AnaKarenina напиша:Сега правам два месеци пауза, заради обврски со испитни сесии, ама здравје од февруари планирам пак да почнам. Прв пат на пилатес отидов лани, по препорака на другарка и одев се до летниот период кога паузираа со часови. Па наесен почнав пак.
Има ефекти, не само за зацврстување на телото, туку и ослободување од стресот. Се чувствувам толку олеснето кога ќе дојдам дома после часот. Одам три пати неделно и плаќам смешна сума од 700 ден. А и многу сум задоволна од инструкторката. Постојано не набљудува дали правилно ги правиме вежбите, затоа што инаку не би имало ефект. И ни препорача во шишенцата со вода што ги носиме, да ставаме неколку капки лимон, за побрзо да се топат маснотиите
Каде одиш на пилатес?






.



