Не најдов ваква тема, ако постои нека се избрише.
Губење на тежина е главна причина поради која повеќето дами почнуваат да трчаат. Имено трчањето е една од повеќето активности во кои најмногу се трошат калориите и се губат килограми. На еден ипол километар се согоруваат околу 100 калории. Трчањето исто така го подобрува процентот на ензим кој ја разградува маснотијата во телото.
Трчањето има позитивни ефекти врз здравјето и го смалува ризикот од болести (од настинка па се до рак). Трчањето е една од најдобрите аеробик активности за здобивање кондиција, а посебно за здравје и белите дробови.
Трчањето ја подобрува циркулацијата, а сите знаеме дека циркулацијата го намалува ризикот од срцев удар. Исто така трчањето може да помогне да се ослободиме од стрес, напнаност и блага депресија. Луѓето кои секојдевно трчаат се поздрави, весели, имаат повеќе енергија за разлика од оние кои не трчаат.
Оптимално е да се трча од три до пет пати неделно по 30мин. Имајте на ум дека 15 минутното трчање е доволно за да ви се подобри здравјето, додека 30 минутното чини чуда. Но ако сте почетници испобајте со методата еден минута трчање, една минута одење.
Ме интересира:
Дали и колку пати неделно џогирате?
Ако го правите тоа, дали сте задоволни од резултатите?
Јас бев песимист за трчање. Десет години активно спортував и последните неколку години се опуштив максимално, до почетоков на летово. Од први јуни до први август, за овој период симнав 12 кг со нормално јадење, без вечера.
Трчав секое утро во 5 сабајле. Можеби некои ќе помислат дека е ненормално да се станува во 5, но на нет прочитав дека меѓу утринското џогирање и џогирањето во текот на денот постои огромна разлика. Кога трчате рано наутро гладни, ги топите веќе наталожените масти, додека кога трчате во текот на денот ги согорувате прво калориите кои сте ги внеле во текот на денот, па потоа она од кое сакате да се ослободите.
Дали има расположени феминки за трчање?



