Аха конечно еве прочитав и кај нас конечно. Во Ребис започнува пријавувањето за танцување на шипка http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =1&theater Стриптизот станува се поактулен како фитнес, зајакнување на мускулите, зајакнување на целото тело. Познати холивудски ѕвезди го актуелизираа, многу жени без табу кажуваат дека вежбаат стриптиз, а и некои си ставаат шипки дома. Би вежбале?
За ова богами треба огромна сила и спретност, ама затоа пак буквално секое мускулче од телото се активира. Не сум знаела дека постои вакво нешто...Интересно
Уф јас би пробала дефинитивно, чисто поради мене. Треба доста сила за да се изведат овие движења. Одамна се актуелни по странство, само "ѕвездите" што го практикуваат ова најчесто го експонираат на тв, што со оглед на тоа дека сме поконзервативно општество ова се сфаќа во многу негативен контекст Би си ги чувала овие движења за себе, па може и би му го разубавила денот на "лепотанот" ако е фин
Ај да видиме во Македонија кој ќе се осмели Јас искрено не Во светот знам дека е многу актуелен и доста практикуван начин на слабеење и зајакнување на мускулите. Интересно изгледа, ама ми се чини не е воопшто лесно.
Јас би се осмелила, за вежбање било што сум прва. Е сега, чим е во Ребис, не верувам дека месечна чланарина е под 1200, што баш и не ми одговара.
Јас и една другарка се запишавме на 5 неделен курс пред три години некаде беше. Идејата за мускулатура, за забава и разонода,ама да се забавуваме повеќе отколку да се стегнеме, немој дека ќе ставаме шипки дома?! Отидевме два пати и толку, немавме сила за повеќе дртави, ама најстари бевме во цел клас па доста е и толку. Ај после решивме на тај чи! Дека некој ќе крене веѓи тоа сигурно, мене ме зајбаваа колешките кога се запишав, ууууу мори знае ли маж ти што го чека дома ние западњаци демек не сме толку конзервативни.
Малку ќе ве корегирам, танцувањето на шипка нема никаква врска со стриптиз или секс туку е мешавина на танц и гимнастика. Во Индија е национална дисциплина (таму е повеќе гимнастика него танц) каде се изведува од мажи. Тоа што стриптизетките ја користат шипката во нивните настапи не значи дека сите кои користат шипка се соблакаат. Во танцувањето на шипка (pole dancing) нема никакво соблакање туку е исто како да одиш на зумба или аеробик . Еве неколку видеа од шампионките Jenyne Butterfly и Felix Cane да видите колку е спортот односно дисциплината убава за око и плус бара феноменална физичка спремност и грациозност од натпреварувачките . http://en.wikipedia.org/wiki/Pole_dance http://www.youtube.com/watch?v=waIuhfoTMv8 http://www.youtube.com/watch?v=XMusZDgF ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=aX5uhg3H ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=obC7vjVc ... re=related
Да бев полнолетна и ситуирана, би пробала зошто не? Сепак, како што кажа ИксМен, тоа нема врска со секс, вежбање е. Интересно изгледа, а и за мускулите е добро.
Ај сега не ме терај да порачам шипка на нет, да ја ставам во спална, не за друго, туку чисто за да изведам експеримент дали нема ништо во врска со стриптиз и секс Па ќе го прашам маж ми(кој не е од индија па шипката да го асоцира на национална гимнастичка дисциплина ) да си каже што мисли, има врска или нема
´ За такво нешто не ти треба шипка почни балет или зумба или аеробик да му играш и почни да се соблакаш исто ќе реагира ама тоа нема врска со играта ниту со шипката туку со тоа што ќе бидеш гола пред него .
Не е ова никаков стриптиз бе ццц Значи народ.. Денеска ако сакаш да му продадеш нешто доволно е само во сексуална конотација да го ставиш -.-
Ако сака девојката има големо ДА од мене.Ова отвора сосема нови можности за поцврсто тело,подобра физичка кондиција и дефинитивно поинтересен секс.Замисли секс на шипка.Пошо секоја програма започнува со загревање,типот ја брка типката по вертикала за лиз.Ондак следува класичниот одмор од 30-45сек. измеѓу сетови,па типката возвраќа. За doggy на шипка дури би одел на варијанта поставување на 2 шипки.Она на едната,јас на другата. We're floating in space,honey.Слушаш у позадина Bowie пее"Ground control to major Tom",или Chopin&Co за уметнички дојам.Права ствар.
Интересно не викам не. Нема ништо срамно од тоа да си танцуваш на шипка, се додека не се раслечиш гола и те собере некој замрсен елоквентен господин. Би се вртела на шипка, чак и слики после ќе ви доставам
Нешто што Кармен Електра го изведува и за кое издаде и ДВД со вежби, е Стриптиз аеробик http://zamunda.net/details.php?id=6712&hit=1 Можеби не е оригинален танц на шипка, но е еден вид едукација за стиптиз оформено тело.
Бил некој во Ребис на ова? Како што прочитав на интернет оделе девојки од 20 до 30 години. Јас би пробала, само претходно би сакала да слушнам нечие искуство, што е, како е итн.
е и јас се мислев нема што искуство, тоа што гледаме тоа е, туку мора да се проба само предходно добро да се разгибаме
Леле конечно нешто вакво и кај нас многу ми е криво што дознавам толу касно.задоволни ли сте девоји ептен сум заинтересирана какви резултати имате тешко ли е интересно ли е?
Ја коа ја видов таа стриптизетана коа бев у стриптиз, коа се качи до горе, па со главата надоле и превиткани нозе почна да се спушта, а шипката долга 20 метра, затворив очи од страв да не лупне на глаа, да не си ја распука, или евентуално тој силиконот од града Никогаш, мил ми е животот Опасно е ова,жими се!