Вежбање за време на меснтруација? Зошто да не може. Се разбира дека може само прави некои полсени вежби и не се заморувај премногу. Се препорачува да се прават последни вежби за да се избегне обилното крварење.
Вежбање за време на меснтруација? Ако немате обилна менструација или други проблеми (болки) слободно вежбајте. Јас само првиот ден кога ќе ми дојди не можам да вежбам, а од 2 натака, трчам, вежбам се правам и немам никакви проблеми а и плус се препорачува да се вежба за време на менструација.
Вежбање за време на меснтруација? Секаде пишува дека дури и пожелно е да се прават лесни вежби за време на менструација, сега нормално тиа што имаат болки треба да одмараат првите два дена. Јас лично скоро секогаш вежбам за време на менструација, ретко се ограничувам ако имам потреба.
Вежбање за време на меснтруација? Мене ми е втор ден,и имам пре пре пре пре ама пре многу крварење ама не ме боли стомак.. вечер ќе направам само 30 чучњеви и 50 стомачни.
Вежбање за време на меснтруација? Јас бидејќи имам обилно крварење првите два дена и големи болки не вежбам,но од вториот ден натаму си вежбам нормално како и секој ден. Сепак тоа зависи од секој човек поединечно дали можи и колку можи да вежба за време на циклусот.
Вежбање за време на меснтруација? Јас месецов интензивно вежбам, за 5-6 дена треба да добијам, обично овие денови ми се кобни со болка во јајници и бубрезите, непокретна сум, ама сега за чудо без проблем си трчам, си скокам. Мислам дека вежбањево ептен ми олеснува. Ќе видиме како ќе биде за време на циклус.
Вежбање за време на меснтруација? Мене не ми е проблем да вежбам за време на менструација, па дури и првиот ден зашто немам никакви болки. И тоа кога одев на тренинг, издржував напорни тренинзи од по 1 ипол, 2 часа и ништо не ми беше. А и велат дека е препорачливо да се вежба за време на менструација.
Вежбање за време на меснтруација? Додека сум во пмс, вежбам, не толку многу, но сепак вежбам, но за време на циклус, не можам да вежбам, тој период мирувам, бидејки самиот ми прави тегоби, не мислам на болки, туку ме тера да одмарам не ми е пријатно да вежбам за време на циклус.Сепак тоа е индивидуално, дали може да се вежба за време на циклус или не.
Никаде никој нема кажано дека не смее да се вежба за време на менструација, туку јас спротивното го знам: дека е доста здраво. Единствено зависи од тоа колку сакаш и можеш (со оглед на тоа што некој има болни менструации, со апчиња, со легање во кревет и слично). Значи ако се чувствуваш способна слободно вежбај си, па може после тоа и подобро ќе се чувствуваш.
јас тренирам секогаш,мене најчесто ме боли стомакот ама додека вежбам ја занемарувам болката и е супер само што редам 2 влошки наместо 1 (шо си е сигурно,сигурно си е)
јас сметам дека вежбањето за време на менструација не е ништо лошо па така да јас си вежам и не ги испуштам вежбите додека имам менструација.
воопшто не пречи, и на тренинг си идам со добиено мене помалку ми тече,ако ви тече повеќе едноставно ставете 2 влошки и тоа е тоа
Средно додека бев, додека вежбав поактивно (нели три пати неделно на часовите по физичко без изостанок) никогаш не дозволив менструацијата да ми биде причина за невежбање. Во принцип немам болни менструации, па секогаш си вежбав, само гледав дента да носам или поголема влошка или да се стегнам убаво.
Секогаш вежбам и тоа прв ден, колку и да ми е лошо, зашто знам како се осеќам после вежбањето-како нова Навистина, многу позитивно ми влијае вежбањето кога имам добиено, кичмата одма ми проаѓа, добивам сила и енергија. Тампон, музика, вежбање, на крајот туш и исто како да ми е последен ден
Не сум пропуштила ниту еден час по физичко, иако имам. Нема ништо лошо во вежбањето за време на циклусот, јас немам никаков проблем. Баш е убаво да вежбаш и малку да се размрдаш. Никогаш не ги пропуштам часовите по физичко или па вежбите дома кои ги вежбам