Јас освен на пилатес, сега почнав да одам и на аеробик, и можам да кажам дека е многу понапорно од пилатесот, но верувам дека резултатите ќе бидат видливи за пократок период.
Сакам да вежбам, така ми излегува негативната енергија, и се чувствувам добро- телото ми е благодарно
Дузи, ме пресмеа со коментарите на инструкторката, така е- идат и се враќаат со коли, и задолжително си купуваат по пат нешто за јадење за дома.
А најинтересни се тие со повеќе вишок (без навреда до девојките кои имаат вишок, ама не се однесуваат така), тие ги прават вежбите за загревање и после на тешките стојат или лежат и потоа се жалат дека оделе на аеробик и не ослабеле

.
Цаци, ја прочитав цела тема и гледам две години бараш каде има аеробик. Да те прашам- а каде бараш?
Јас уште кога сум била ученичка, па и после додека сум студирала- слушам некој оди на аеробик/или на некој спорт, сеедно и веднаш го прашувам каде и како, или пак одам во некоја спортска сала и се информирам дали има часови по нешто, а ти стварно не знам каде бараш две години, сигурно нема да има во библиотека, нели
