Режим за топење маснотии

Дискусија во 'Фитнес' започната од StefChef, 11 јуни 2013.

  1. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Во оваа тема сакам да ве запознаам со градење на убаво тело и митовите околу вежбањето со отпор и сила.Исто така ќе ви дадам основа за исхраната и како да се тргнете од кругот сакам да ослабнам ќе идам на диета.
    Направи го животен стил и засекогаш тргнете ја борбата со килограмите и добијте го вашето посакувано тело.
    Генерално ги следам трендовите за фитнес за жени и морам да кажам дека секогаш не го даваат правилниот одговор.

    Тоа е затоа што што и да почнете ќе добиете резултат,без разлика каков режим и да почнете и после 3 месеци телото се адаптира,па вие барате милион одговори и јас ќе ви го дадам правиот одговор.
    Да почнеме.За убаво тело е потребно 3 работи да знаете вежбање,исхрана и активност од овие 3 работи исхраната дава 70% од резултатите другите се алатки кој се користат според инвидуалните цели.
    Исхраната е битна затоа што се што ќе ставите во уста се гледа во вашето тело,без разлика што и да почнете да правите со вежбањето без да знаете што ставате во уста не може да почнете да вежбате и да слабеете ефективно.

    Постојат 4 макро нутриенти што нашето тело ги метаболизира и тоа:

    1.Јаглехидрати
    2.Протеини
    3.Масти
    4.Алкохол
    Запознајте се со терминот калорија и тоа е количество енергија што е потребно да се загрее водата за 1 степен целзиусов.
    Од сите макро нутриенти најголема енергија по грам дава мастите 9 калории по грам,Алкохолот 7 калории по грам и протеините и јаглехидратите 4 калории по грам.
    Колку калории ми се потребни дневно за да ја одржувам тежината.

    Дознајте на калкулаторв но генерално помножете ја вашата тежина по 25-30 калории и добивате една бројка што ви кажува колку ви се потребни калории за одржување.
    http://www.atletiks.mk/vesti/ostanato/104-kalkulator-na-kalorii

    Што треба да знаете за макро нутриентите?
    Нема да идам во премногу детали зашто и како се потребни ќе ви пратам линкови од тоа што сум пишувал да се запознаете со секој макро-нутриент.
    Јаглехидратите и нивната улога во нашето тело.
    http://www.atletiks.mk/ishrana/zdravahrana/100-jaglehidrati
    Квалитетот на протеините и зашто се потребни
    http://www.atletiks.mk/ishrana/zdravahrana/183-makro-nutrienti/218-koj-se-kvalitetni-protein
    Улогата на мастите
    http://www.atletiks.mk/component/content/article/95-aktuelno/153-masti-nivna-uloga
    Прочитајте ги прво и запознајте со основата за макронутриентите,сега да дадеме колку треба да внесувате дневно за градење на убаво тело.

    1.Јаглехидрати

    Јаглехидратите се потребни за интензивен тренинг без нив мускулите ќе почнат да се согоруваат.
    Ако почнете со интензивни тренинзи јаглехидратите се неизбежни и препорачаната доза за јаглехидрати е 50 % од дневните потреби.
    Добри извори на јаглехидрати се сите житарици,интегрален леб,овошје,зеленчук,мешунки.

    2.Протеини

    Протеините се градбени материјали на нашето тело,ние сме создадени од протеини и без протеини нема живот.
    Горе пишав кој се квалитетен извор на протеини,а тоа се животинските бидејќи се комплетен протеин.
    За веганците и луѓето што не сакаат да јадат месо имаат млечни производи,јајца,киноа,чиа,хељда,коноп.
    Но запомнете дека протеините од животинско потекло секогаш се подобри од растителните протеини за добивање убаво тело.
    Препораката за протеини е 2 грама протеин на секој кг и ако ме прашате зашто ќе ви дадам и за тоа одговор.
    Кога вежбате интензивно тие мускули треба да се поправаат,а бидејќи се зголемува протеинската синтеза на телото му се потребни повеќе амино-киселини за да ја извршат оваа активност.
    Ова не важи за луѓето што не се активни затоа што тие можат сосема доволно да земаат и 1 грам протеин на секој кг.
    Така да девојка од 50 кг треба дневно да конзумира 100 грама протеини.

    3.Мастите

    Мастите се потребни за одржување на хормоналниот баланс во телото,здравјето на метаболизмот и подобрување на когнитивните функции и меморијата.
    Знаете дека ако конзумирате омега 3 може да станете попаметни?
    Препорачаната доза на масти е зависи до целта,инвидуално е но бројката не треба да е помала од .5 грама на секој кг,затоа што ве афектира психички и не можете да функционирате нормално.
    Мастите освен што играат улога во процесот на градење на убаво тело,ви даваат ситост и го афектираат вашиот сексуален живот.
    Ако немате желба за секс тоа значи дека не конзумирате здрави масти.
    Горе ги пишав кој се тие но еве пак:маслиново масло,масло од репка,ленено семе и сите семки,кокосово масло и во ограничени количини путер,јајца и сите животински масла.

    Конструирање на вашиот режим за топење маснотии.

    Земаме 60 кг девојка која е средно активна и одвојува 3-5 часа за вежбање дел тежински,дел кардио вежби.
    На таа девојка и требаат некаде од 1700-1800 калории дневно.
    Препорачано губење на килограми е 20% од дневните потреби или во превод тоа се 1500 калори секој ден.
    Со ова може да очекувате губење на масти од 0.25 кг до .5 кг неделно.
    Разликата помеѓу губење масти и килограми/
    [​IMG]

    Од тие 1500 калории 50 % одат на јаглехидратите или 750 калории/4 = 188 грама јаглехидрати.
    Бидејќи девојката е 60 кг и сака да ја одржува мускулатурата а сака да изгуби маснотии и требаат некаде околу 80-120 грама протеини.
    Земаме 100 грама протеини или 400 калории вкупно одвоени за протеините.
    Останатите 450 калории или 50 грама одат за мастите.
    Сервис кој нуди следење на калориите е :
    http://www.myfitnesspal.com/
    На почеток ќе ви биде тешко да го разберете но резултатите ќе ви го дадат тоа што вие го сакате топење масти и одржување мускулатура.
    Во дел 2 зборам за како со вежбање одредени вежби ќе ја задржите мускулатурата и ќе топите маснотии.
    Тоа се истите термини како дефиниција,обликување,тонирање само маркетинг реклами за полесно да се разберат.
     
    На KidA, okcenzi, Софија... и 4 други им се допаѓа ова.
  2. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Ти давам рака! :) Имав некои прашања а сега не ми текнуваат :x :D Кога ќе се сетам веднаш те прашувам!
     
  3. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Јас си имам свој режим и многу лесно си ги симнувам килограмите доколку приметам дека сум ставила нешто вишок. Го заменувам белиот леб со црн кој е побогат со растителни влакна, зелен чај обавезно неможам да си го замислам денот без него. Е сега наутро секогаш појадувам може и да е по обилен појадокот затоа што ми е потребно енергија , а за ручек и за вечера не јадам повеќе од едно рибанче леб ама затоа обавезно јадам салати и да не заборавам земам витамин ц за да го забрза метаболизмот и за еден месец симнуваш два килограми без никакви напорни диети :)
     
    На IamSexyAndIKnowIt, The.Pink.Angel и Actress им се допаѓа ова.
  4. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Мххм да се согласувам со ова и мислам дека сите веќе го знаеме јас сум доказ дека функционира во практика
    Единствено не се сложувам овде
    Не АЛКОХОЛ- ВИТАМИНИ се четвртите :!: можеш да провериш во учебник по биологија за 3та година или на википедија ;)
    Алкохолот воопшто не е нутриенит бидејки нели човечкиот организам има способност нутриентите да ги претвора едни во други со цел да ги искористи за енергија е сега алкохолот во што би се конвертирал- во витамини да не случајно :?: :?:
    Како и да е консултирај си ја книгата по биологија за 3та година ке ти стане појасно :*
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Витамините и минералите са микро нутриенти,макро значи големо.
    Алкохолот се апсорбира многу брзо преку два процеса имам и напишано статија за тоа.
    http://www.atletiks.mk/component/co...ng/171-dejstvo-na-alkoholot-kon-topenje-masti
     
  6. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Витамин Ц не игра улога во забрзување на метаболизмот.
    Витамините Б играат улога,но генерално математиката е колку калории ќе внесеш и колку ќе трошиш ќе каже каде тој баланс ќе иде.
    Ако трошиш повеќе отколку што конзумираш ќе губиш тежина.
    Ако внесуваш повеќе отколку што трошиш ќе складираш масти.
     
    На SwanMay му/ѝ се допаѓа ова.
  7. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    мхм да гледам дека не се разбираме; јас не велам дека витамините се макро макро, велам дека алкохолот не е нутренит( да има улога во давање енергија на организмот но не е нутриенит) и зборувам не од мои статии или слични нет глупости туку од знаење, т.е. научени лекии по биологија за што во секои момент можеш да ја отвориш книгата по биологија за 3та година и да провериш
    Како прово да ти ја корегирам статијата бидејки Тестостеронот е машки полов хормон кој ги дава повеќето машки полови карактеристики, значи тој влијае на сите примарни и секундарни полови карактеристики а не
    на брзината на метаболизмот
    и тоа исто како и нутриенти го имаш во книгата по биологија, читни ја па ќе разговараме а не вака јас да ти докажувам нешто врз основа на некоја твоја статија во која под прашалник е ставена и релевантноста на податоците или стави некој веродостоен извор на податоци
    Ако грешам јас ќе си ја признаам јас не сум нутриционист туку ја споредувам твојава статија(статии) со лекциите кои ги напишале некои доктори на науки, а притоа наидувам на противречности
     
  8. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Тестостеронот го има кај мажите и кај жените.
    Разликата е во тоа што дел од тој тестостеронот кај жените се конвертира во естроген,а жените исто така имаат минијатурно достапен тестостерон.
    Тестостеронот кај жените игра улога во желбата за секс и девојките што имаат помалку тестостерон имаат помала желба за секс.
    Тестостеронот е да машки хормон кој кажува колку % мускули ќе добиеш.
    Затоа луѓето со повеќе тестостерон имаат повеќе мускулна маса и побрз метаболизам.
    Исто така тестостеронот е клуч за подобрување на инсулин сензитивноста и кај мажите и кај жените,а повеќе тестостерон се добива со дигање тежини,што не значи дека ако дигаш тежини ќе станеш како маж,баш спротивно ќе имаш убаво обликувано,цврсто и феминизирано тело.
    За алкохолот си права и нутриент се дефинира како есенцијален за живот,а алкохолот не,сакав да кажам дека дава енергија.
    А тоа што го кажав за мускулната маса е баш така,освен што ќе добиеш повеќе мускули ќе трошиш повеќе дур седиш.
    Затоа е побрз метаболизмот но не за многу да речеме за секој кг 10-20 калории повеќе.
     
  9. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    http://www.kafepauza.mk/zivot/15-nachini-za-zabrzuvanje-na-vashiot-metabolizam/

    12. Повеќе витамин Ц
    Витаминот Ц и калциумот се „партнери во криминал“ кога станува збор за брзината на вашиот метаболизам. Калциумот го забрзува метаболизмот, додека пак витаминот Ц му помага на телото при апсорбирање на минералите со што се создава победничка ситуација.

    Игра и тоа голема улога ;)
     
    На Gordana10 и feminium им се допаѓа ова.
  10. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Витамин Ц се складира во мускулите да но нема никаква метаболичка улога и предност да се конзумира.
    Освен за антиоксиданситативните својства не гледам зашто би земал витамин Ц.
    Повеќе инфо за што има ефект витамин ц
    http://examine.com/supplements/Vitamin C/#main_clinical_results
    Друго калциумот игра улога во градење на коските.
    http://examine.com/supplements/Calcium-D-Glucarate/
    Како што кажав единствени витамини што би го забрзале метаболизмот се витамините Б,затоа што играат улога во метаболизирање на протеините,јаглехидратите и мастите.
    Тоа што вистински го забрзува метаболизмот е активноста и особено интензивните активности како дигање тежини,интервално вежбање,вежбање во камп,кружен тренинг.
    Тоа е затоа што периодот после вежбањето телото бара повеќе енергија за закрепнување од физичкиот стрес и за тргање на млечната киселина од телото.
    Плус се зголемува протеинската синтеза и додатно без никаква активност вие согорувате 100-200 калории повеќе зависно до тоа колку имате мускулна маса.
    Сега ќе ви ги конкретизирам вистинските начини да го забрзате метаболизмот:
    1.Внесувајте доволно протеини.
    Протеините освен што се апсорбираат бавно,имаат и термички ефект од 25-30 % што значи дека за секој грам протеин внесено на нашето тело му треба 25-30 % да ги дигестира тие протеини во амино-киселини.
    Препорачана доза за протеини е 1-2 грама протеини зависи до интензитетот и спортот што го правите.
    2.Имајте оброци за мамење
    Да ме чувте ако сакате да ослабнете имате 1 оброк неделно каде што вие си го одбирате што сакате.
    Сметајте го како награда за вашиот труд вложен.
    Што правите со тоа?
    Го подигнувате нивото на хормонот лептин,кој освен што кажува дека ти е доволно од храната го контролира и метаболизмот.
    Повеќе лептин=побрз метаболизам.
    3.Вежбајте со интензитет но не претерувајте.
    Вежбањето со тежини или со сосптвена тежина треба да ви биде приоритет.
    За разлика од кардио вежбите,вежбањето со тежини гради мускули,додека кардиото ги разградува и мускулите,мастите и јаглехидратите.
    Не велам да не правите но ставете го во умереност.
    4.Запишувајте си го прогресот и имајте слики и кажувајте им на вашите пријатели за тоа што сакате да го постигнете.
    Не е само исхраната и подршката е голема работа ако имате пријатели што ве ценат,кажете им што правите сигурно ќе ве разберат и кажувајте им да ве прашуваат од време на време.
    Тоа ќе ви ја подигне мотивацијата и вие ќе вежбате повеќе и погодете што повеќе согорени калории.
    Благодарност до линкот,али девојката има завршено психологија,нема основа за нутриционизам и основа за физиологија на вежбањето.
     
    На KidA, SwanMay и okcenzi им се допаѓа ова.
  11. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    А чекај малку ќе ни кажеш конечно кој си ти или само ќе замараш со не веродостојни и не точни податоци за кои веќе ти кажав дека се косат со лекции кои ги напишале доктори на нуки или статииве од феминката зад кои стои автор со име и презиме??
     
  12. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Значи ја имам учено биохемијата од глава до пети и неможе некој да ми каже дека витаминот ц нема никаква улога има и тоа како и треба повеќе да се едуцираш пред да тврдиш нешто.
     
    На Gordana10 и feminium им се допаѓа ова.
  13. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Како што пишав погоре Витаминот Ц го има во мускулите и тоа 2/3 прочитај ги линковите,имаш се за Витамин Ц со научни студии за што служи.
    Прави колаген,врзува ткива и го подобрува имунитетот.
    Генерално се препорачува за здравјето и антиоксиданситивните својства.
    Нема никаде научни потврдени студии дека го забрзува метаболизмот,тоа е мојата дискусија.
    Metabolic Rate
    Vitamin C does many things in the body, but it can't affect your metabolic rate; there's no scientific evidence to suggest that the vitamin impacts the rate at which cells burn energy. In fact, most chemicals that increase metabolic rate do so by activating the sympathetic or "fight or flight" branch of the nervous system, as caffeine does. Such compounds temporarily increase heart rate, respiration rate and energy consumption, but the effect isn't long-lived.
    http://www.livestrong.com/article/470526-does-vitamin-c-speed-up-your-metabolism/
    Со сета почит но доктор по што?
    Има многу доктори со специјализација за нешто сосема друго,иако имаат основно познавање за нутриционизам не можат да бидат специјализирани за тоа.
    Биохемијата кажува каква е структурата и како се метаболизира во телото,а како го афектира метаболизмот и дали го убрзува тоа е сосема друга наука.
    Тоа што треба да знаеш е основа за микро-нутриентите и нивниот ефект кон метаболизмот.
     
  14. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    И јас биологијата, а баш ми е жал што ги вративме учебниците па неможам да му ги скенирам страните од учебникот како доказ дека половина од што напишал недржи вода

    Ааа да во прилогна витаминот ц и забрзувањето на метаболизмот; постои една позната диета со лимонов сок од која многумина се пофалиле-нема ли влијание витамин ц??

    StefChef: Воред за тебе не се веродостојни лекциите од доктори на науки а што е веродостоен извор на информации? некои статии како твоите за кој бај д вуеј не стои ни име и презиме
    Што ти воопшто правиш на форумов си го рекламираш сјтот таму кајшто си пишувал статии или што, можеби смешните видеа на јутуб :rofl: ;)
     
  15. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Значи тоа што стоело во учебниците пред 10 години не е валидно денес.
    Зашто е тоа така затоа што науката работи на принцип да се кршат правилата и да се истражат нови перспективи и да се тргнат старите и невалидни аргументи.
    Тоа што се учело е некоја основа за витамин Ц,има цела наука и студии што не можеш да ги порекнеш.
    Има посебна наука како што кажав за витамините и за нивниот ефект кон метаболизмот и човековото тело.
    Тоа се учи на нутриционизам,ако те интересира имаш во Велес факултет за тоа.
    А за мојот сајт да јас го промовирам,како што и другите го промовираат својот труд,нема лоша причина за тоа.
    Сепак давам бесплатен совет кој ако го прифатиш ќе имаш многу полезности.
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ако те темелиме само на извори од интернет, тогаш мојот извор го сметам за порелевантен :)
    Get C and D. Vitamin C can help you burn more fat, and D may help you lose fat, research notes. Aim for 400 to 500 mg of C and 800 mg of D a day.

    http://edition.cnn.com/2010/HEALTH/12/2 ... index.html
    Гледај Стеф, интернетот не е извор на релевантни информации, на интернет секој пишува што сака. Зборуваш за нутриционизам и 300 работи, за експерти, доктори и специјалисти. Кажи ми ви што си специјалист ти? Каде го имаш стекнато твоето знаење?
     
  17. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/19263591
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    ^ Извини Стеф, ама ова не го одговори моето прашање
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  19. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    прва грешка учебниците не се од пред 10 год сигурно ;)
    втора: девојката надмене те прашува ШТО УЧЕШЕ ТИ, НА ШТО СЕ ТЕМЕЛАТ ТВОИТЕ “СОВЕТ“ и не ги игнорирај ваквите прашање
    трета: прифати дека овде не го сметаме интернетот(статиите) за релевантен извор и наведи барем една издадена кига( па и да било пред 10000000 години)
    четврта: ако не ги прочита правилата на форумов е забрането рекламирање( гледај токму она што ти го правиш, каква случајност, м)
     
    На b.o.n.i му/ѝ се допаѓа ова.
  20. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Прво дадов линк од студии.
    Кој од релаватните артикли дадоа линк до студијата каде што ги потврдуваат фактите.
    No significant change in serum 25(OH)D was found between the intervention and control groups. Women who lost <5%, 5–9.9%, 10–14.9%, or ≥15% of baseline weight had mean increases in 25(OH)D of 2.1, 2.7, 3.3, and 7.7 ng/mL, respectively (P for trend = 0.002). Baseline vitamin D status did not modify the effect of the interventions on weight loss or body-composition changes at the 12-mo follow-up.
    http://ajcn.nutrition.org/content/94/1/95.abstract?sid=6a10a0fd-51f8-433e-9ad7-63cb6f023ea8
    И нема подобро нешто за топење на маснотии од вежбање.
    Факт!!!
    Студент сум на факултет за нутриционизам.