Вака девојки....зодна сум,висока ....сакам да си го зацврстам телото почнав да вежбам ама незнам како најдобро да си го зацврстам телото поточно незнам како со исхраната и во кој дел од денот е најпогодно да се вежба...ви благодарам
најдобро е да се вежба наутро и да не јадеш пред легнување инаку стомачни тегови и пилатес за зацврстување моја другарка пак практикува трчење да не јадеш пред легнување
за појадок нема некој поспецифичен рецепт- сирово овошје најубаво би било рецептот е- за ручек- 2 јајца се варат, салатата се сецка на ситно, не се додава зејтин, малце сол по вкус(кој како ја преферира) за вечера се зема 100 грама месо, се вари, се земаат 2 компира и 1 морков,и ги вариш и нив! одкога месото ќе се свари, се сервира во чинија, и се декорира со секцани компири и морковче, и за крај може да се напиете една цедевита! вака х15 дена + фитнес и мислам дека убавото тело нема да ти избега (диета и фитнес најубава комбинација)
Дечки да си прашам Слаба сум доволно, немам проблем со тежината освем може два-три килца да ми фалат. Одам на фитнес за зацврстување на телото. Е сега, сакам да имам оформено тело, не мускулесто туку соодветно обликувано. Дали освен фитнес има друго решение, колку фитнесот треба да се практикува ( колку време и отприлика колку пати неделно ) и дали може телото да ми стане не мускулесто туку онака убаво обликувано ? Ако ме разбравте што сакам да кажам
Pink јас мислам да идеш на пилатес ако сакаш, тоа убаво ќе ти го истонира телото, и ти ако не сакаш мускули не мора да правиш многу стомачни да дигаш тегови, тоа сигурно не го правиш нели Можеш да се запишеш на некоја боречка вештина, ако те интересираат на пример како карате или можеш онака да џогираш или трчаш за викенд.. И една меѓу најбитните работи да се храниш правилно. Да внесуваш доволно количество на витамини, минерали и белковини а да гледаш да не внесуваш големо количество на масти и шеќери ( мислам на оние од чоколадите, колачите - шеќерите што се природни од овошје на пример, слободно јади си ) Значи треба да имаш правилна исхрана, да не јадеш многу брза и сува храна, да јадеш манџи, супи, овошје и зеленчук ( нашол кој да збори. ) да не јадеш премногу или премалку и кога ќе ти текне, да не јадеш храната премногу зачинета, пресолена, презагреана и слично. И внесувањето на ПРЕмногу витамини може да доведе до хипервитаминоза што е заболување што се јавува при внесување на премногу витамини во телото што може да доведе до некои лоши и непосакувани ефекти, и исто не треба да внесуваш ПРЕмалку витамини затоа што и тоа може да доведе до авитаминоза - друг вид на заболување што се јавува кога внесуваш премалку витамини и исто резултира со разни непосакувани ефекти. Разбра нешто, така? Извини за рефератов, ама се надевам дека ти помогнав.
па за 2 недели со сигурност 4 кила ќе стопиш и не мора баш исто! еден ден спанаќ, манџа итн имаш диети овде, побарај си некоја убава
да јадеш здрава храна,да трчкаш покрај вардар (за Скопјанците), да вежбаш на сабајле кога ќе станеш да се разгиба телото,ама да не јадеш чоколада
Се зависи од метаболизмот,јас порано јадев што сакам, и колку сакам, не качував ни килце. Со годините метаболизмот забавува и оп еве ги килограмите. А да вежбам , па што знам , не сум тој тип. Не е на одмет здрава храна нормално.
За убав изглед секако треба многу да се внимава на исхраната , кога јадеш многу можеби нема моментално да ги качиш килограмите и си велиш , е што убаво си јадам колку сакам и пак си имам убаво тело , но верувајте дека подоцна секако ке ги согледаш резултатите. Тоа го зборувам од искуство. Наутро си јадам нормално и од ручекот, благо никако, само избегнувам да вечерам и секако практикувам фитнес , резултати има , ама секако треба многу упорност.
Recept za ubavo telo jadenje normalno-(pojadok rucek, vecera i 2 uzinki)zdrava hrana, moze i malku blagicko dava energija vezbanje, pesacenje, djoging, trcanje sekako 3 pati vo nedelata po 30 minuti koristenje na anticelulitni tretmani-onie za razgraduvanje na masnite maslagi, i za celulit-koja gi nema blazese i [mod-kirilica:2em54ew8][/mod-kirilica:2em54ew8]
http://www.bodyrock.tv/ На овој сајт девојката секој ден дава нови вежби. Кажува како да се изведуваат правилно и кажува како да се прават ако си почетник. Целта на вежбите кои почнаа од вчера е спремање за да изгледаш убаво до лето. Навистина е супер. И навистина помага. (Ако не друго барем видете ја девојката каква е, веб страната и е оддамана и можете да видете како и се менува телото. И да не заборавам ова е девојка која порано имала мн кг. (да не речам била дебела ) Ова во комбинација со Диета „5 фактори“ што ја има на фемина во диети и фтнес е совршена комбинација. Тоа е мојот рецепт за убаво тело.
Знаете кој е мојот рецепт за убаво и посакувано тело? Потребно : две кила мотив, кило инспирација, пола кило зацртана цел, одредено време во зависност од целта која што сакаш да ја постигнеш , определени денови и час во една седмица и избрани различни вежби за деловите кои сакаш да ги обликуваш за сите денови и пет кила верба и надеж и неограничени кила забрането помислување на неуспех. Подготовка: пет дена во неделата пред вежбањето загревање, по можност трчање 5 минути во место, растресување и растегнување и ги мешаш тие состојките кои ти се потребни, ги правиш избраните вежби мотивирајќи се со целта која сакаш да ја постигнеш неразмислувајќи на неуспех. Редовно вежбање и следење на твојот успех редовно и со постигнатите резултати се поттикнуваш понатака и понатака . Без откажување, без ГОЛЕМИ количини на мрсна и калорична храна. Има многу начини како на природен и здрав начин да и одолееш на храната , а од омилената храна не мора да се лишуваш, јади ја полека и во помали количини , убаво изџвакај ја и нема да ти штети. Се на се овој е мојот рецепт ако сакаш примени го , ако нешто те интересира дополнително прашај слободно
Да се родиш убав(а), животот да ти е исполнет со убави моменти и случувања,да си опкружен секогаш со луѓето кои ти значат,малку спорт и рекреација,да не си премногу самокритична и добра,лесна,здрава храна. ЕКСТРА КОМБИНАЦИЈА
Здрава и разновидна исхрана, зачинета со секојдневно физичко разгибување (немора тоа да биде 50 минути фитнес вежби и сл.) ВОДА многу ВОДА и убавото тело е пред тебе (кога ќе се погледнеш во огледало нормално )
епа јас сум малку слаба...би сакала да покачам уште 3-4 кила...ама како кажете ми некој начин ве молам