Јас лично секој ден скокам еве веќе една недела,скокав и порано ама прекинав и дефинитивно има резултати.Многу го затегнува стомакот,задникот и бутовите т.е. се освен рацете.Вие дали скокате,колку време во денот и колку пати во неделата. ПС- Дали знаете колку калории се трошат за половина час?
Редовно скокам,ако не секој ден,секој втор по 45 минути. За половина час незнам точно колку калории се губат но знам дека на 45 мин се согоруваат 450 калори,па сега рачунај
Немам скокано одамна на јаже... викаат дека со скокање на јаже намногу се зацрвствува задникот и мускулите на нозете
Знам дека кога бев ептен малечка 3то,4то одд почнав да скокам по цели денови на јаже, буквално, и тоа онака тогаш прв пат ми купија и интересно ми беше. И ослабев може повеќе од 7-8 кила па си имав проблеми ама тоа е друго веќе. Почнувам и јас од денес, само да најдам простор, срам ми е во двор Леле бе луѓе ова тешко било Од 10 и 50 до сега мислам дека се исцедија 3 л пот од мене. Како и да е продолжувам утре пак, ќе пробувам секој ден да го продолжувам времето. Инаку си пуштам песни, листа, на една цела скокам, на наредната пауза и се така. И прашање рипате на прсти или на цело стапало?
Си купив јаже со бројач пред 2-3 години и одкако еднаш страшно се воспалив не сум го свртела повторно. Инаку тоа е една од најефикасните вежби за слабеење и за обликување на нозете и задникот и општо за целото тело. Имам намера до го вртам пак ама никако да се наканам да почнам. Инаку калкулатор за калории може да најдете тука.
Jojoba се скока на прстињата,а не на цело стапало,бидејки мускулатурата на нозете е позатегната кога си на прсти.А и побрзи ти се скоковите. Скокам јаже на тренинг,тоа ми е дел од кондиционите тренинзи и правам околу 300-350 скокови. Инаку точно е дека е најефикасен начин на согорување калории. Голем поздрав до сите вас кои скокате. Бравоо девојки,само напред. Бидете упорни,убавиот рамен стомак и цврстите нозе ќе се појават сами.
Meне две три години јажето ми беше ’’Добро утро’’. Станувам насабајле 2-3 минути вежби и 10 минути на јаже (е сега сонлива тешко е малце) ама така секој ден и немав проблеми ни со килажа ни со метаболизам. Во текот на денот ако ми текне пак ке направам 400-500 скока. За јажето важи како и за вежбањето, подобро е да вежбаш 15 минути секој ден да ти стане рутина, отколку саат време да вежбаш првата недела и после ке се умориш ке ти помине меракот и ке забаталиш. Сега не знам зошто не сум фатила јаже со години. Кој знае и кај го имам фрлено
Браво девојки барем сега знам дека не сум сама што ден денес го користи јажето за зацврстување на нозете и задникот до сега најдобри резултати имам од скокање со јаже но веке неколку дена упорно барам да си купам ново јаже за скокање засто ова што го имам го користам речиси 6 год и почна да се поткинува,но никако да најдам убаво асално јаже сите се некако кратки дали знаете каде има каде можам да најдам добро јаже за скокање????
Јас моето го земав од тука. Го нарачав преку интернет, дечките фино лепо ми се јавија и ми понудија начини како да ми го достават (бидејќи не сум од Битола), но го земав (читај ми го земаа) директно од таму.
Јас моето си го земав од Орка 270 ден има и бројач на него и секој ден вртам по 1000 скокови.Планирам на секоја недела да додавам по 200 па да би стигнала до 3000-3500.Вие по колку вртежи правите?
Да,да од Орка земи си.. 270-300 ден. би требало да е.. А супер е инаку... И цврсто,убаво..знаеш не е детско..
Добро е да се знае дека не скокам сама ... Иначе јас сега брзо почнав па прам по 300 ... Тешко е ама се надевам дека ќе има резултати...Иначе јас сум слаба 45 кила имам ама ова мешетттоооооо многу ме нервира сакам убо да ми е затегнато па прам 3 вида на стомачни...Се скапав...И јажето помага се надевам... Поздрааав
Мене стомакот ми е рамен, ама газето малце ми е опуштено и бутчињата, па сакам да ги стегнам, а и плус вака нема да се туфкам пред секој хамбургер Јас имам едно обично јаже од кој знае кога, изгледа е детско не знам, ама дефинитивно одам деновиве да си купам такво со бројач, 300 денари не ми е многу скапо јас мислев дека се ептен поскапи. А колкава им е должината отприлика, се мести ли тоа? Затоа што јас сум ниска и ако е многу долго мислам дека ќе запнувам на секој 2-3 скок
Да да,се мести. Можеш помало да си го направиш.Не е долго,јас не запнувам,а и јас не сум толку многу висока
токму такво и ми треба да не е детско затоа што јас и не сум баш ниска 1.73 сум па налетувам на кратки јажиња фала на информацијата си ме спасила од лутања по продавници (во поход по убаво јаже)
Веќе 1 недела редовно употребувам јаже и има резлутати. Сум ослабнала 5 цм во стомакот, и 0,5 цм во нозете.
И јас од денес ќе почнам, само што велите по колку скока за почеток да правам? Ми е страв да не ги воспалам листовите
Јас кога го земав се залетав и правев 2 дена по ред по 300 и после тоа не можев да застанам на нозе, ама сериозно. Доколку не си во добра форма, почни по малку и немој секој ден. Со тек на време ќе осетиш кога ќе можеш повеќе и ќе си го зголемиш интензитетот.
^^ вчера бев супер, сега само што завршив со рипање, 600 скока направив и едвај одам по скали ми се воспалија листовите и рацете така малце, во првиот пост Ива пиша демек не е вежба за раце, дефинитивно е и за тоа. После серија од 100-150 скока и те како се осеќа напнатост и во рацете. Инаку јас планирам секој ден без разлика на воспалението, колку можам толку. Ако престанам голема е веројатноста да се улежам
Jojoba и јас исто така мислев после првиот ден и си викам можам јас, ама мене ме стегнаа нозете после вториот пат. Од еднаш пе*ер не се станува Се шалам, како мислиш дека е најдобро, така прави си.