Не сум била јас единствена!

пред 4-5 години трчав во влезот на зградата секој ден по 30 минути,а зошто ѕидовиде во здрагата ни се како листови сите комшии знаеа кога трчам, колку време, дали скокам скали или не

Сигурно си мислеле еве ја оваа ненормалнава, ама тогаш ми беше сеедно, бев средно и не мислев многу многу! Сега полесно ми е да стигнам до кеј (за неполни 10 мин) и да трчам по рамно.
Само знам дека тоа лето листовите на нозете ми беа најистенчени и стегнати,а и воопшто останатите мускули на нозете- најстегнати. А трчав по скали зошто секогаш бев најактивна во 13h кога надвор беше пекол топло и додека имав желба само требаше да го поминап прагот од вратата. А се знам себеси ако не станам одма во моментот после тоа шансите се многу мали

А да, по скали не паднав никогаш, ама затоа на рамно...
