1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

INSANITY workout

Дискусија во 'Фитнес' започната од ivana20190, 23 јуни 2012.

  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Ги поминав сите 30 дена од Jillian со само еден ден прескокнување на првиот ден кога добив. На почеток ми беше потешко ама после без никаков проблем вежбав. Плус имам одлична кондиција, пешачам многу.

    АМА, ова што почнав денеска да го вежбам е нешто пратено од ѓаволот. Луѓе... раце ми се тресат, нозе ми се тресат, не можам да одам, се придржувам до кревети, маси, столици, се влечам како стара баба, подгрбавена, се залепив како мастика на асфалт на ламинатов... ОД САМО ЕДНО ВЕЖБАЊЕ. Одвај пишувам и сега, прстите ме болат на рацеве. Уште сега ги чувствувам воспалени стомачниве. Не сакам да знам што ќе биде утре.

    Jillian во споредба со Insanity е како да лежиш на лежалка на плажа со книгата во рака и бранови те удираат по нозете. НЕМА СПОРЕДБА. И после ослабувале толку од само два месеца, па ќе ослабат, нозе им паднале од рипање. Капки пот ќе почнам од ламинатов со крпа да бришам. Жива вода се направив, едно литро вода испив во рок од пола саат. Не сакам ни да мислам што ме чека утре. Не ми се ни отвара утрешното видео. Страв ме фаќа како пред испит. Ама мора да се издржи. МОРА. Ама и овој Шон (како и да се вика) многу голема мотивација е, браво за човеков. Господ здравје да му даде за програмава.

    А не дека имам нешто многу за слабеење. Две кила ако имам вишок. Проблемот е што си се опуштив и во нозе и во стомак. Не нешто многу ама јас не се сакам ваква и кога ќе се стиснам на бутовите почна да ми се јавува целулит. Е тука веќе алармантно стана. Мислев со Jillian дека ќе го постигнам резултатот ама не, барем не она што јас сакав да го постигнам. А секој ден вежбав, вежбите сите ги правев правилно и исто временски како девојките на видеото. Ослабев во обем, не дека не, малку се познава во нозете и стомакот ама ништо посебно. Само една другарка ми кажа дека сум и' била ослабена некако во лицето. :^) Е ај сега... Јас се утепав од стомачни правење, скокам, рипам, се потам, се влечам, таа мене ми вика во лице сум била ослабена... А и онака не сум буцкаста во лице, баш имам подолгнавеста фацка. Чудна работа.

    А сакав да ви кажам само дека и јас ви се придружувам во програмава со групно потење. Ама си се распишував... како и секогаш. :) Ај со среќа на сите и повеќе сила, ќе ни треба. :(
     
  2. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Времето што си го вежбала дома,си можела да се посветиш со вежбање во теретана.
    Еве што е резултатот од вежбање чучњеви,мртво и бенч прес.
    https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... tif_t=like
     
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Daydream,ако немаш многу за слабеење,не ти ја препорачувам програмава,поарно вежбај некои вежби за затегнување,ете оние Стеф што ги спомна.
    Програмава само за луѓе со масно ткиво што не се топи лесно,како на пример моето :D :D
    Мене малку ми требаше телевизорот да го скршам,скокај рипај,крај нема,40 минути мислиш вечност поминало :D
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Не те разбирам што е поврзаноста со твојов муабет и сликава што си ја постирал.

    Прво, се гледа дека девојката на првата слика се занимава професионално со вежбање, што не верувам дека некоја девојка со нормални секојдневни обврски може да си го дозволи тоа, пред се' затоа што нема доволно време, а девојката на втората слика можам сега одма да се обложам дека ова тело го има постигнато само со диети, а не со вежбање.

    Второ, уште стојам на тоа дека ако вежбаш правилно, упорно и редовно ќе имаш убаво тело. Зборам од женски аспект. Нас не ни треба не знам колку тежини да креваме. Мене ми е доволно кардио и соодветни вежби за оформување на мускули. Во план сум уште да си купам тегчиња од по 2, 3 кила од Веро и доволно ми е. Тоа сум го постигнала дома и порано, ќе го постигнам повторно, а не сум ни прва што го практикува тоа. Познавам многу девојки кои имаат прекрасни тела, а си вежбаат и само си го одржуваат тоа тело дома со соодветни вежби. Додека пак на вас машките сметам дека ви е попотребна теретана зашто сепак кревате многу поголеми тежини и ви требаат сосема други вежби. 15 кила (не знам колку кревате онака си лупнав) кај ќе најдеш да креваш дома? Тоа е разликата според мене.

    Marossa и јас тоа размислував цело време, ама сепак сакам да пробам. Не мислам да го вежбам вториот месец зашто сметам дека е пренапорно и не сакам да се оптеретувам толку. И да ослабам нешто повеќе од потребното не се жалам, сепак битно ми е да немам масно ткиво на мене. И да изгледам малку послабо не е проблем се додека се познаваат мускули. :)
     
  5. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Прво грешка си.
    За убаво тело треба вежбање барем со тежини или било каков отпор што ги имитира сите движења што ги правиме,клекнување,станување,влечење,туркање.
    Тоа дома не можеш да го добиеш.
    Сакав да кажам дека времето што си го посветила тоа со мал отпор вежби кој не се функционални и се направени за само почетници да почнат да се движат,подобро од ништо нели?
    Ефективен тренинг е 45 минути и не вклучува скокање и лупање до бесвест.
    Ефективно е зашто гори многу калории и до сега не си осетила толкав интензитет.
    Кажав правилно и ефективно вежбање е со отпор не со скокање и плиометрија освен ако не правиш за топење масти.
    П.С иста девојка различна тежина.
    П.П.С имаш стереотипни разбирања не вреди да се аргументира повеќе.
     
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Јас не те разбирам тебе што сакаш да докажеш и кажеш на сите овде? Цела категорија "Фитнес" е полна со членови од форумов кои вежбаат дома со било какви програми. Сите се поддржуваат, на некои теми има и лични слики од трансформациите итн. И ти сакаш да ми кажеш дека ние сите погрешно размислуваме и постапуваме и вежбање дома не е правилно само зашто ТИ така велиш? Сите ние будали сме. Личните слики од феминки каде видно се гледа разлика се лажни нели? Или ти не гледаш таму никаква промена која тебе лично би ти ги задоволила барањата?

    Го почитувам твоето достигнување, навистина, мислев дека навистина имаш нешто паметно да кажеш на темиве, ти дадов шанса многу пати, ти ги читав мислењата во многу теми ама не, не се согласувам со твоите гледишта и сметам дека тоа треба да го прифатиш, а не да се контраш до бесконечност со секој што мисли спротивно од тебе.

    Ти за аргументирана дискусија ја сметаш твојава со изнесување на тези од некои си страници на интернет (што за мене не се вооопшто релеванти зашто на интернет може кој сака и што сака да напише) заедно со изнесување на слики од фејсбук кои може кој сака да ги преработи? Тоа е аргумент? Слика од фејсбук? Ако е за тебе тоа аргумент, нека бидам јас стереотипна не ми смета.

    Ај поздрав, толку од мене, имај убава вечер, ме мотивира да вежбам многу повеќе дома и да го постигнам резултатот што го посакувам. Не мислам да се расправам со тебе зашто не вреди. И не ти е прв пат ова, и со други членки се имаш вака закачено само зашто не мислат како тебе.
     
    На dc15, SV1911, simoncelicius и 3 други им се допаѓа ова.
  7. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Не мора да се согласува секој со моите ставови.
    Има нешто што се вика физиологија на вежбање.
    Insanity ти е високо интензивно кардио,кое не е за почетници сум го правел јас сум постигнал некакви добри резултати но не тоа што го постигнав со вежбање со тежини.
    Ако го комбинираш со вежбање со тежини е супер,али ако го вежбаш само тоа ќе гориш и мускули и масти.
    Зашто интензитетот е преголем и фрекфенцијата е преголема.
    Ако исто знаеше за вежбањето што служи немаше да викаш така.
    Вежбањето со тежини е алатка за зачувување на мускулатурата и оформување на телото.
    Не за џабе се вика бодибилдинг и сите бикини модели,фитнес модели го користат.
    Не сум слушнал да вежбаат само Insanity и да имаат извонредно тело.
    Но твое право е да правиш што сакаш,јас ти изнесов мое искуство и ако ти не веруваш на слика што кажува разлика помеѓу мускули и масти,слободно продолжи :)
     
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Никогаш не си би го сторила ова.
    Не осудувам луѓе кои се цврсто решени и одат до крај со максимален интенизитет до последната капка пот која паѓа од телото, но јас сепак би останала настрана како набљудувач со парче нискокалорична пица. :!:

    Значи да бидеме на чисто луѓе, ако имате вишок килограми направете нешто со себе, не оставајте од денес за утре.
    Почнете со фитнес, трчање, орбитрејк, кардио вежби (нека е се на минимален отпор), бар 30 минути секој ден, или секој втор ден и ќе имате солидни резултати за три до четири месеци.
    Но, истовремено имајте в предвид дека се ќе зависи и од вашиот начин на исхрана.

    Јас на пример, можам да се пофалам дека досега четири пати имам успешно ослабено.
    Имам симнато 30 килограми, ако не и повеќе за конечно да ја добијам фигурата која ја сакам.
    Но, се залажував дека кога еднаш ќе ослабам веќе нема назад, и така ден по ден си се враќав на истото и исходот беше - негативната трансформација, која се случи дур да трепнам.
    Значи сите оние кои имате проблеми со тежината, станете, мрднете и чекајте. Бидете трпеливи. Со вакви вежби повеќето од вас колку и да се упорни би издржале 10-15 дена преку сила. Ретки се оние кои ќе одат до крај, да бидеме реални.
    Постојат исклучоци, секоја чест за истите но сметам дека вежбиве се истоштувачки и водат во екстрем.
    Башка, да не праиме муабет за здравствени проблеми кои може да се јават кај некој кој не испитал долго време крв, или има срцево заболување, притисок и сл.
    Значи внимателни со ваквото темпо, бидејќи колку може да ви помогне во борбата против килограмите, толку повеќе може да ги наголеми шансите за некоја болештина.
    Не дека дебелината е поздрава, ама сешто е нагло сметам дека не е океј.
    И факт е дека сите сакаме да бидеме здрави и да сме во топ форма, но понекогаш против гените не се може.
    Во секој случај ова не значи дека треба да ни биде изговор и да кренеме раце, туку да ни биде мотивација да работиме на себе во границите на нормалата.
    Јас за се претпочитам умереност. Како во исхраната, така во вежбањето.
    Ваквите андреналински предизвици кои ветуваат многу никогаш не ми биле предизвик.
    Иако сите различно размислуваме, и ако сметате дека е ова онаа вистинската ствар која ќе ви помогне go on, ама сепак пред да го сторите ова направете ја калкулацијата, ставете прстот на глава и преиспитајте се десет пати дали вредат 2 месеци лудило, или 4-5 месеци умерено темпо на вежбање, здрава исхрана со редовен внес на течности. ;)
     
  9. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    ^
    Со согласувам со Валерин. Додуша јас немам никогаш изгубено ниту имав потреба да симнав повеќе од 5 кг. вишок, ама имам вежбано Инсенити и моето лично искуство е такво да сум се бргу откажала.
    Сметам дека сум навистина издржлива особа, физички, и кога вежбам навистина давам максимум од себе, не "забушавам", ниту кога одам во теретана, ниту дома кога вежбам.

    Ама со инсенити (и со Фокус Т25) буквално умирав, вода течеше од мене. Јас па и кога вежбам се трудам да вежбам и да ги следам, значи не модификувани вежби. И да, има резултати многу бргу, ама приметив дека од напорно вежбање се здобив со несоница! Буквално телото ме болеше и е преморено и не можев да имам убав, квалитетен сон. Во почетокот ми се чинеше дека се здобивав со повеќе енергија, ама после некое време, добив контра ефект, преку ден бев напната, токму поради недостиг на квалитетно одморено тело.

    Друго што ме натера да се откажам е бидејќи премногу време ми одземаше. Толку се изморував после вежбите да едноставно не можев веднаш да одам да се избањам, туку ми требаше време да се одморам од вежбањето, па потоа се влечев по дома ко мртовец, немав сила за ништо, ме истрошуваа вежбите максимално.
    Си баталив се и си реков: нема сврха животот да го поминувам во овакво измачување! Тоа навистина беше измачување за мене. Вежбај ко лудак, поти се до бесвест, се истоштувааш, преморуваш, за што?
    Најдов фини вежбички на јутјуб за моите критични зони: за бутките и задница - 12 минути, стомачни - 5 минути, пак се јас испотам, ама ова ми прија, ем има видлив ефект и во обимот и затегнатоста, ем не сум прекапана, па во комбинација со внимавање на исхрана ќе си продолжам така и понатаму.
    А не сега, пред одмори сите се освестуваат требало да вежбат, па се изгладнуваат, па се исцрпуваат, мислам дека е тоа вистински шок за телото.

    Многу сакам пилатес и сметам дека е многу убаво за девојките/ жени, имам вежбано порано, во моментов ја нема програмава во мојов град, вежбав и зумба и антигравити јога, и сум повеќе за таков тип на вежбање, отколку за измачувањето до бесвест
     
  10. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Не е ич многу,таман е.Во споредба со еден highenergy час кој е 60 минути со одмори он троши 500-600 калории,ова е и малку како што хајенерги за ова е како да лежиш :D
    И јас почнав денеска го направив фит тестот и како што немам вежбано доста време добра сум
    Switch kiks: 134
    Power jacks:50
    Power knees:90
    Power jumps:30
    Globe jumps:12
    Suicide jump:10
    Push up jacks:х
    и последните 30
    Сега сум како претепана послем вежбање али нема откажување ;)
    Ќе видиме од утре натака дали ке можам до кревет да станам :!: ;( :$ :)
     
  11. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Минатото лето ја вежбав програмава. Првите два-три дена ми беа тешки, а после се навикнав.
    Не пропуштив ни еден ден во првиот месец. Во вториот месец вежбав недела ипол, после отидов на одмор и почнав да вежбам друго

    Но како и да е, презадоволна бев (сеа веќе ми помина :lol: ). Ослабев и малку ми се оцртаа стомачните, што веќе ги немам :( ама ке биде пак, голема пауза имав.

    Сакам да ви кажам дека додека ја вежбате програмава ни случајно да не бидете на некоја екстремна диета, затоа што ке бидете исцрпени и нема да имате сила и желба за вежбање. Јадете нормално, и бидете истрајни ;)
    Со среќа на сите! :D
     
    На wiyezci му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    и јас денеска почнав со вежбиве но сакам првите 2 недели да не се форсирам т.е да вежбам макс 5 пати неделно колку што можам :) гледам дека имате сите резултати па вреди да се проба :)
     
    На wiyezci му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    910
    Ќе може ли некој да ми прати линк во ЛП од програмата која ја вежбате? Фала однапред :)
     
  14. wiyezci

    wiyezci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Сакам да вежбам insanity,но незнам како да ги најдам видеата.Кај можам да купам ЦД или да ја download цела програма на компјутерот? хелп? :)
    Кај ја најде програмата? Купи ЦД или ја downloadira?
     
  15. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Jа симнав од тука -> http://thepiratebay.se/torrent/7113730/ ... xe_Edition :)

    Не стискај на Download, туку на Get this torrent.
    За побрзо да ти се симне треба да имаш апликација за симнување торенти како што е BitTorrent или utorrent.
     
  16. Alyson

    Alyson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    170
    Кога почнавте да вежбате по програмава, имавте кондиција и претходно со други вежби?
    Јас порано вежбав нешто полесно скоро секој ден, но веќе година и нешто немам воопшто вежбано, кондицијата ми е целосно изгубена и мислам дека ќе ми биде премногу тешко.
    Да почнам прво со нешто друго за да се зацврстам барем малку, или да ја почнам веднаш INSANITY па до каде ќе можам до таму да вежбам? :|
     
  17. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    ^Јас пред да почнам немав вежбано неколку месеци. Првите два дена ми беше тешко, а после тоа се навикнав и воопшто не пропуштав вежбање. :D
     
  18. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Те следам на фб и овде, браво за упорноста, начитаноста и за постигнатиот резултат, ама дечко сварно претеруваш со тие твои тежини, значи со правилна исхрана и вистинско кардио женското тело може да се направи авион шо си викаме ние, само секој треба да најде вистинскиот начин, пошто нели секој организам не е ист. Само едно ќе те замолам, да ја заследиш на инстаграм @adry_bella, девојката ја следам година време и го нормално го следев нејзиното слабеење, почнала со пешачење па кардио по дома (срам и било да оди во теретана) и нормално здрава исхрана, баш види ги сликите каква е сега.
    На нејзината втора година од промената таа почнува да оди во теретана па нема некој посебна разлика.

    Поради тоа што знам дека ќе има муабети дека има примано хемии да те информирам дека слика од девојката беше искористена за реклама на некој суплемент, покрена тужба.

    Сакам да ја слушнам твојата теорија за нејзината промена!
     
  19. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Калориски дефицит,јадела помалку трошела повеќе.
    http://instagram.com/p/qShr2lFpXx/?modal=true
    Самата си кажува дека не сака да биде фитнес модел,ако е среќна со нејзиното тело супер.
    Но кревањето тежини не е само за жени.
    И самиот Shaunt T во програмата има вежби со тежини се со цел да се задржи мускулатурата.
    Мускулатурата се задржува со добар но интензивен тренинг и со доволно протеини.
    Ако таа инвестирала во тренинг со тренер ќе добиела подобри резултати.
    И еве ја мојата теорија во пракса.
    https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... tif_t=like
     
  20. simona.7

    simona.7 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    11