И јас порано имав , ќе се соберевме сите девојчиња од улицата и ќе вртевме Убаво ме потсетивте, да побарам и да купам.
Мене хулахопот ми беше онака од тие лесните и јас зошто не знаев каде има од тешките си го наполнив со ориз и сега гајле немам тежи повеке и супер ми е . Луда идеја можеби ама се снајдов и сега ке почнам пак да си го вртам
Стегни г’з и стомак, и врти со колковите, ќе ти тргне. Ако не ти се затегнати г’зот и стомакот - нема шанси да го свртиш - едино да се откорнеш од вртење со колкови ко центрифуга
Еве јас утре одам да си купам хулахоп,ќе барам низ Орка ваму таму,и ако најдам ќе ви кажам каде и која цена се.ПС-не од тие детските!
Значи јас денес си купив хулахоп 350 ден.од ранерс.Ако сакате одете побрзо има уште еден,ама убав стварно од оние за возрасни.Вртев 5мин,ама некако сум уморна,после заедно со скокањето на јаже ке вртам едно пола саат.
леле луѓе јас најмногу 10 пати го вртам ама не се откажувам кажете ваше искуство по колку пати го вртите од еднаш???
^ Најдолго вртење ми е 10 минути, повеќе од тоа досега не сум успеала зошто немам ни живци ни сила за повеќе
Откога ќе го извежбаш можеш да го вртиш додека имаш кондиција ама ако имаш мешенце е потешко и ќе мора да го качиш над мешето инаку ќе ти паѓа .
Абе еднаш кога ќе научиш да го вртиш, можеш да вртиш се додека не ти се смачи. Мене не ми паѓа, си пуштам музика и вртам се додека не ми се здосади ама сум знаела да издржам и повеќе песни една после друга, па ако почне да клиза надолу пак со вртење го качувам над колковите, и тоа е тоа. Еднаш си вртев и си читав книга, ма супер е! Хулахопов е стварно одличен за стомачни мускули, и за вежбање на кукови - мешај мешааај, оп оп оп!
Ко ќе се научиш убаво да го вртиш без да ти паѓа, ќе издржуваш подолго. Јас од искуство го имам вртено 40 минути уз гледање серија или филм. Вртење во комбинација со слушање песни или гледање ТВ = најдолго вртење без досадување.
Јас денес точно 30 минути.Ама еве Лукс ми даде идеја со слушање музика или уз филм да вртам,јас можев прееска и повеќе ама ми здосади.Ај од утре уз Жаде ќе вртам
Не се откажувај,многу е лесно и едноставно само додека да влезеш во форма...а инаку резултатите се очигледни-истенчена половина и рамен стомак
Леле јас си купив и сега пробувам и само 6 пати најмногу можам да направам а ко мала неможев да престанам,сега незнам да врта и многу се нервирам
Имам хулахоп, стар е, вртев кога бев мала. Кога бев мала умеев многу да вртам, вртев по којзнае колку пати и потоа ми се лошеше. Тоа е, кога не знаев за престан. Пред некој ден го најдов хулахопот повторно, си реков ќе вежбам. Но некако како да ме мрзи
ги обликува стомачните мускули; претставува интензивна кардиоваскуларна активност; ги подобрува рамнотежата и флексибилноста; го поттикнува слабеењето и горењето на мастите; ги подобрува моторните способности; ги зголемува издржливоста и енергијата; го зацврстува грбот; развива чувство за ритам; го подобрува држењето на телото; го намалува стресот; ја зголемува самодовербата; го поттикнува смеењето и чувството на среќа 30 минути да вртите хулахоп ке согорите некаде 20-300 калории или тоа во просек 210 калории
Обожавам да вртам, арно ама јас имам пластичен и при вртење ми се одлепува и ме нервира. На сред вртење ми се одлепува и само што започнало убавото треба одново да го лепам па да вртам и ми здосади, затоа сакам да си купам дрвен. Прашањето ми е: Дали имаше да се купи некаде дрвен хулахоп и каде или сум во заблуда дека постојат дрвени?