Зимава два пати неделно,за викенд- тенис 1 час, пред некој ден се вратив од скијање , секој работен ден пешачам по 1 км , но сепак треба повеќе да се вежба
4 пати неделно,некогаш станува досадно,али тоа ти дава бенефиции на долг рок,излежавањето е убаво во моментот,но немаш корист од него.Вежбањето ви ја подобрува физичката спремност,самодовербата,здравјето,се чувствувате подобро и изгледот ви трпи позитивни промени,а ако не трпи позитивни промени,бар го стагнира таложењето на масти и опаѓањето на мускулите кое е резултат на годините.Затоа вежбајте и не бидете мрзи
На секој втор ден вежбам..не дека имам некоја голема потреба ама по 1 час вежбање 5 пати во неделата на никој нема да му пречи.Само ќе му помогне да се чувствува по убаво по здраво и со повеќе енергија. Секогаш правам најразлични вежби за цело тело! И нели, најубаво е кога ќе приметиме дека имало резултат...
Три пати неделно по еден час ми е сосема доволно. Со тоа што, на пилатес опфаќаме вежби за целото тело. Понуваме од вежби за нозете и рацете, продолжуваме за стомакот и струкот и завршуваме со задникот и грбот. И после сум како препородена. Секој атом на негативна енергија е успешно исфрлен
Никогаш не сум можела да вежбам дома. Неколку пати и се откажував. Затоа веќе месец дена вежбам 3 пати неделно во теретана. И продолжувам. Има резултати и убаво се чувствувам.