LOL: Laughing Out Loud е нов Американски римејк на францускиот филм со истото име од 2008 година и е режисиран и напишан од Лиза Азуелос и Карим Ајнус. Главните улоги се Мајли Сајрус,Деми Мур,Ешли Грин и Адам Севани. http://www.youtube.com/watch?v=OAgh03R1fJA
Го немам гледано филмот, ама гледам која е актерката во главна улога . Девојки јас сфаќам вкусови, ама отварате теми за секакви лимонатки и тинејџ филмови кои не даваат простор за никаква дискусија. Многу од филмовите кои вредат да се коментираат се со по една, две страни или воопшто не постојат теми за нив, а некакви си филмови кои главна прича е како типкава е грдото пајче и оп ја сака принцот, е најчитана тема. Форум е, секој има право да отвори теми, но подобро е да се отворат теми каде што ќе може да се потикне дискусија, а не тема за секој филм со Мајли и Селена.
Lol (Лол) филмот: типичен тинејџерски неми остави впечаток ама глумецот ох ох леле колку е сам најубав се заљубив
Lol (Лол) Филмов е тинејџерски и многу ми е интересен. Мајли е малце антипатична, ама глумецот е преубав Спојлер Се работи за тинејџерка- Лола, која на почетокот од учебната година дознава дека дечкото ја изневерил преку летото и тие раскинуваат. Нејзиниот другар Кајл е постојано со неа и тие постепено се заљубуваат еден во друг...
Lol (Лол) Го симнав пред една недела. Во план ми е да го гледам, кога ќе имам слободно време (тоа значи, кога ќе немам за учење). Ми изгледа како интересен филм.
Lol (Лол) И јас конечно го изгледав се утре утре и дојде тоа утре конечно.Филмот ми беше многу интересен поради мајли и Кејл јас си се вљубив во него.Инаку најинтересн дел ми беше кога беа во Франција во ,,Париз'' и кога ги однесоја кај тие фамилиите чудни .Сега планирам пак да го гледам
немам ич навика да се натегам со некого околу вкусови, јас имам скоро 17 години па сеуште ја сакам мајли, не дека сум некој луд фан ама едноставно израснав со хана монтана и е еден од клучните ликови во моето детство исто како што верувам дека и ти си имала некој посебен лик од некоја серија..... ќе прокоментирам за филмов, првично е катастрофален, незнам што е полошо дали глумата или приказната ама сепак го догледав од горенаведената причина можеш да го гледаш хана монтана 2 или ЛАст сонг, многу добри тин филмчиња со истиот лик
Најубав тинејџерски филм што сум го гледала!Многу е убав и интересен.Досега го имам изгледано над петтнаесет пати,па може да се каже дека го научив и на памет и не ми здосадил.Глумецот Douglas Booth многу ми се свиѓа,згоден,убав...А,и песната ми е омилена... http://www.youtube.com/watch?v=gV3e2ukX-y0
Филмов ми е омилен, преубав е, баш како за тинејџери...драма, романса, и комедија на едно место, браво.
Типичен тинејџерски американски филм, ништо посебно, веќе гледано не знам колку пати,добар за тепање досада. А глумецот е многу подобар од филмот
Која е пораката? А? Сега може да хејтам, пошто сум го гледала Веќе видена по билионити пат приказна за тинејџерска љубов и пријатели кои се заљубуваат и све остало. Башка па дечкото у бенд, да биде по лајкбл за девојките (би му ја шишнала емо шишката одма ). Да бев 10год помала може ќе ми се свиѓаше со право си е наменет за друга публика. Ама верувам дека има доста поквалитетни филмови за тинејџери од овој, тоа дефинитивно. За Мајли што да кажам, никогаш не сум ја сакала, и не знам што бара во филмски води, кога не ми глуми убаво.