Здраво девојки ме интересира доколку вежбате некое време или сте вежбале ,за колку време се обликува телото,одам 7 месеци на аеробик 3 пати неделно и некако не можам да приметам голема разлика,немам вишок кг,само сакам да се стегнам!
Три месеци се потребни за комплетен мејковр,а за долгорочен резултат секако дека подолго. Аеробикот се џабе фрлени пари,од лично искуство.Плус три пати неделно со такви вежби,тешко. Пробај со пилатес,фитнес или јога,сто пати поголем ефект ќе имаш,плус гледај во тој период да јадеш избалансирано и плус како ќе ги комбинираш оброците.Појадувај секојдневно со тоа што ќе бидат позастапени јагленитехидрати,исто така и за ручекот,препорачливо е два часа пред вежбањето,а по вежбањето час и пол до два протеински оброк и тука да биде крајот.После 8 часот нема јадење,само чаша млака вода пред спиење.Ако ти се малку оброциве,помеѓу нив каснувај по некоја овошка или сиров зеленчук или грст апетисани. Не е важно само вежбањето,туку и начинот на исхрана за да можат мускулните влакна убаво да израснат после секој трениг (знаеш процес на создавање мускули,се кинат мускулни влакна дрн дрн дрн биологија) и да не создадат проблеми или ако ништо друго да нема посакувани ефекти. Мене ова ми го има препорачано фитнес инструктор,ама ме мрзи да се придржувам. Ако ме излажале,тогаш и јас тебе те лажам.
Е фала ти за ова обично не јадам многу така да ќе може да се придржувам на режимот (се надевам) а кај што одам на аеробик на секој тренинг прво имаме аеробик класични кардио вежби и плус пилатес за затегнување па се прилично напорни али ете не знам,можеби ќе треба да се префрлам на фитнес во секој случај фала
Zdravo devojki..... Bidejki pred godini bev aktiven sportist,a sega mi ostana samo zelbata na nekolku navarti probav da idam na aerobik,normalno razlici denovi,razlicno.Ne se pronajdov,zasto aerobikot mi e nekako sport za luge koi ne se mnogu fizicki aktivni i ko za nekoj pocetok.Jas iako so godini ne vezbav,za sreka kondicija imav,se pronajdov momentalno vo Kik boxingot.......Znaci ne ko sport da treniram i se takmicam,tuku eden trening trae 2 saati,ima mnogu razlicni i teski vezbi,so e mnogu dobro........se ide 5 pati nedelno,znaci mozes i da biras koga sakas i kolku sakas,i najubaviot moment mi e stomacnite na kraj od trening.Navistina se iscrpuvacki,ali davas od sebe onolku kolku sto smetas deka mozes......so tek na vreme taa granica se pomestuva.......bitno mi e deka vezbite se odlicni za gradeje telo,sto moze da se vidi i od deckive ....... Cenata e smesna za toa sto go dobivas, 1.000 den. Znaci ako nekoj saka da postigne nekakvi rezultati,togas preporacuvam vistinski sport,a ne vezbi koi na nekoj nacin treba da vi go zadrzat vnimanieto i da ve zabavuvaat ...... pozdrav
За да се обликува телото,треба долго време да вежбаш,значи после неколку месеци,да речам година,две.Мене ми се случува малку да повежбам,одма ке ми се прошират колковите,брзо ми се шират,да отидам еднаш на фитнес,одма,нема утка.Имав вежбано долго време,значи години и супер тело,облини ама престанав,незнам зошто,но и немаше некој разлика од тој период кога вежбав и кога не вежбав,сега почнувам полека и како што гледам па се враќам на старата форма.
и јас тренирам кик бокс и навистина има добри резултати особено поради тоа што имам повеќе кондиција.одев и на фитнес и на аеробик,но со овој спорт има поинакви и подобри резултати.сепак сакам да почнам освен со кик бокс и со јога или пилатес но за жал кај нас нема поздрав
се согласувам потполно.аеробик и фитнес мн е досадно и некако бесцелно.одев на пливање на тенис ама сакам сега нешто ново.и јас сакам на кик бокс пишете кај е што е?позз
А ако смеам да прашам каде посетуваш часови аеробик? Еве јас тренирам аеробик има години со паузи одвреме навреме но континуирано 5 или 6 години.....Нема нешто подобро за телото,зависи од инструкторот се разбира,но не се согласувам дека е бесцелно.Резултати видливи околу обликуваето на телото има после година или две ама вистински резултати .Така јас уште откога се запишав на аеробик целта ми беше или да симнам некој кг или да ја одржувам тежината ,аеробиков ми стана како дрога без која неможам и по неколку години забележав како телото дава видливи резултати ,нема нешто да виси на мене ,задникот ми е цврст и подигнат и замислете немам целулит!!!!значи вежбам од средношколка....и најтопло го препорачувам аеробикот за сите девојки ,дали да симнат килажа дали да одржат дали да се обликуваат....само треба трпение не е преку ноќ и континуирано да се вежба...А и исхраната има удел не е битно дали несакаш да ослабнеш,треба поздрав начин на исхрана со внесување на шеќери масти ништо....
Дали ќе биде аеробик, дали фитнес, дали кик бокс, дали пилатес или нешто друго воопшто не е битно. Може и обично одење, било што, било каква активност е добредојдена за нашето здравје пред се. Изгледод е битен, но побитно е од внатре. Секоја физичка активност подмладува од внатре. Секако дека со тоа ќе дојде и подобар изглед. И друга работа е важна тука - социјализација. Жените нарочито откако ќе се омажат ќе се затворат дома, ќе бидат домаќинки и деца ќе чуваат и ќе чистат... Епа драги мои мајки и сопруги, дајте ги децата неколку дена во неделата на некого да ги чува(по можношт вашиот маж), а вие посветете си го тоа време за самите себе, идите на кафе со другарките, идите во козметички салон и опуштете се со некој третман или масажа, идите трчајте на трака, идите на кик бокс удирајте во вреќа или во некого нека ви излезе нервозата, правете што сакате (се разбира, немојте нешто неморално)...
За видливи промени секако треба повеќе време поминато во вежбање, според моето искуство веќе видливи резултати има по 6 месеци редовно вежбање. Се имам пробано (освен јога), аеробикот не дека нема резултати ама мене ми е некако спор, фитнесот е ок-само што таму се работи со справи а притоа се оформуваат мускули а јас несакам да бидам мускулеста , и на крај си се пронајдов во пилатесот, бидејќи таму вежбаш со сопствената тежина и сопствен отпор и евентуално со тегчиња од по 1 кг. Таму каде што идев не беше само пилатес туку пилатес&бодиформинг, сега се токмам да почнам пак пошто прекинав извесно време и веќе ми фали таа активност
Се зависи од толку колку ти е опуштена мскулатурата, дали прв пат ќе ги активираш мускулите или и претходно си одела на вежбање и секако дали и колку имаш вишок на килограми. Моето искуство е дека јас лани ова време, започнав со фитнес вежби, но и целосна промена на исхрана додека вежбав, се со цел да се затегнам и да симнам 2 кг кои ми беа вишок- и успеав да ги симнам за 2 недели, а за само 1 месец резултатите беа видливи- требаше да одам на одмор па прекинав со вежбањето со што и резултатот ќе беше подобар, но муабетот ми е дека за еден месец променте беа каде каде видливи, мускучиња рамномерни по цело тело, стомачни целулит нула ... баш онака целосно затегната. Но јас имав подлога и основа- имав и спортувано и на балет идено- така да враќањето на мукулите во форма идеше брзо.
Сакам да се запишам на кикбокс .. но незнам каде има во Скопје гледам дека има повеќе заинтересирани девојчиња за тој спорт .. така да ако тренира некој нека пише
Млаката вода го забрзува метаболизмот и со неа полесно се исфрлаат токсините од организмот. А исто така млаката вода го намалува апетитот, па ако пиеш една чаша млака вода пред јадење, ќе предизвика помал апетит и нема да можеш да изедеш толку многу.
Да, али вишок на кг може да се свати и како мускулна маса, па така треба да се внимава на тоа. На пример јас со интензивно вежбање сум потешка од било кога.
Јас тренирав ракомет и можам да кажам дека телото се зацврстува на тој спорт многу зошто бара многу енергија,а и доста е насилен хахаха иначе само фитнес, аеробик, пилатес тоа не признавам само фитнес за затегање ама ме мрзеше да продолжам на тоа, моја грешка:/
Сакам да прашам колку време ќе треба за обликуваше на стомакот мислам за маалце да ми биде затегнат со оглед на тоа дека немам вишок килограм,ниту сало и слични работи само стомакот ми е така поднадувам и мек и сакам да го затегнам инаку имам 13 години висока сум околу 146цм и тежината ми е 38 ми требаат вежби за дома Се надевам ќе ми помогнете
Херр , јас имав проблем со стомакот но стомачните многу помагаат. Бидејќи си уште мала , започни 3-4 дена по 10-15 стомачни , и потоа секој ден накачувај ги по 5 или 10 во зависност колку можеш да издржиш. Доколку ги правиш секој ден по 1-2 пати има видливи резултати. И пиј малку јогуртче тоа е против надуван стомак, немој џваки