Епа доста е аеробик цело време иста музика,исти луѓе на цедето со вежби ми се здосади и се решив за Тае Бо.
Гледам доста го фалат па се убедив и јас да почнам ама прво да се обратам тука да се допрашам зошто и не сум доволно упатена и информирана за овој вид на вежбање
Значи не сакам веднаш да го зацврстам телото!Салото се надевам ќе го снема ама нозите дефинитивно сакам да ги ослабнам уште малку само се плашам да не ги зацврстам вакви како што се после за кај сум..
Да не ми замерувате за моите прашања ама ме депримира една пријателка се трудеше да ослабне летото , трчаше на игралиште па ниту ослабна ни ништо се направи како билдер на ништо не личи нозите какви што и беа такви останаа само сега поцврсти ,абе заникаде...
Тоа и сакам да прашам,дали во обем се намалува или повеќе е на зацврстување
