Спорт над спортовите!
Овозможува соодветен развој на сите мускулни групи , се подобрува дишниот капацитет ,срцевата работа..Нема систем за кој не е полезен овој вид на спортска активност.
Би било фантастично кога би ни обезбедиле соодветни услови за практикување на пливањето ,како во летни така и во зимски услови ,не само да чекаме да дојде лето за да ги искусиме благодетите на овој спорт!
Јас научив да пливам уште кога бев многу мала ,сосем спонтано ,пливав со мускули краток период и после ги вадев кога ќе се оддалечев од очите на моите домашни ,и уште ги памтам како се кострешеа од плажата и скокаа по мене за да не се удавам
А ваму мене добро ми одеше ,побрзо би се удавила со гума додека си ги правам омилените акробации отколку без неа или било кое друго помошно средство.
Најчесто пливам комбинирано - машки ,женски ,грбно , ете летово ја совладав и пеперутката ,да се пофалам
Никогаш не одмарам со лежење на вода ,туку пливам по кучешки ,како што би се рекло

Доги стајл
Штом видам водено пространство ,нешто однатре ме тера да влезам што побрзо ,и мене како на Тајгерлејди ми се прават филмчиња за сирени и се опуштам целосно ,правам што ми е драго и возможно и не се плашам да заминам што подалеку од брегот.
Всушност ,тука лежи возбудата
Еднаш кога ќе влезам во вода , излегување - по неколку часа!
Мора да ме собираат насилно

тие што се со мене ако случајно сакаат да прават друга активност надвор од вода ,која би ме вклучувала мене
За жал ,кај нас нема затворен базен и којзнае дали ќе изградат во догледна иднина...
Затоа го користам секој скапоцен миг кога сум на одмор или на базен за да се изнапливам и милината да ми трае до наредното лето!
