сум го гледала Хачи..ептен тажен филм..ретко кој останува рамнодушен, да не пушти некоја солза..дури и мајка ми ја видов како скришно си заплака
Мене најтажни ми се оние со тематики од втората светска војна ама драми, не воени приказни The Pianist тешко дека некој го нема гледано, ако има некој таков - одма симнување The boy in the striped pajamas - исто тажна приказна за евреите во 2ра светска Changeling - според вистински настан, со анџелина џоли, гледај го обавезно (и фала на Miss Independent што ме потсети, оддамна го немам гледано и јас ) The Reader - ова е во глобала љубовна приказна, ама вреди да се гледа, не е онаа типична, она го сака, он неа не, па после обратно и на крај сите се сакаат бла бла.....Ова е приказна за љубовта меѓу жена и дечко кој е дупло помлад од неа, има феноменален крај, нормално нема да раскажувам Seven Pounds
The Pursuit of Happyness и Seven pounds, двата со Вил Смит. Мислам дека се надмина самиот себе, не е некој сјаен актер, но во овие два блеска. Истурив кофа солзи, на обата. My Girl. На овој кој нема пуштено солзиче, is not human.
The blind side Иако Булок како што знам доби награда или критика за прелоша глума во филмов, самата приказна ме натера да не го ни приметам тоа. I am Sam Веќе е споменат, ама заслужува да биде и неколку пати. Сум го гледала 15тина пати со сигурност, од кои 2-3 пати и со синхронизација на полски,од што немав избор. Само за да го гледам. Неверојатно тажна приказна, екстремно добра глума!
Yarik http://www.youtube.com/watch?v=umCWHWjJO6g сега го гледав на алфа...Русиве кога станува збор за филм, многу често знаат да трогнат до солзи.
Hachi... сум го гледала неколку пати и секој пат неможев да се воздржам да не заплачам. Неверојатно тажен филм.
Филм кој секогаш ме расплачува Спортскиот дух никогаш не умира, а олимпијадата е цел на секој спортист
Филм кој секогаш ме расплачува Tres metros sobre el cielo или на нашки Три метри над небото Многу убав романтичен филм ама со многу тажен крај Го гледав два пати и секогаш на крајот плачев
Филм кој секогаш ме расплачува Последен пат плачен на филмот 3 метра изнад неба.. Иначе ретко на кој плачам а дали знаете некоја страна за онлајн гледање филмови ?
Dancer in the dark- филм со Bjork со прекрасна музика во филмот. Станува збор за Чехиња која со својот син имигрира во Америка и која има надежи дека ќе успее како танчарка и пејачка.Но живеат сиромашно и таа мора да работи во фабрика и да штеди. Понатаму следува заплет. Слична тематика но со балкански пулс е и филмот Grbavica - босански филм на режисерката Jasmila Žbanić за самохрана мајка која живее со својата 12годишна ќерка во поствоено Сараево. La vita e bella (Life is beautifull) со Roberto Benigni во главната улога. Филмот е игра на чувства - на многу моменти хумористичен но тажен поради жртвата на таткото кон својот син. Love Story, филм од 1970 година за една необична љубов. Кога сме кај љубовни и постари филмови во моментов ми текна и на Сјај во тревата (Splendor in the Grass) кој се смета за еден од најдобрите љубовни приказни на сите времиња. Сеуште го паметам завршетокот на филмот со поетската строфа: "Иако ништо нема да го врати Сјајот во тревата, убоста на цветниот лик Нема потреба да се тагува Ќе најдеме сила во она што ни преостанува".
Не заслужува секој филм да се нарече филм, овој го заслужува и од повеќе Го тупам со филмов,знам ама ми е еден од потажните и воопшто најдобрите Одмана го имам гледано ама не го заборавив никогаш, пресурова виситна.