Вчера го погледнав филмов.Ме остави без зборови, и затоа решив да ја отворам темава да споделиме мислење. Инаку, станува збор за мини серија, од 2 епизоди, по 90минути. Се работи за Руска мафија, која намамува млади девојки(претежно од словенските земји како Украина,Русија) кои се надеваат дека ќе бидат манекенки, но, кога ќе стигнат во Америка, сфаќаат во што всушност се впуштиле! Исто, користат и многу други трикови за залажување што ќе ве остават Дејствието на филмот се случува во Чешка,Украина, Америка и на Филипините На Филипините цути сиромаштија и татковците си ги продаваат ќерките кои се едвај 10години.Тука, на Филипините претежно цути продавање на дечиња, до 12 годишна возраст.Но,и оваа мафија е под контрола на Русите! Дали полицијата е моќна да го прекине овој синџир? Дали сакате да го видите вистинскиот пекол на овие излажани девојки? Спојлер До кој степен е спремен таткото (екс мафијаш) за да ја најде и спаси својата 16 годишна ќерка? До каде мајката ќе оди за ја да најде својата 12 годишна ќерка киднапирана на Филипините и продавна на педофили? Тогаш дефинитивно треба да го погледнете филмот,кој ќе ве запрепасти! Филмов не се препорачува за малолетни, поради графичките сцени кои изобилуваат! Но,јас мислам дека баш девојчињата од 15-16 години, кои се наивни и веруваат на секакви лаги и огласи треба да го погледнат. Јас топло ви го препорачувам,бидејќи е многу поучен!
HUMAN TRAFFICKING http://www.novamov.com/video/b8iidoviqtgji 1от дел http://www.novamov.com/video/rnwxta9bpqozt 2 дел
Филмот го гледав сега бргу и јас, ептен добар е, поучен, значи го издвојувам во еден од подобрите филмови кои некогаш сум ги гледала. се согласувам со лудото19 дека треба а го гледаат девојчиња од 15-16 години па и помали кои се наивни и веруваат дека се што сјае е злато.
Филмов го гледав прв пат пред 2 години (така нешто), и ептен ми влезе во психа. Гледан ми е 2 пати. Многу убав филм и доста поучен, ме стресе на моменти, тоа што се случува ептен знае да те растревожи... Вреди да се изгледа, и да, потребно е да го гледаат девојчиња од 15/16 години... да сфатат дека не е се така како што изгледа...
и јас го имам гледано филмов... верувајте ептен се замислив после ова и дојдов до заклучоци треба да го гледаат децава кои се филмаат значи не треба да се трча по типови со коли мотори (со исклучоци) не треба да се лета да се замислуваш нешто што не си да внимаваш со кого се дружиш да не одиш на места кои се непознати за тебе и ред други работи со еден збор седи кај што си , помалку шпански серии и далеку од фб другарчињата и спел дејт никогаш не знаеш што те чека , може не како на филмот недај боже али има и други работи
Баш така...знае добро да растревожи, на моменти чувствував дека да ми се во близина со голи раце ке ги задавев!
Филмот е закон, сум го гледала по не знам колку пати... Треба секој да го изгледа и да ја разбере суштината на филмот...
да да, мава на психата ептен.... A уште потрагично е што ова и во моментов се случува! кој знае колку девојки и дечиња се приморани ова да го прават Спојлер па кога го видов тој старецот, со мало момченце од 8 години, како го масира, леле ми се поврати и оноа девојчето 16 години што имаше, што ја тераа да снима садо-мазо порно, со оној билдерон... уффф, за греотка татко и кога виде, поврати човекот..
Спојлер Ептен тажно ми беше кога таа самохрана мајка што беше (сега не ми текнува како се викаше) ја убија нели, а ја однесоа демек во безбедна куќа каде што имаше соба и за нејзината ќеркичка, и требаше да си ја види. Дури и полицајката не можеше да го заборави тој момент.
Спојлер Eлена се викаше, чехинка беше,тој дечко и што ја прелажа вика ајде ќе одиме во Aвстрија, и ја однесе на мафијашите им ја продаде...да да, таа излезе го виде билбордот, и и текна дека кај што беа сместени имаше на улица таков билборд и таман да и каже на полицајката Kатерина, оппп, снајпер, мафијата ја уби уфф, коса ми се крева од филмов, кај го најдов да го гледам A дечко ми ми кажа имал гледано уште еден, ама овие во Aзија и израел ги носеле, и уште пографички бил од овој edit- trailer http://www.youtube.com/watch?v=Pr4xnWa1R2M
E не знам ќе прогуглам ќе најдам јас исто имаше и еденамериканско- мексикански со дечко ми го глеавме,и тој беше ќе најдам и тој како се вика ќе пишам еве бројче http://www.amnestyusa.org/violence-agai ... id=1108424 ова е листа на повеќе филмови
Многу добар филм, одамна го имав гледано, сеа пред некое време пак го гледав. Многу реално е опишано се како течат тие работи. Кутрите млади девојки кои сонуваат да станат манекенки, толку се наивни, мислат дека одат да го живеат нивниот American Dream, а што всушност се случува. Како прават кастинзи, како ги бираат девојките, како се вљубуваат во погрешен човек кој подоцна ги продава... навистина страшно, и секако вреди да се погледне и да се извлече поука
Од филмов за малце ќе се пореметев Сега ќе си го симнам пак ....Па ако најдете уште некој вака сличен филм кажувајте
Филмот е многу добар,го гледав летово,ме остави без зборови.Толку жално и потресно. Спојлер Се разочарав кога ја убија Елена,толку ми беше жал за Иванка,ќерка и...Остана сама. И девојката која ми се чини беше во главна улога,русокосата,што ја тераа да снима екстравагантно порно со билдерот,а тоа го гледаше татко и .Жалосно стварно,а уште потрагично е што и денес истите работи се случуваат.Тие што го прават тие работи немаат срце,заслужуваат најболна смрт. Од филмот се влечи голема поука!
Филмов одамна ми беше гледан , го изнајмив повторно пред 2 недели за да го гледам и секој пат кога го гледам сум цел ден како овената, нерасположена .Ме запрепастуваат луѓето кога ги гледам што се можат да направат за да заработат, уништуваат туѓи животи СОНИШТА за проклети пари ..за разлика од другите јас би го препорачала и на малолетните лица да го гледаат бидејќи сметам дека треба навреме да се едуцираат во врска со трговијата со луѓе бидејќи може да му се случи на секое дете/жена !
Еден од најтешките филмови што сум го гледала...го гледав пред 2-3 год. и слабо се сеќавам...знам за што се работи, некои сцени се` уште ги паметам, ама дефинитивно не е за секого. На одредени сцени се грозев, не ми се веруваше дека постојат вакви психопати и болни пореметени умови. Баш во тој период бев тазе мамица и кога ја гледав сцената со педофилот и момченцето ми се повраќаше...се сеќавам и дека плачев. Филмот е поучен и едукативен, ама искрено не се нафаќам пак да го гледам.
Првпат го гледав пред 4 години и многу ми се допадна. Прикажана е суровата вистина на овој бизнис, за разлика од оние лимунадици од типот на „он е милионер, се заљуби у неа, батали и жена и се, ја спаси од тој зачаран круг и сеа се на Флорида и имаат 10 деца“. За жал, повеќето девојки намамени на овој бизнис завршуваат како во филмов. Друго што ми се допаѓа кај филмот е што дава комплетна перспектива за овој феномен кој има расплакано многу семејства. Значи не е само за намамување на тинејџерки, тука имавме и млада мајка од Чешка (на делот со неа и ќеркичката најмногу плачев, најмногу ми беше жал за ќеркичето да се разбереме), а делот со педофилите што се “забављаа“ на Филипини...мореее ми доаѓаше желба да им удрам по еден бокс на сите. Па добро, треба да си стварно ѓубре и болен со такви очи да гледаш едно мало, невино и беспомошно суштество. Еден од деловите кои најмногу ме потресоа беше Спојлер кога мајкава од Чешка ја сместија во safe house, кога им кажуваше како да го пронајдат местото каде што се наоѓаат другите девојки/жени и ја застрелаа кога излезе на тераса да им го покаже возот кој го имаше видено дека поминува додека беше таму, а најпозитивен впечаток ми остави таткото на Надја, ретко кој татко би можел да помине низ сите тие предизвици за да го спаси сопственото чедо. Со други зборови, реално е прикажано дека е премногу тешко да се излезе од тој круг, си влегол ли еднаш во него. Додуша, имаше моменти кога страшно ја осудував мајкава, пошто според мене стварно неодговорно се испонаша за годините, ама стварно, си имаш мало детенце, шо ќе трчаш во странство да се наоѓаш со други мажи, ама ете живот, не е дека било кој од нас нема направено нешто за кое се нема покајано и си нема признаено дека е неодговорно. Го имам гледано два пати, последен пат пред 2 години и имам само пофални зборови за филмов.