Женски ми треба еден совет, дали е доволно да се вежба пола сат на велосипед секој ден? Јас не сакам да ослабнам или нешто но сакам да се зацврстам малку и дали може некој да ми каже за колку време може да се видат резултати? Фала ви премногу
Па доволно ќе е пола сат ама да не биде тоа возењето на удолница Одбери си добар терен, што има блага нагорна патека
Со возење на велосипед кои мускули ги развиваме само на нозете ли ?? Има ли корист при стомачни мускули за возење ке возам само да не вежбам дома или пак сега се така силам
jas mislam deka zavisi za sto ti treba pola saat vozenje tocak ako e za kondicija togas mozes a inace za da se sategnes e premnogu malku pola saat maksimum do 1 saat ili 2 haha a inace se zategaat samo nozete barem spored mene ako ne etaka slobodno neka me porpavi nekoj a za stomakot samo vezbi , izvnisi so te razocarav ama taka e i mene mi treba ama slabo hahah
Велосипедот е идеалното решение кое ќе ви помогне да се вратите во форма.Додека возите велосипед, постојано, со секое движење ги вежбате вашите нозе, што е совршена вежба со која се стигнува до мазни, слаби нозе. Па доволни се 30 минути , почни секој ден со возење ќе видиш дека со текот на време ќе можеш и повеќе да издржиш
Зависи колку располагаш со кондицијата. Не можеш од почетокот, незагреана, да возиш два часа без престан. Постепено, 20 минути, 30 минути, еден час, два часа и така натаму. Јас пред некој ден се качив на велосипед демек ќе возам, а како што немав кондиција, одвај два пати свртев.
Пола сат на велосипед доволно или не? Со возење на велосипед се зацврстуваат листовите и бутниот мускул, додека пак помага во слаабење на мускилите од долнот дел на стомакот, ако возиш 2часа по 5км трипати неделно. (не по удолници )
Пола сат на велосипед доволно или не? Море, јас денеска што убаво си се изнавозев точакот, не пола саат, саат ипол возев, а не ни приметив кога брзо помина. Искочивме на кеј со другарки, уз муабет, уз смеење брзо поминува време. Најубаво појдете со другарки и нема ни да забележите колку сте извозиле.
Пола сат на велосипед доволно или не? Одличен начин за затегнување на мускулите на нозете - цело детство го поминав на точак и сега само на нозете имам мускули, симпатични не од оние ептен што се. Сега пак седнувам на точак, сончеви се деновите, ни преладно, ни претопло, таман за возење крај кеј. А воедно и вежбам на Орбитрек. И девојки има солидни резултати. Не дозволувајте да не го вежбате ако ви седи дома.
Рекреативно возење со велосипед Здраво девојки,би сакала малку да подискутираме за рекреативно возење со велосипед.После прочитани статии,разгледување на различни калкулатори за согорување на калории,сметам дека рекреативниот велосипедизам е навистина добар за здравјето,бидеќи ги топи мастите, го зацврстува телото,ги обликува и зацврстува нозете и поволно влиае на кардиоваскуларниот систем. Пред некој ден ми кажаа дека во Прилеп(јас сум од ПП) за 1 месец треба да почне рекреативно возење,сеуште не знам детали(нешто околу 10ден за едно возење мислам),но сериозно размислувам да се приклучам(бидеќи време е да се спремаме за на плажа )инаку вежбањето не ми е јака страна. Па што мислите вие за ваков вид на вежбање/спорт?
Рекреативно возење со велосипед Дефинитивно ДА. Возењето велосипед, па макар и рекреативно е брз начин за согорување калории, а да е поинтересно, ефектите се гледаат на цело тело, а не само на нозете . За возењето во Прилеп, стварно немам појма, ама ако имаш шанса, приклучи се, нема да зажалиш .
Одвај чекав да заврши зимата за да почнам да си возам Ем е интересно, ем го затегнуваш телото и се чувствуваш подобро. Мој совет е ако сакате повеќе мускули да го зголемите отпорот на велодиспедот, мене така ми беше на најголем отпор еднаш наместен и се чудев оти толку тешко возам И другиот ден многу ме болеа мускулите, ама е многу корисно Од другата недела почнувам да возам
Мислам дека е доволно затоа што со самото возење на точак по пола саат ти се зацврстуваат половично стомачните мускули тоа е докажано медицински а резултат ќе имаш во рок од 20 дена
Јас веќе почнав да возам велосипед и тоа гледам што е можно повеќе да го користам. Возев во петокот знам едно 20 километри и воопшто не бев заморна, ми беше интересно и самото возење. Лани само возејќи велосипед ослабнав 3 кила
Со возење велосиепд,загарантирано се зацврстуваат мускулите на нозете,на бутот,на задникот,на рацете и на долните стомачни мускули.Кај мене имаше резултат,а сега вежбам аеробик вежби во домашни услови и сум презадовоооолна.
јас почнав од април да возам редовно ,ама имам 80 кг а висока сум 180.Времето малце ме зезаше па не возев секој ден ,сега планирам секојдневно да возам по 20-25 км ( до работа и назад),убаво се чувствувам со храната исто јадам , ама целулитот и кг не ми се намалуваат или па уште е рано вака луге ми викаат сум ослабела ,вагата не се симнува !!!не знам како си успеала ти да немаш вишок и колку си возела!!