23, Arrow, Catfish, Desperate Housewives, Eureka, Ghost Whisperer, Gossip Girl, Grimm, How i Met your mother, House MD,Lizzie McGuire,Melissa&Joey, My life as Liz, My mad fat diary, Once upon a time, Project runway,Shake it up, Skins, So Random, Sex&the city, Switched at Birth, Snog Marry Avoid, The vampire diaries, The secret circle, What i like about you. Серии што сакам да ги почнам: Beauty and the Beast, Fringe, Hollywood heights, Merlin, Modern Family, Revenge, Supernatural.
Ајде и јас да пишам во темава Како и повеќето во темава и јас премногу гледам серии, ама премногу. Не ги бирам според жанрот, гледам секакви од комедија, акција, научно-фантастични, семејни драми, се гледам. Памтам уште како дете моја прва серија која што доаѓа од Американска продукција и јас ја изгледав цела е Charmed, па затоа некако емотивно сум поврзана со серијава и дефинитивно моја омилена серија. Потоа од овие комедииве неможам а да не ги спомнам Will & Grace(Кармен омилена дефинитивно), Houpe & Faith, According to Jim и уште еден куп други. Други серии кои што сум ги гледала се: CSI Miami, New York, Las Vegas и сите останати такви серии со истражување. Би ја спомнала и Desperate Housewives како една од поомилените серии кои повеќе не се емитуваат, како и Xena: The Warrior Princess. Greys Anathomy порано ја гледав и тоа премногу, ама сега веќе ми здосади и неможам повеќе да ја гледам. The Big Bang Theory никогаш не ми била смешна, имам изгледано една сезона само преку сила и толку беше, а незнам оти така. The Sex and City исто така ја имам гледано и тоа не смо еднаш, неколку пати и добра серија ми е. Моментално незнам колку серии следам ама бааги се Cougar Town: Серијава ја почнав крајот на Јуни откако малку погледав една епизода на Фокс Лајф и ми се допадна. Шо да кажам ја обожавам серијава, предобра ми е. Once Upon a Time: И оваас ерија си ја сакам и си ја гледам. Сега со душа чекам трета сезона наесен. True Blood: И оваа серија си ја гледам, моментално ја емитуваат шестата сезона и ќе ми фали. Modern Family: И оваа серија си ја следам, ми се допаѓа онака за разонода, а и инетересна ми е. Arrow: За серијава конечно дочекав HD снимки си ја симнав и почнав да ја гледам, ми се допаѓа и таа. HIMYM: Оваа колку и да ми скуснува, ја гледам, пошто толку долго ја гледав грев ми е да ја прекинам иако веќе скиснаа. Melissa & Joey: И оваа серија редовно си ја следам и ми е многу интересна. Hot in Clevelend: Една од поомилените комедии ми е оваа, ептен си ја сакам, Викторија омилен лик ми е. Исто си ги следам и странските шоуа како: American Idol, The X-Factor, Project Runway, Dancing With The Stars(тука навивам за Дерек ). А сакам да ги почнам Game of Thrones, Suits и Skins ама незнам дали ќе имам време и нив да ги гледам.
Искрено, да не беше форумов, немаше да започнам со гледање толку многу серии. Нема да набројувам кои и колку серии сум гледала до сега, ќе заборавам некоја, а и не сакам да се заборавам со набројување. Пред некој ден завршив со Руби , омилената латино-американска серија, по 3ти пат ја гледав. Почнав со Cuando seas mia, и таа многу ми се допаѓаше ко помала, пак си ја започнав. Во секое време можам да си пуштам CSI, омилена ми е Мајами, Њујорк ми е најдосадна и екипата не ми е баш по мерак, а ЛА ми е сосем обична. Провидни се со откривањето на сторителот, ама стално имаат нови интересни приказни и тоа ме влече секогаш да ги гледам. Пријатели уште ја влечам од зимоска, 10та сезона ја почнав пред некој ден, и не сакам да се збогувам од нив. Гилти плежер ми се Курдашијанките , можам да се*ам за нив до 101 ама пак ги гледам. Ги имам изгледано сите, и Кортни и Клои во Мајами, и Кортни и Ким во Њујорк и Мајами, Клои и Ламар и сите сезони на KUWTK. Од септември ќе почне X Factor, па ете и едно шоу поврзано со музика. Гли сакав да ја гледам, ама се нема време. Покрај се ова, редовно ги гледам: - Modern family - Revenge - The Carrie Diaries - Hart of Dixie - Two and a half men Најнови серии кои ги почнав се: The killing & Devious maids.
Порано многу гледав серии.Омилена серија на времето ми беше Руби и ЦСИ. Сега многу здодевна работа ми се тие сериите и не гледам ниту една веќе одамна
Ехх,порано ги пратев сите шпански,немаше некоја што сум ја пропуштила. Потоа кога како по некоја епизода од френдс,ако фатев. Но, мојата најдобра другарка се зарази ептен со серии,а по неа почнав и јас. Едно лето заедно си поминавме во гледање серии, преубаво ни беше. И од тогаш почнав и сама да си гледам. Прва серија памтам што ја гледавме беше Волшебнички! Ја гледав лани, прв пат, затоа што кога се емитуваше ми беше страв да ја гледам После Волшебнички, ја изгледавме Friends, потоа Fringe (која ми е една од омилените!) Потоа Sex and the City ја гледавме повторно заедно. The vampire diaries, исто ја следиме заедно! А моментално сама што си ги следам се: Game of Thrones, Sons of Anarchy - ОМИЛЕНА!! Во план ми се да ги изгледам Revenge, How I meet your mother, имам изгледано и неколку епизоди од The Bing Bang Theory, се мислам и за таа да ја почнам,некако интересна ми е. Воглавно се заразив многу со серииве! И не планирам да застанам, некој ќе ми рече, губиш време, ама не. Можеш и доста да научиш од нив, а и башка со некои се релаксираш.Ама тоа е што е, секој различно си ги доживува.
Мојот лек, мојот дијазепам, мојата втора љубов после дечко ми, во состојба сум да пропуштам и излегување за добра серија, а и да излезам ќе ја мислам цела вечер. Мојата љубов кон сериите започна веројатно со Sex&City, а продолжи со Gossip Girl, зашто почнав да ја гледам веднаш штом почна да излегува во Америка, меѓу првите кога уште никој не знаеше за серијата. Списокот на изгледани серии ми е предолг, бујрум: Спојлер Dirty Sexy money Lipstick Jungle Cashmere Mafia Elementary Sherlock - BBC1 Life unexpected Coupling Hustle Mistresses Fringe Veronica Mars Dollhouse Firefly Dexter Homeland 90210 Prison Break Underemployed Hart of Dixie Damages South Park 24 The O.C. Lie to me Arrow Six feet under Mad fat diary Mad men Suits White collar Game of Thrones Private practice Friends Gilmore girls Downton Abbey Make it or break it Secret diary of a call girl The Carrie Diaries Misfits Flash Forward 10 things I hate about you Reba Heroes The big bang theory ... и не ми текнува, ама сигурно има уште. Овие ми беа супер или ОК, ама од одредени прични прекинав / прекинувам со гледање на : Nikita, Revenge, 2 broke girls, Glee, Vampire diaries, Breaking Bad, Awkward, The Following, Pretty little liars... едноставно ми изгубија некако шарм и интерес сериите, и тоа е тоа. Тотално сум навлечена на тв шоуа како Project Runway, America's Next Top Model, The Biggest loser, Face off и дел од оние на Е!