Јогата претставува учење кое е постаро од 3500 години и е дел од индиската култура и фолософија. Претставува комплексен состав кој прави обединување на физичките вежби, техниките на дишење и медитацијата. Погодна е за сите луѓе, без оглед на возраста, полот и психофизичката кондиција во дадениот момент. Јогата претставува вештина која помага да се постигне рамнотежа помеу телото и духот. Со целосно совладување на оваа техника на медитација, се постигнува ослободување од стресот и болката, а човекот станува многу посмирен и повитален. Јогата релаксира и воедно дава енергија, го намалува или потполно отстранува стресот, ја намалува напнатоста во грбот и вратот, и ги отстранува пореметувањата во спиењето. Јогата е повеќе од само средство за одржување на псиофизичката кондиција со физички вежби и вежби на дишење и опуштање. Таа не учи како да го почитуваме и сакаме сопственото тело и дух и овозможува контакт со самиот себе. Позитивните ефекти од јогата се бројни, а повеќето од нив и научно потврдени. Го отстранува стресот, ја ублажува болката, ги релаксира мускулите и зглобовите, го подобрува сонот, доведува до внатрешен мир и задоволство, дава енергија на телото, го јакне духот и психата, ја зголемува самодовербата, ја развива самосвеста, го јакне 'рбетот, мускулите, зглобовите и соведува до подобра еластичност и гипкост на телото. Јогата има добро влијание и на внатрешните органи подобрувајќи ја нивната функција. При јога вежби, се трошат калории и се нормализира гладта а со тоа и се намалува прекумерната тежина. Јогата е пред се наменета кај лица со хроничен стрес и разни психофизички пореметувања, хронична болка, пореметување на дишењето, системот за варење или при нерегулиран крвен притисок, но може да ја практикува секој кој смета дека ќе има позитивно влијание врз себе и своето тело. Што мислите вие за јогата? Дали можеби дел од вас ја практикуваат и каде? Дали во домашни услови или одите во некоја група? Јас се заинтересирав повеќе благоарение на моја блиска пријателка и сакав да започнам да одам на јога заедно со мојот партнер но сеуште сум во преговори затоа што групите се преполни и заинтересираноста е преголема. Дел од текстот е превземен од порталот http://www.rak.mk
Практикував,а може да кажам дека и сега практикувам јога,но не често.Незнам зошто така малце се откажав од јогата,но ќе продолжам почесто да ја практикувам.Тоа што е напишано во воведот од темата е точно,сметам дека јогата има големо влијание врз здравјето на човекот,а особено кога се работи за болестите,односно им оневозможува да се развиваат.Помага многу,имав коментирано некаде на форумов за јогата,допринесува за поголема свесност кај човекот во врска со неговиот начин на живот,посебно за исхраната која е многу важна и од која зависи до некаде нашето здравје.Човек кој што практикува јога посмирено гледа на работите во животот,порелаксирано.Имав одено на часови по јога,нормално не е задолжително да се посетуваат често,па кога можам одам и дома вежбам.Јогата иако како дисциплина е стара,но мислам дека сега почесто има часови за јога,можеби претходно не била на некој начин толку популарна како што е сега.Добро е човек да практикува јога,секако по негов избор,поради веќе наведените ефекти врз здравјето на човекот,секако и доколку има можност за тоа.
Не би ја менувала јогата за ништо. Практикувам редовно две години, што е релативно малку за да се стигне подалеку во оваа дисциплина, но е и доволно за да знам дека ми годи и дека е добра не само за моето тело, туку и за целокупната личност. Резултати има многу: затегнати мускули, неверојатно подобрена еластичност (вежби што ми беа невозможни на почетокот сега ги правам многу лесно и ми се пријатни), контролирање и препознавање на чувството за глад... Но најмногу ми значи тоа што сега поинаку гледам на светот и на себеси како дел од него. Сакам цел живот да ја практикувам, и немам намера да се откажам. Од срце те охрабрувам да почнеш, придобивките се неизмерни. Само, те советувам добро да размислиш каде, затоа што се’ зависи од професорот. Најдобро е да посетуваш курс на Јога сојуз на Македонија, луѓето имаат долгогодишно искуство и гледаат на јогата не како на модерен тренд за заработување, туку во нејзината суштина и традиционална индиска варијанта. Професорите и асистентите полагаат посебни испити и имаат долгогодишно искуство, што е од исклучителна важност. Имаат и веб сајт, разгледај и види каде и кога се часовите: http://yoga.org.mk/index.htm Инаку, јас одам на јога во Охрид, во јога секција која е член на Јога сојузот. Само уште еден совет: на почетокот на многумина им се случува да им е здодевно и да се откажат после неколку часови - немој да го правиш тоа, дај и’ шанса на јогата да ти покаже што нуди, зашто тоа сигурно нема да го видиш од првите часови. Се почнува полека, со сосем едноставни физички и психички вежби, и постепено се напредува. Со среќа!
Kолку чини јогата?Jас иам слушнато дека многу се чекало за да почнеш...Aко оди некој и е информиран во врска со ова нека ми пише позз
Јас почнав да одам кај една интрукторка која учела во ирска со професори кои биле на пракса во индија по 10-20 години барем така таа кажуваше.Ама се гледа дека ја бива.Само бидејќи има многу групи само двапати неделно одам и само една група е за почетници и веќе е полна, другите сите оделе по 2-3 години.За почеток стварно сум задоволна,вечерно време ми е часот и кога си дојдам одма си легнам и многу убаво се чувствувам, онака имам многу лесен сон и забележав дека воопшто не се будам сега во текот на ноќта,еве баш вчера бев и сабајлево станав полна со енергија и живост.Јас лично почнав да одам бидејќи имам многу болки во грбот и вратот и често ме боли главата,сакав да се релаксирам и да станам поеластична,целта не ми е да ослабнам туку да бидам посмирена и поздрава
Блонди побарај на ју туб има вежби за јога. Па ако веќе нема курс во Струмица ете сама можеш да си вежбаш, побарај јога за бремени жени и ќе си вежбаш во домашна атмосфера.
Не мора обавезно да е курсот за бремени жени. Кај нас нема специјални курсеви, па баш имавме една бремена колешка, професорот и’ кажуваше посебно кои вежби да ги работи. Можно е да се прилагоди, не сум сигурна за во Струмица, но јави се и прашај. А можеш и од ЈуТуб, само внимавај, не прави веднаш комплицирани вежби ако нема никој до тебе, немој на глава да застанеш .
Блонд повели линкче јас овие ги вежбав пред да почнам да одам на часови и се доста лесни некои од нив правиме и сега баш вчера интруктурката кажуваже дека се препорачуваат и за бремени бидејќи едно девојче праша за сестра и дали може да ги практикува дома бидејќи живее во кавадарци мислам и таму немало јога центар а е 5ти месец пробај и не се преоптеретувај ако неможеш некои да ги направеш да не му наштетиш на бебчето само не го менувај редоследот туку прерипни ја таа што ти е тешка. http://www.youtube.com/watch?v=H3vLZqPZxZE (од страна имаш дел 2 и дел 3 исто и тие се,само сите одеднаш на почеток нема да си способна да ги изведеш )
Под депресиај сум..сакам да прашам дали би можела да ми помогне...навистина западнав во тешка депресија..сеуште немам појдено на психијатар поради тоа што родителите н еме пуштаат не можам да спијам ноќе еве 1 месец...сите симптоми ги имам на деперсија...не можам да се концентрирам на ништо буквално буквално....едвај излегувам
Оди, јогата може да помогне. Само ако е дотолку работата, подобро е да одиш на психијатар и да кажеш што те мачи, да истресеш од себе. Не мора да кажуваш на родителите ако тие не дозволуваат, а ти сметаш дека ти е потребно. Кај нас уште постојат тие заостанати сфаќања според кои на психијатар одат само лудите. Немој да дозволиш да развиваш во себе депресивни состојби, зашто си на таква возраст кога уште ја градиш својата личност, па оваа сегашна состојба може да ти остави подлабоки траги доколку не се соочиш со неа како што треба. А јогата може да помогне, на почетокот со релаксација ќе научиш да се опуштиш, а подоцна ќе научиш како да се одвоиш од таквите ситуации и да не дозволиш да влијаат врз тебе.
Годинава започнав со јога. Немам зборови со кои би можела да ја искажам мојата среќа, задоволство, исполнетост... Мислам дека ова е најубавото нешто што можев да го направам за себе. Сакам и се трудам да напредувам колку што е можно повеќе. Еве веќе во недела ми претстои првиот семинар за медитација, едвај чекам Резултатите се веќе видливи, не ми се верува дека за така краток период успеав барем нешто да сменам во себе
moeto moto. ...... my body is my tample, my asanas are my prayers..... ..... yogata e sovrsena za postignuvanje na harmonija, koncentracija, forma ili podobro kazano odlicen nacin na zivot, poddrska za site koi vezbaat i tie sto sakaat da pocnat, nema da zgresat. moite pocetoci bea vo mojot dom, prazna sobica relaxs muzika i bezbroj knigi za yoga pocetnici i razlicni asani-vezbi, i pranayama-vezbi za disenje, iako na pocetok imase dosta pozicii koi smetav deka se nevozmozni, za kratok period so redovno vezbanje gi postignav.....sega veke preminav i vo vegetarijanci sto ovozmozuva pogolema elasticnost na teloto, i iskreno go sakam ovoj nacin na zivot i go preporacuvam na site pozdrav. [mod-kirilica:10caa6zg][/mod-kirilica:10caa6zg]
А тука во Скопје се запиша ? Може да ми дадеш повеќе информации, каде се запиша, колку се плаќа и да ми дадеш контакт телефон или пак веб сајт од центарот ? Фала
Јас почнав на јога од пред три месеци.Во кисела вода е студиото surya се вика и има и други духовни дисциплини.Инаку мислам дека се различни по програмот од тие во сојуз на јога на Македонија бидејки овде работат и со медитации со чакрите,нивно балансирање.Задоволна сум за сега,само мислам дека е малку време за некои повидливи резултати,во јогата баш треба да се почитува она со трпение.Инаку и јас почнав баш од тие причини што поради некои работи што ми се случија почна многу да ми се менува расположението,станав нетрпелива,раздразнета постојано или пак депресивна.Од луѓе што се бават со јога подолги години имам правено муабет дека со тек на време ,полека ке се осетат резултати.Поздрав и поддршка до сите заинтересирани да почнат со јога ,нема да погрешат.
Феминки, јас страшно многу се заинтересирав да почнам со јога! Веќе расчепкав по интернет за јога центри кај нас, наидов на неколку кои ми одговараат според локациите. Но, сакав да ве прашам вас, дали сте задоволни од јога часовите кои сте ги посетувале и кои би ми ги препорачале? И уште нешто - на ниту еден линк на најдов цена на часовите, ќе можете да ми кажете како отприлика се движат цените?
Јас ги посетувам часовите на јога сојузот, пишав погоре дека сум презадоволна. Еден курс трае два и пол месеци, по два часа неделно, и чини 2000 денари. Му доаѓа некаде 800 месечно. Ова зборувам за во мојот град, а во Скопје не знам како е цената, но не верувам дека е многу поскапо.