1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возење велосипед

Дискусија во 'Фитнес' започната од queen88, 21 април 2010.

  1. sake

    sake Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Јас со велосипед немам пробано ама ќе пробам иначе јас и некои другарки трчавме и не ослабевме многу, но тоа е затоа што не внимавав на храната, но сега ќе пробам и со велосипед! :) :) и ти препорачувам повеќе вода да пиеш бидејќи во денот се бара најмалку 2 литри вода да испиеш...
     
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.878
    Допаѓања:
    19.047
    Пол:
    Женски
    Јас си возам точаче секој ден по минимум 40 минути. Дечко ми оди на работа со точак, па јас после одам со мојот точак, го пречекувам и заедно се враќаме. Сега од септември кога ке почнам на работа, ќе си одам со точак обавезно. Делува при слабеење, нормално (затоа и постојат фитнес велосипеди), но супер е и за раздвижување, а и за заштеда на пари. Како што тргнало со поскапувањето на горивата, сите ќе се преориентираат на возење точак :D
     
  3. OneHeart

    OneHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    33
    Од точак се зацврстуваат најмногу нозете. Уште од 4 години возам, а од 10 почнав да кажам ненормално возење по огромни угорници и сега листовите на нозете ми се испакнати, задникот ми беше многу цврст. Е пред 1 год го баталив оти се исплашив да не ги развијам повеќе мускулите. Од тогаш почнав да добивам огромни болки во колената и едноставно ми се намалија сите мускули освен листовите. Докторката ми препорача да си седнам повторно на велосипедт и да си го помачам га*от малку. Едвај чекам пак да си седнам на моето сакано точаче што ми беше забрането од татко ми пошто си идев дома искршена. Топло ви препорачувам велосипед ако сакате да си ги зацврстите комплетно нозете, задникот и да ви исчезнат стриите. :)
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам да запролети временцево, па да си го извадам точакот од гаража :)
    Мојот е со тенки гуми и има три брзини што не се менуваат на рачките, туку на шипката под седиштето. Кога е убаво времето секаде одам со него, многу ми е лесен и убав за возење.

    А за време на вакви дождливи и ладни периоди, го користам статичниот. Нормално, ефектот е многу подобар на него, затоа што дневната километража ја поминувам со постојано вртење и напор. А вака на обичен точак ќе те дувка ветре, ќе дојдеш и до некои удолници, или на крај краева ќе ги одмориш нозете додека точакот само си оди.
    Е на статичниов богами ќе сe запотиш и тоа како... :wasntme:
     
    На Elena69221, cresa-jagoda и anabel-a им се допаѓа ова.
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Од пролет до есен (а, на зима ако е потопло) обавезно си возам.
    Обожавам да возам во природа, можеби нема физички некој огромен ефект (освен убави листови на нозете), ама и психички многу ме одмора.
    И со пријатели кога сме, ни е многу забавно. :)
     
  6. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Ми недостига возењето со велосипед овие 3/4 години слабо возам дури и воопшто не возам :x немам време затоа :?:
     
  7. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Штом ќе видам сонце надвор добивам желба да возам велосипед, а го имам запоставено 2-3 години. Порано сама си се возев на патеката покрај Вардар и имав нозе во супер форма. Многу ме релаксираше возењето и убаво се чувствував после тоа. Нема да биде лошо да си ја вратам таа активност на редовниот распоред.
     
  8. Eci98

    Eci98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    Го обожавам возењето велосипед,особено во друштво на некој добар пријател.Лани ова лето бев многу активна во возење бидејќи имав време.Не ослабев но ги затегнам мускулите на нозете.За 2 месеци се видиливи резултатите
     
  9. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Многу сакам да возам точак ама кога ќе ми текне дека треба од стан секој ден да го симнувам и качувам некако и не ми се вози баш :D ...Ама ако летово секој ден ќе возам па рацеве нека ми паднат од тежина ако треба 8) :lol:
     
  10. EvitaPeron

    EvitaPeron Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    55
    јас обожавам да возам велосипед. Цел живот возам, дури и не знам да кажам на која возраст сум научила...тоа е, буквално цел живот возам! Дури и мојот прв подарок за мојот прв роденден е велосипед. Многу ме релаксира и ми ги оттрга негативните мисли и негативната енергија од мене! јас велосипедот и природа.....е тоа се убавини! Сега за сега уште немам почнато да возам ама едвај чекам. Некако не можам да си најдам слободно време. Првото слободно време велосипедот и да ме нема :D
    Е сега за слабеење или за мускули па и не знам баш, ама дека се троши енергија се троши, а за мускули освен добро развиени листови па и нема некој поголем ефект. Во секој случај е многу здраво и корисно барем за мене.
     
  11. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.179
    Допаѓања:
    10.786
    Пол:
    Женски
    Велосипедот ми е повеќе превозно средство отколку вежбање, но штом се стопли времето речиси секој ден сум на него. Со него одам на факс, на кафе, обврски ако имам некои избегавам да одам со автобус, и онака е 3 милиона степена во автобусиве. Додуша новиве се климатизирани, ама јас пак пре би со точакот мој ;) Минатото лето имав период од месец ипол кога одев на промоции 2 пати дневно, и секој ден возев релација Кисела Вода - Тафталиџе - Аеродром - Тафталиџе - Кисела Вода. Се чувствував полна со енергија иако бев искочена од дома од 9 сабајле до 11 вечер. Ама затоа спиев како бебе :lol: Сега колку сум улежана, не ми се симнува до пред зграда до продавница да одам :^) Едвај чекам да се среди малце времето и да си го фатам пак редот со точакот...
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Мхмм точок т.е. велосипед имам, го возев пред 3 години кога ми го купија и толку :tmi: 2 години ама ни 1 пат се немам качено на него :emo: , е сега веќе се стоплува времето па планирам да го извадам од гаража и со него да си одам на школо :clap: кент вуејт :rofl:
    таман ми е 10 минути дома-школо, ќе си поспијам поеќе :D ,е сега школо-дома е малце потешка релација :doh: , мала угорнина(можеби некои 10%) е но долга е 1,5км ;( , но барем ќе си одржувам линија 8) :)
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Иде пролет/лето,....каде и да е нека се стабилизира и уште малку да се затопли. И секој ден со точакот кастм.
     
  14. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    обожавамм да возам велосипед,лани си купив нов......и истиот ден ми го украдоа од двор :@ :@ и сега немам, можеби годинава ќе купам нов :)
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Едноставно нема ден да не го возам велосипедот.Знам дека помага за затегнување на листовите а,веќе има резултати :nod:
    Дневно еднаш или два пати возам.Бидејќи што туку започнав да го возам велосипедот сега за сега возам околу 1 час ако не и повеќе.Но,сепак напреднувам :D
     
  16. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    Знае некој колку калории се троши за еден час? :)
     
  17. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Велосипед возам 9 години без престан, пролет лето есен јас цело време возам. Сега моментално ми е распиан и дури од Среда пак ќе можам да возам, со душа чекам :inlove: Прво возам по 1 час и пополека накачувам. Сега возам по 4 часа. Од 18 па се до кај 22 но со одмори секако. Знам понекогаш и даостанам до 12 но само со друштво. Одлично е да возиш велосипед. Ем се релаксираш ем ослабнуваш и мускулите ги затегнуваш. Јас предминатото лето ослабнав многу а велосипедот. Ама возев секоја ден. Но сега поради тоа што е на попраква не можам да возам секоја ден. Ајде од Среда ќе надокнадам. ;)
     
  18. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    484
    Дали знае некој да ми каже каде се изнајмуваат точаци во Т.Ц.Бисер. Мислам на оние што ги има и на плоштад, 10 денари 1 час. Е сега знам дека има и во Бисер во Аеродром ама јас немам видено. Или сум ќора (чорава :D ) или ги имаат збутано некаде.
     
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Позади трговскиот скроз и пазарчето, на паркингот каде што е куќичката за наплата, нема шанси да ги промашиш, изнаредени се точачињата. ;)
     
    На cocopuff му/ѝ се допаѓа ова.
  20. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Доколку некој има познавање од точаци може ли да ми каже дали точациве се добри:
    И ако сте си купиле точак во последно време од кај сте го купиле, која марка е, дали сте задоволни?
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      120,8 KB
      Прегледи:
      142
    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      27,5 KB
      Прегледи:
      141