Еве некои вежби за раце:
Пеперутка
Земете две тегчиња во рацете. Застанете со нозете во широчина на колковите, со колената благо подвиткани. Наведнете се нанапред и пуштете ги рацете да висат право надолу, со дланките свртени една кон друга. Подигнете ги двете раце (без да ги виткате во лактите) нагоре, стегајќи ги плешките. Вратете се во почетната положба. Тоа е едно повторување.
Вежби за бицепси
Држете две тегчиња во рацете исправени надолу крај телото. Држете го грбот исправен и градите исфрлени нанапред. Без да ги придвижувате надлактиците, виткајте ги лактите и носете ги теговите кон градите. Потоа бавно спуштајте ги до почетната положба. Тоа е едно повторување.
Вкрстувања со тегови
Со тегчиња в раце, застанете со нозете раширени малку повеќе од колковите и со подвиткани колена. Подигнете ги тегчињата до висина на градите, со свиткани лакти и дланките свртени една кон друга. Исфрлете ја левата рака на десната страна, до мигот кога ќе дојде до широчина на десното рамо. На враќање назад, исото повторете го со десната рака. Тоа е едно повторување.
Вежба за трицепс
Легнете на грб, на клупа, држејќи две тегчиња над главата. Рацете нека Ви бидат исправени, а дланките свртени една кон друга. Без придвижување на надлактиците, виткајте ги лактите, спуштајќи ги тегчињата на двете страни од главата. Направете куса пауза, потоа полека дигнете ги тегчињата назад во почетната положба. Тоа е едно повторување.