ТЕМА: Јога - рамнотежа на телото и духот

Мислење 30 Сеп 2010, 14:02

Слика
Јогата претставува учење кое е постаро од 3500 години и е дел од индиската култура и фолософија. Претставува комплексен состав кој прави обединување на физичките вежби, техниките на дишење и медитацијата. Погодна е за сите луѓе, без оглед на возраста, полот и психофизичката кондиција во дадениот момент.
Јогата претставува вештина која помага да се постигне рамнотежа помеу телото и духот. Со целосно совладување на оваа техника на медитација, се постигнува ослободување од стресот и болката, а човекот станува многу посмирен и повитален. Јогата релаксира и воедно дава енергија, го намалува или потполно отстранува стресот, ја намалува напнатоста во грбот и вратот, и ги отстранува пореметувањата во спиењето.
Јогата е повеќе од само средство за одржување на псиофизичката кондиција со физички вежби и вежби на дишење и опуштање. Таа не учи како да го почитуваме и сакаме сопственото тело и дух и овозможува контакт со самиот себе.
Позитивните ефекти од јогата се бројни, а повеќето од нив и научно потврдени. Го отстранува стресот, ја ублажува болката, ги релаксира мускулите и зглобовите, го подобрува сонот, доведува до внатрешен мир и задоволство, дава енергија на телото, го јакне духот и психата, ја зголемува самодовербата, ја развива самосвеста, го јакне 'рбетот, мускулите, зглобовите и соведува до подобра еластичност и гипкост на телото.
Јогата има добро влијание и на внатрешните органи подобрувајќи ја нивната функција.
При јога вежби, се трошат калории и се нормализира гладта а со тоа и се намалува прекумерната тежина.
Јогата е пред се наменета кај лица со хроничен стрес и разни психофизички пореметувања, хронична болка, пореметување на дишењето, системот за варење или при нерегулиран крвен притисок, но може да ја практикува секој кој смета дека ќе има позитивно влијание врз себе и своето тело.

Што мислите вие за јогата? Дали можеби дел од вас ја практикуваат и каде? Дали во домашни услови или одите во некоја група? Јас се заинтересирав повеќе благоарение на моја блиска пријателка и сакав да започнам да одам на јога заедно со мојот партнер но сеуште сум во преговори затоа што групите се преполни и заинтересираноста е преголема.

Дел од текстот е превземен од порталот http://www.rak.mk
Аватар на корисникот
girl1985

Зелено цветче
 
6981258
Мислења: 977
Зачленет: 10 Јул 2010, 12:04
Слика
Слика

Мислење 30 Сеп 2010, 14:38

Практикував,а може да кажам дека и сега практикувам јога,но не често.Незнам зошто така малце се откажав од јогата,но ќе продолжам почесто да ја практикувам.Тоа што е напишано во воведот од темата е точно,сметам дека јогата има големо влијание врз здравјето на човекот,а особено кога се работи за болестите,односно им оневозможува да се развиваат.Помага многу,имав коментирано некаде на форумов за јогата,допринесува за поголема свесност кај човекот во врска со неговиот начин на живот,посебно за исхраната која е многу важна и од која зависи до некаде нашето здравје.Човек кој што практикува јога посмирено гледа на работите во животот,порелаксирано.Имав одено на часови по јога,нормално не е задолжително да се посетуваат често,па кога можам одам и дома вежбам.Јогата иако како дисциплина е стара,но мислам дека сега почесто има часови за јога,можеби претходно не била на некој начин толку популарна како што е сега.Добро е човек да практикува јога,секако по негов избор,поради веќе наведените ефекти врз здравјето на човекот,секако и доколку има можност за тоа.
Аватар на корисникот
Gordana10

Жолто цветче
 
27003399
Мислења: 4591
Зачленет: 07 Дек 2009, 19:15
Локација: Скопје
Veni, vidi, vici - дојдов, видов, победив!

Мислење 30 Сеп 2010, 22:56

Не би ја менувала јогата за ништо.
Практикувам редовно две години, што е релативно малку за да се стигне подалеку во оваа дисциплина, но е и доволно за да знам дека ми годи и дека е добра не само за моето тело, туку и за целокупната личност.
Резултати има многу: затегнати мускули, неверојатно подобрена еластичност (вежби што ми беа невозможни на почетокот сега ги правам многу лесно и ми се пријатни), контролирање и препознавање на чувството за глад... Но најмногу ми значи тоа што сега поинаку гледам на светот и на себеси како дел од него.
Сакам цел живот да ја практикувам, и немам намера да се откажам.
Од срце те охрабрувам да почнеш, придобивките се неизмерни. Само, те советувам добро да размислиш каде, затоа што се’ зависи од професорот. Најдобро е да посетуваш курс на Јога сојуз на Македонија, луѓето имаат долгогодишно искуство и гледаат на јогата не како на модерен тренд за заработување, туку во нејзината суштина и традиционална индиска варијанта. Професорите и асистентите полагаат посебни испити и имаат долгогодишно искуство, што е од исклучителна важност.
Имаат и веб сајт, разгледај и види каде и кога се часовите:
http://yoga.org.mk/index.htm
Инаку, јас одам на јога во Охрид, во јога секција која е член на Јога сојузот.
Само уште еден совет: на почетокот на многумина им се случува да им е здодевно и да се откажат после неколку часови - немој да го правиш тоа, дај и’ шанса на јогата да ти покаже што нуди, зашто тоа сигурно нема да го видиш од првите часови. Се почнува полека, со сосем едноставни физички и психички вежби, и постепено се напредува.
Со среќа!
Аватар на корисникот
LivingGlam

Жолто цветче
 
457511668
Мислења: 2070
Зачленет: 28 Сеп 2010, 14:51
„Реализмот што е ограничен со крајот на својот нос е поопасен и од најбезумната фантастичност, затоа што е слеп.“ - Ф. М. Достоевски

Мислење 12 Окт 2010, 00:08

Kолку чини јогата?Jас иам слушнато дека многу се чекало за да почнеш...Aко оди некој и е информиран во врска со ова нека ми пише
позз
Аватар на корисникот
JuLleE

Жолто цветче
 
17433314
Мислења: 1284
Зачленет: 15 Јан 2010, 05:30

Мислење 16 Ное 2010, 12:17

Јас почнав да одам кај една интрукторка која учела во ирска со професори кои биле на пракса во индија по 10-20 години барем така таа кажуваше.Ама се гледа дека ја бива.Само бидејќи има многу групи само двапати неделно одам и само една група е за почетници и веќе е полна, другите сите оделе по 2-3 години.За почеток стварно сум задоволна,вечерно време ми е часот и кога си дојдам одма си легнам и многу убаво се чувствувам, онака имам многу лесен сон и забележав дека воопшто не се будам сега во текот на ноќта,еве баш вчера бев и сабајлево станав полна со енергија и живост.Јас лично почнав да одам бидејќи имам многу болки во грбот и вратот и често ме боли главата,сакав да се релаксирам и да станам поеластична,целта не ми е да ослабнам туку да бидам посмирена и поздрава :)
Аватар на корисникот
1209

Зелено цветче
 
4991542
Мислења: 671
Зачленет: 01 Авг 2010, 22:01

Мислење 16 Ное 2010, 12:38

Има некој информации за часови јога часови во Струмица ?
Инаку баш би сакала да пробам...
Аватар на корисникот
blond

Жолто цветче
 
33453179
Мислења: 1926
Зачленет: 24 Сеп 2010, 10:11
Слика

Мислење 16 Ное 2010, 13:53

blond напиша:Има некој информации за часови јога часови во Струмица ?
Инаку баш би сакала да пробам...

http://yoga.org.mk/jc10.htm
Еве Блонд, информирај се на линкот. Убаво е и за тебе и за бебушот :*
Аватар на корисникот
LivingGlam

Жолто цветче
 
457511668
Мислења: 2070
Зачленет: 28 Сеп 2010, 14:51
„Реализмот што е ограничен со крајот на својот нос е поопасен и од најбезумната фантастичност, затоа што е слеп.“ - Ф. М. Достоевски

Мислење 16 Ное 2010, 14:01

Курсеви за бремени жени нема во Струмица :( :( :(
Аватар на корисникот
blond

Жолто цветче
 
33453179
Мислења: 1926
Зачленет: 24 Сеп 2010, 10:11
Слика

Мислење 16 Ное 2010, 14:13

blond напиша:Има некој информации за часови јога часови во Струмица ?
Инаку баш би сакала да пробам...

Блонди побарај на ју туб има вежби за јога. Па ако веќе нема курс во Струмица ете сама можеш да си вежбаш, побарај јога за бремени жени и ќе си вежбаш во домашна атмосфера. :)
Аватар на корисникот
Lacrimosa

Жолто цветче
 
1795858
Мислења: 1410
Зачленет: 19 Јул 2010, 02:50

Мислење 16 Ное 2010, 14:23

Не мора обавезно да е курсот за бремени жени. Кај нас нема специјални курсеви, па баш имавме една бремена колешка, професорот и’ кажуваше посебно кои вежби да ги работи. Можно е да се прилагоди, не сум сигурна за во Струмица, но јави се и прашај. А можеш и од ЈуТуб, само внимавај, не прави веднаш комплицирани вежби ако нема никој до тебе, немој на глава да застанеш :) .
Аватар на корисникот
LivingGlam

Жолто цветче
 
457511668
Мислења: 2070
Зачленет: 28 Сеп 2010, 14:51
„Реализмот што е ограничен со крајот на својот нос е поопасен и од најбезумната фантастичност, затоа што е слеп.“ - Ф. М. Достоевски

Врати се на Фитнес

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Keryy и 12 гости

Site Meter