Како што погледнав мислам дека нема ваква тема...доколку има...слободно можете да ја избришете или пак да ја заклучите темава...Па вака баш сакам да видам колку се гледаат сериските филмови на ТВ...кои се тие најчесто...дали гледате сериски филмови и на други телевизии што не се македонски...дали се тие шпански..англиски...итн... Еве јас не гледам многу сериски филмови...ја гледам серијата Пали анџеле на Пинк...други и не гледам многу...ја гледав серијата Кога лисјата паѓаат ...но сега оваа сезона заврши па ке мора да почекам до септември пак да почне....гледам дека Бандини е многу популарен...моите другарки го гледаат...но јас не....ајде препорачајте некој добар сериски филм....
Порано доста ги гледав, сега не. Најмногу ми се допаѓаше „ Руби“ бидејќи беше поинаков од другите серии во кои главните ликови секогаш беа светици кои на мравки не газеа
Јас гледам 2-3 сите се англиски. Ги гледам Dirty Sexy Money и Ugly Betty на Foxlife, ама сега ќе заврши DSM. Порано многу ги следев ама сега немам толку време па само вие 2 + очајни домаќинки бидејќи ги даваат во вечерен термин. Сега незнам што им стана со Турскиве порано колку Шпански имаше, а сега речиси нема Анали ми беше премногу интересна
Има мислам слична ваква тема, препорачајте серија, ама ок. Не гледам ништо на тв, некогаш на Фокс фаќам по некоја епизода од Reba, ама онака попатно. Не сакам турски серии, не гледам ниту Бандини, ништо од тоа. Вистински сум зависна од сериски филмови, ама си ги спуштам од нет, и ги гледам во најрок можен рок, онака баш манијачно. Гледам и по 2-3 истовремено, па се заборавам до која еп. сум и што се случува Би ги препорачала Prison Break, Gossip Girl, Damages, Dollhouse, Dexter, Lie to me, South Park, 90210 (новите Беверли Хилс се добри), Coupling (британските серии се одлични, со добра смисла за хумор)... Во исчекување сум на 5-тата сезона на Dexter од септември, Џулија Стајлс е во екипата , новата сезона GG, White Collar - кај и да е, ќе почне втората сезона, и исто од септември - 4-тата сезона на Private Practice.
Ич не гледам сериски филмови аи немам време не дека сум многу зафанта ама или баш тогаШш сум испадната или нешто друго...почнав да го гледам само “кога паќат лисјата“ ама пак баш тиа ми го прекинаа
Trendafilka каде би можела да го спуштам серијалот Gossip Girl или ако не може да го спуштам тогаш каде би можела да ги гледам сите епизоди? Благодарам однапред
Пишав и во темата за Gossip Girl, ама еве ги линковите и тука! http://thepiratebay.org/torrent/4710070 ... l_Season_1 - сезона 1 http://thepiratebay.org/torrent/5499314 ... y_RiddlerA - сезона 2 http://thepiratebay.org/torrent/5572464 ... (FULL_1-22) - сезона 3
Јас не гледам многу серии.. Гледам Кога лисјата паѓаат, Бандини (обавезно) и понекогас Peba и некои други на Fox Life
Пали анџеле....супер филмче...баш сега ја слушам песната... http://www.youtube.com/watch?v=FHsvt5yW ... re=related
Серии не гледам баш многу,бидејки и така телевизија не гледам често,додека од сериите,најчесто шпанските,ја имав гледано Грдата Лети,серијата ептен ми беше комична,а и девојката со нејзиниот стил на облекување,имаше и други,ама таа ете така ми остана во глава поради нејзината комичност,па ја гледав,а веќе се знае,фамозната Шеќерка ама ете заврши и сега ништо не гледам од серии.
Не гледав Шехерезад,ни Ѓумуш,ни Бандини сега,абе ништо такво и уште не ми е јасно како некои гледаат такво нешто. Си гледам Хаус, го ОБОЖАВАМ.Ептен ми е интересна серија и иако од интернет ги сметнав и ги изгледав до шеста сезона,кога и да го начекам на Foks life или на HTV,го гледам.Оваа серија ми е како Sеџ&City,и по илјадапати да ја гледам не ми е досадна. Други..ако начекам нешто интересно на Fox life,ама така колку да отепам време,а не да чекам или редовно да гледам.
Почнав да ја гледам (повторно) Не дај се, Нина. Глупа е дотука и назад, ама па си тепам време... И Округот Оринџ гледам.
и јас пак почнав да ја гледам не дај се нина,смешни ми се глумците. а инаку очајни домаќинки се незаменливи,едвај ја чекам 7ма сезона,веднаш потоа gossip girl
The twillight zone, сте го гледале? Омилен серијал ми е. Шпански серии, ретко гледав, и тоа како помала. Сега почнаа со турскиве. Аман!